Програма

1
Скопје – Истанбул – Тел Авив
    Состанок на групата на Аеродром Александар Велики во 07:15 часот.Лет за Истанбул со ТК1004 во 09:20 часот.Оброк во авион. Слетување во 11:55 часот. Полетување со ТК 786 во 13:30. Оброк во авион. Слетување на аеродромот Ben Gurion во15:40 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер. Потоа се упатуваме на панорамски разглед на Тел Авив и Old Jaffa,најстарото пристаниште на Средоземјето, античкиот дел на Тел Авив каде ќе ја посетиме црквата Св.Петар и уметничкиот кварт Продолжуваме со трансфер до хотел во Витлеем. Ноќевање
2
Витлеем – Маслиновата Гора – Новиот Град – Еин Карем
    Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство во Витлеем, како и црквата Св. Катерина и пештерата на Св.Јероним. Од Маслиновата Гора ќе имаме можност за прекрасен панорамски поглед на вечниот Свет Град. Посета на Светите Олтари на Маслиновата Гора ,Оче Наш, Капелата Dominos Flavit,Гетсеманските Градини,ќе ја посетиме Базиликата на Агонијата со Гециманската Градина.Оваа базилика е попозната како Базилика на Сите Нации.Во Гециманската Градина,Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен.Посета на гробот на Мајката Божја,кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот.Спуштајќи се кон гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким,и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознело на небото.Посета на Ein Karem, живописно село родното место на Св. Јован Крстител. Враќање назад во хотел. Вечера. Ноќевање
3
Стариот Град - Планината Зион - Еврејски Кварт - Западниот Ѕид
    По појадокот, заминување на целодневна пешачка тура -прошетка низ Светиот Град, Via Dolorosa - патот на Христовото Страдание, ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота,плочата на миропомазувањето на Исус и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме,преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Вечера. Ноќевање
4
Масада – Мртво Море
    По појадокот (со спакуван багаж) се упатуваме кон Масада – искачување со жичарница на тврдината) – спектакуларна Тврдина изградена од страна на Кралот Херод а потоа ќе се упатиме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Патот го продолжуваме кон Тибериас / Назарет. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.
5
Галилеја – Светите Олтари – Табха – Гора на Блаженствата – Капернаум – Јарденит
    По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море,Езеро каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината на Блаженствата и Табха место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек –риба во традиционален ресторан (вклучен во цената). По паузата за ручек се упатуваме кон Јарденит, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел во Тибериас за вечера. Ноќевање
6
Гората Табор- Кана- Назарет
    По појадокот,ќе тргнеме кон планината Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на Преображдението.Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините.Заминување кон Кана Галилејска, каде ќе го посетиме местото каде се случило првото од трите Исусови чуда, кога Исус ја претворил водата во вино на свадбарската веселба.Продолжуваме кон Назарет,во посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија. Вечера. Ноќевање
7
Тибериас – Хаифа – Бахајските Градини – Цезареа - Тел Авив
    По појадокот со спакуван багаж заминување кон. црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св.Илија. Продолжуваме во посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел . Од таму се упатуваме кон Цезареа римски археолошки локалитет со одлично конзервираниот амфитеатар изграден од страна на Крал Ирод и ќе ги видиме хиподромот и најголемиот аквадукт во Светата Земја. Слободно време во Тел Авив до предвиденото време за заминување на аеродром.
8
Тел Авив – Истанбул – Скопје
    Лет за Истанбул со ТК 791 во 00:50, пристигнување во 03:05.Лет за за Скопје со ТК 1003 во 07:50.Пристигнување во Скопје во 08:25 часот.И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest