Париз

Париз

Градот на светлинатаПАРИЗ

Авион /4 дена /3 ноќевања

Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната... Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер... Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија... А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам... Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж...Дизниленд во Париз е местото каде што вашите соништа на Дизни се остваруваат! Замоци, шоуа, огномет, паради и вашите омилени ликови се комбинираат за да ви овозможат прекрасно поминато време. Дизни ги возбудува сите - деца, тинејџери и возрасни!!!

попуст за ранa уплатa до 26.09:    479   / 29.700мкд

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  529  / 32.800 мкд

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.

Дете до 2 години полаќаат 4.900мкд,

дете 2-12години плаќаат 449евра во придружба на 2 ворасни лица.

Фамилии со 2 деца мора да бидат сместени во 2 двокреветни соби.

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

 

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини

Слични Понуди

Програма

1
1ден 27.11 СКОПЈЕ – ПАРИЗ – Лувр – Монмартр
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.00часот. Полетување за Париз во 06.00часот и пристигнување во Париз во 09.05часот. Организиран трансфер до хотел да се остави багажот. Пешачки разглед, првите впечатоци за Париз започнуваат од Триумфалната Капија, Елисејските полиња (Шанзелизе) каде ќе нправиме кратка пауза за кафе. Продолжуваме на плоштадот Конкорд и импресивниот Лувр. Пауза за сликање, кафе, ужина или за љубителите на уметноста препорачуваме влез во еден најпознатите музеи со светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза. Враќање во хотел со метро, сместување и слободно време за одмор. Во попладневните часови прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Слободна вечер, индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

2
2ден 28.11 ПАРИЗ – Дизниленд – Латнски кварт
    Појадок. Можност за факултативна посета (првоз со брз воз) до забавениот парк за возрасни и деца во Европа – Дизниленд, се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици… Или предлагаме прошетка до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт, паркот Луксембург, Катедралата Нотр Дам, Операта Гарние... . Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

3
3ден 29.11 ПАРИЗ – Версај – Ајфелова – Сена
    Појадок. Факултативна посета (со јавен превоз, метро) на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала... Враќање во централниот дел на Париз, пауза за одмор, ручек.

    Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Веднаш по крстарењето препорачуваме посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.
4
4ден 30.11 ПАРИЗ – Скопје
    Ран појадок. Организиран трансфер до аеродромот (околу 07.00 часот). Полетување за Скопје во 09.55, пристигнување во 12.40часот.

Цената покрива:

Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
Аеродромски такси
Организиран пешачки разглед на Париз според програмата
Сместување во Hotel Ibis Paris Clichy 17 Clichy Batignolles 3* во Париз на база 3 ноќевања со појадок.

Цената Не покрива?

  • Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Туристичка такса 1.200мкд - се плаќа во агенција
  • Карти за јавен превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 9.700мкд

Pin It on Pinterest