Регистрирани сме во времето на Југославија 1989 година, каде што потоа се регистрираме како едни од првите туристички агенции во Македонија. Во Камелија Турс, имаме една главна цел: да го направите Вашето патување едно доживотно искуство кое долго ќе го паметите, а притоа без да го надминете Вашиот буџет. Ние знаеме што е од суштинско значење за едно патување да биде совршено, затоа се обидовме сите суштински елементи кој се битни за едно патување да бидат во склоп на секоја програма почнувајќи од Европските метрополи како што се Милано,Рим, Виена,Прага,Будимпешта, Амстердам, Берлин, Барселона, Париз, Осло, Стокхлом, Истанбул Атина.Софија и многу други. Ве водиме на Грчките острови и краци, летуваме во Турција, Шпанија. Италија. Албанија, Бугарија,Монтенегро,Хрватска...За они кој што повеќе ја преферираат зиматата од топлото море ги носиме на Австриските алпи како и Копаоник, Златибор, Банско. Но имаме спремено и програми за љубителите на далечните дестинации започнувајќи од Азија ,Африка, Јужна Америка, Средна Америка и Карибите како и Северна Америка. Со нашите фасцинантни дестинации , квалитетот, искуство во својата работа, професионалност, сместувањето и нашите водичи на Вас Ви нудиме целосно уживање, задоволство и спомени од заедничките патувања кој што вечно ќе ги паметите.
Ние сме посветени на обезбедување на единствени туристички програми каде што ќе ја откриете суштината на новата култура во нивните домови. Нашите експерти патувале низ сите страни на светото за да ги пронајдат најдобрите правци и дестинации за да го минимизираат времето поминато во патување, како би можеле едноставно да уживате во патувањето. Нашите програми се направени со факулатитвни разгледи кој се наш предлог, култура, историја и индивидуални активности и Ви дава слобода и флексибилност да можете да истражувате во своја реализација за себе. Сите велат дека малите работи во животот се навистина вредни и сите нас не исполнуваат и не прават среќни, затоа ние Ви нудиме поинакви искуства за кој што ние ќе се погрижиме да Вас Ве направат среќни!
Додека секоја дестинација и регион има автентичен стил и различни стандарди за квалитет кога станува збор за сместување, ние ќе Ви го осигураме најдоброто сместување за најдобра цена.Правиме темелен процес на селекција на хотели кој ќе ги исполнат нашите строги стандарди за квалитет за патувања, комфор, удобност и автентичност. За да ја впиете и автентичната култура и начин на живот, ќе престојувате во хотели, од со 3 * и 4*, хотели со 5* кој се наоѓаат при крајбрежни места како е главните метрополи низ Светот.
Ние веруваме во тоа “не секогаш е се во дестинацијата”, веруваме дека главни фактори на патувањата за едно одлично искуство на патниците се: сместувањето, храната која што ја јадете, луѓето кој што ќе ги сретнете и нормално факултативите кој се наш предлог преку кој би ја доживеале дестинацијата на вистински начин и за едно поинакво искуство. На нашите патувања ќе ја искусите традиционалната храна на земјата која ќе ја изберете за посета, ќе ја запознаете и историско – културната страна на градот со локалните водичи кој ќе ни ја представат во вистинско светло и ќе се запознаеме со локалното население од кој што можеме да добиеме и плус информации. Тоа е она што ние го нарекуваме “вистински искуства”
Позади секој туристички аранжман, стои целиот тим на Камелија Турс каде во секој поединечно е професионалец во својот дел и со нетрпение ја очекува можноста да го сподели своето искуство со Вас. Тоа се внимателно одбрани и професионално обучени туристички водичи или лиценцирани локални водичи во секоја дестинација; не се само историски експерти кои би Ви ги покажале фактите на терен, туку можат да Ве донесат до срцето на самата култура и традиција како би доживеале незаборавно патување. Сите членови на нашиот тим се вреднувани на секое патување. Ние сме навистина горди што поседуваме тим кој е посветен на трите најважни нешта: луѓето, патувањата и нивното искуство !
Особена гордост на Камелија Турс е создавањето на одлични патувања заедно со искусни локални водичи, премиум сместување и транспорт како на ниедно друго место. Ние постојано се обидуваме да Ви понудиме прифатливи цени за сите наши аранжмани во текот на целата година, можеби нашите цени не се најниски на пазарот но ги опфаќаат сите сегменти за професионален туристички сервис. Сето ова можеме да Ви го понудиме по прифатливи цени и тоа за патник и фамилија од секаков тип и за соодветен буџет. Ние го правиме сето ова се со цел да на сите да им овозможиме да ја искусат и да ја споделат нашата љубов кон патувањето низ светот. Од туристите со кои соработуваме,коминтентите итн.. ние, како Камелија Турс очекуваме; Да ги почитуваат принципите на човекови права, Да ги почитуваат националните и меѓународни етички правила, Да ги почитуваат правилата за здравје и безбедност при работа, Да ја заштитуваат животната средина и природните ресурси, Да дејствуваат во согласност со сите национални и меѓународни регулативи во сите процеси кои ги нудат како производи и услуги, маркетинг, логистика, производство и финансиско работење како и човечки ресурси. Камелија Турс од сите наши побарувачи очекуваме не само да се придржуваат кон задолжителните барања туку да работат и во насока на нивно постојано унапредување во рамки на „Политиката за квалитет на Камелија Турс „ и ја обезбедуваме сета информациска поддршка која им е потребна на нашите патници
Камелија Турс не нуди само исклучителна можност за премиум патувања, туку се обидува да ги надмине сите очекувања во досегашните нејзини патувања што пак секако влијае во издигнување на задоволството на клиентите со секоја измината година. Убедени сме дека ваквиот успех го должиме на одличната комбинација од атрактивни патувања, квалитетно сместување, транспорт и разгледни тури од една страна, заедно со сличниот тип на патувачи, посветени туристички лидери и целокупната атмосфера од друга страна кои Камелија Турс ја заокружува во целост Како и да е Камелија Турс, не застанува тука-напротив. Континуирано со сите свои можности и ресурси со секоја измината година се обидува да се надмине себеси што би било резултат на сето тоа ?! Се разбира, задоволство и почит кај нашите патници!