Сaнкт Петербург & Москва

Нова Година 2027 > Сaнкт Петербург & Москва

Сaнкт Петербург & Москва

НОВОГОДИШНА БАЈКА: САНКТ ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА

 

28.12.2026 – 04.01.2027 | 7 ноќи – 8 дена | лет од Скопје

Авионски лет: TurkishAirlines (Скопје – Истанбул – Ст Петербург | Москва – Истанбул – Скопје)

Поаѓање: 28.12.2026 во 09:15ч. (Скопје)

Пристигнување: 28.12.2026 во 23:15ч (Ст Петербург)

Сместување: 4BB во хотел со 4* во Санкт Петербург | 3BB во хотел со 4* во Москва

Услуга: 7 ноќевања со појадок

Друго вклучено: Багаж + трансфери + панорамски разгледи на 2та града + претставник од Македонија

Враќање во Скопје: 04.01.2026 во 19:45ч.

ЦАРСКА РУСИЈА

Моќна,мистична и бескрајна.Земја која ги спојува историјата, културата и духовноста во едно неповторливо доживување. Од царските палати и златните куполи, до величествените реки и раскошните музеи – секој агол открива ново лице на оваа огромна земја. Новогодишна Русија е вистинска зимска бајка – од блескавите светилки и празнично украсените улици до величествените православни храмови и магичната атмосфера што ги исполнува градовите.

 

 Санкт Петербург – со својата елеганција, романтика и уметничка душа, и Москва – со својата строга величенственост и динамичност; и, ќе ве поведат на патување низ царската историјата, уметноста и верата

 Информации САНКТ ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА

 ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 28.12.2026 – 04.01.2027

 УСЛУГИ 8 дена 7 Ноќевање со појадок / Хотели 4*

Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 1699 € / 105.338 мкд

 EARLYBOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 30.10.2026 1499€ /92.938мкд 

Доплата за еднокреветна соба 200 € / 13.020 мкд

Попуст за дете од 02-11,99 години -100 € / 6.200 мкд

Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Леглото за 3то лице може да е со помали димензии од стандардните

 

ОПИСИ НА ХОТЕЛИТЕ:

 

Санкт Петербург, Cosmos Pulkovskaya 4*

 

Се наоѓа на Московскиот проспект и има одлична метро-врска со центарот на градот. Во рамките на хотелот има ресторани:пивница со сопствена мини-пивара на познатиот бренд Paulaner и жива музика, како и јапонски ресторан со богат избор наспецијалитети. На располагање е опремен фитнес-центар со базен, сауни и можност за масажни третмани.

 

Москва, Congress Hotel Borodino 4*

 

Се наоѓа во познатиот историски дел на Москва – реонот Соколники, во поширокиот центар на градот. Во близина се наоѓаголемиот и многу популарен парк Соколники. Хотелот се наоѓа помеѓу две метро-станици – Соколники и Красноселскаја, до кои се стигнува за околу 10 минути пеш. До строгиот центар на градот и Црвениот плоштад се стигнува за околу 20–25 минути. На гостите им се на располагање ресторанот со руска и европска кујна „Кутузов“иàlcarteлобибаро„Барклај“. Во рамките на хотелот има базен, сауна, турска бања и теретана, наменети за активен одмор и релаксација. Појадокот е на шведска маса.

 

 

 

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ:

 

 

 

• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници,

 

организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.

 

• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна

 

дваесет (20) дена пред поаѓање.

 

• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други

 

објективни причини.

 

• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на

 

влезниците во локалитетите.

 

 

 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА КАМЕЛИЈА ТУРС – ТУРОПЕРАТОР

 

 

 

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И

 

Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

 

Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.

 

2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање

 

Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник;

 

Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите.

 

Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и локалните објекти кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии.Доколку на лице место пратителот или локалниот водич патниците не ги извести на време

 

Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата

 

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ членка на ЕТОА,НАТА.НАИТМ...

 

Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на  АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

 

Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 15 дена пред поаѓање.

 

Програма

1
1 ден: 28.12.2026 СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - САНКТ ПЕТЕРБУРГ
    Состанок на групата два часа пред поаѓање на аеродромот ТАВ Скопје, во 07:15 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines за Истанбул во 09:15 часот (TK1004). Пристигнувањето на аеродромот во Истанбул во 12:50 часот. Лет за Sankt Petersburg во 19:30(TK399). Пристигнување во 23:15 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2
2 ден: 29.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Петропавловска тврдина)
    Појадок. Панорамско разгледување на градот: Невски Проспект, Казанскиот Парламент, Кралскиот плоштад, Адмиралитетот, Васиљевско острово, Ермитаж, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник ... (без да се влезе во објектите). Факултативен разглед на Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петтропавловската Црква, каде се погребани сите руски императори (почнувајќи од Петар I), Историскиот музеј на Санкт Петербург, како и прочуените зандани. Слободно време. Ноќевање.
3
3 ден: 30.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Пушкин - Царско Село)
    Појадок. Факултативна програма до Пушкин - Царското Село - летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметнички предмети изработени од полускапоцени камења,
    злато, портрети на династијата Романови. По повод 300-годишнината од основањето на Санкт Петербург заврши реконструкцијата на познатата Килибарска сала, која го врати некогашниот сјај на дворецот на Екатерина. Факултативна програма на возење со руска
    тројка (во случај на поволни временски услови). Слободно време. Ноќевање.
4
4 ден: 31.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж, Дочек на Нова Година)
    Појадок. Трансфер до железничка станица. Патување за Москва околу 09.00 часот со современ воз Сапсан. Патувањето трае 3 часа и 50 минути. Панорамско разгледување на градот со автобус: центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот „Ломоносов“, Паркот на победата и други (без влегување во објектите). Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Факултативна програма: Посета на Московското метро во вечерните часови, од најубавите метро станици, 44 имаат статус на културно наследство. Наликуваат на музеи (мозаици, скулптури, мермерни столбови и портрети на националните херои). Ноќевање.
5
6 ден: 02.01.2026 МОСКВА (Кремљ, Палата на оружјето и Бородинската битка)
    Појадок. Факултативна програма: Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, Цар-ѕвоното и Цар-топот, како и Палатата на Оружјето - ризницата на царска Русија. Огромните историски и уметнички богатства на Московскиот Кремљ се собрани во една збирка, од која настанал Музејот Палатата на Оружјето, кој е под заштита на УНЕСКО. Факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската битка - посветен на војната Наполеон во 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамаата,кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Слободно време. Ноќевање.

6
7 ден: 03.01.2027 МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва)
    Појадок. Факултативна програма: Сергиев пасад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј. Попладне слободно време за одмор и индивидуални активности. Факултативна програма: Вечерен разглед на Москва по река - пловење со ексклузивниот брод - ресторан Radisson. Ноќевање.
7
8 ден: 04.01.2027 МОСКВА - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
    Појадок. Слободно време. Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines во 14:05 часот (TK418). Слетување во Истанбул во 18:05 часот. Лет за Скопје во 20:15 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:45 часот.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Санкт Петербург и Москва – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
4 ноќевања со појадок во хотел 4* во Санкт Петербург.
Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
• Трансфери според програмата.
• 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Москва.
• Панорамски разглед на Ст. Петербург со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
• Панорамски разглед на Москва со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
Воз Сапсан од Ст. Петербург до Москва (окулу 4 часа).
• Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот.
Трансфери според програмата.

Цената Не покрива?

  • • Патничко здравствено осигурување.
  • • Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
  • • Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција
  • Индивидуални барања.
  • Кремљ (и 2 православни цркви) 50еур
  • • Сергиев Имот 55еур
  • Прошетка низ Московско Метро 10еур
  • • Бородинска Битка 40еур
  • Крстарење по реката Москва 60еур
  • Палатата на оружјето 55еур Ст. Петербург
  • Ермитаж 50еур
  • • Пушкин (Царското село) *** 65еур
  • Петропавловска Тврдина 40еур
  • • Возење со руска тројка 70еур (поволни временски услови)
  • Дочек на Нова година еур За реализација на Пушкин (Царско село) ,Кремљ и Крстарење по реката Москва е потребно пријавување и плаќање со резервацијата во агенција.
  • Посета на Кремљ, Оружената палата и Бородинска Битка– со метро.
  • За пријавување и уплата на сите факултативни екскурзии однапред во агенција – 10 % ПОПУСТ (вкупна цена 380еур). (Не е вклучено возењето со руска тројка, кое, доколку се реализира, се плаќа на лице место).
  • Минимумот за реализација на излетот е 10 пријавени патници.За број на пријавени патници помал од 15, програмата ќе сереализира со јавен превоз, односно со метро (не се однесува на излетите надвор од двата града).

Pin It on Pinterest