Термин 07.12-16.12.2025
Кога ќе кажеме одмор од соништа дефинитивно помислуваме на Малдиви (Maldives)! Рајски тиркизни лагуни, бесконечни плажи од бел песок и шаренолик подводен свет е само мал дел од работите кои Малдиви ја прават совршена дестинација за уживање и релаксација. Со сигурност може да кажеме дека е домот на најфасцинантните и најегзотичните плажи на светот!
Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи . Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан.
Цена на аранжман 1749 €
Факултативни излети
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ
· ПОСЕТА НА SANDBANK (ПЕСОЧЕН НАСИП) ПРЕКУ ДЕН – НАЈЕГЗОТИЧНАТА “ПЛАЖА“ ШТО НЕКОГАШ СТЕ ЈА ВИДЕЛЕ!
· МАЛЕ CITY TOUR
· НАБЉУДУВАЊЕ НА ДЕЛФИНИ!
· НУРКАЊЕ НА КОРАЛНИОТ ГРЕБЕН BIYADHOO – ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ НА МАЛДИВИ!
· НУРКАЊЕ СО ПОДВОДНИ ЖЕЛКИ
· ВОЗЕЊЕ СО КАЈАЦИ / SUP ДАСКИ
· НУРКАЊЕ НА ЛОКАЛЕН КОРАЛЕН ГРЕБЕН (МАФУШИ)
· РОМАНТИЧНА ВЕЧЕРА НА ПЛАЖА (ПАТНИЦИТЕ СО ПОЈАДОК ДОПЛАЌААТ 14$ ПО ЛИЦЕ ЗА ВЕЧЕРАТА)
· НАБЉУДУВАЊЕ МАНТА-РАЖИ!
· ТРАДИЦИОНАЛЕН TEA CEREMONY!
Sunset Fishing
Цена: 40,00 USD
Искусете ноќен рибилов во малдивски стил, користејќи ги само рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува љубопитни патници кои и сами сакаат да учествуваат во авантурата. Прекрасен излет, незаборавна вечер и прилика да ловите риби под ѕвезденото небо на Малдиви.
Во цената на излетот е вклучено: претставник на агенцијата, организиран превоз по предвидениот план и програма, опрема за ловење, вечера од тоа што сме го уловиле послужена со ориз и салата.
Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип
Цена: 60,00 USD
За многумина ова е омилениот и најубав излет на Малдиви, па никако не треба да се пропушти. Oдиме да се дружиме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме ги видиме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање.
Во цената на излетот е вклучено: организиран превоз според предвидената програма, овошје, опрема за нуркање, локален водич и претставник од агенцијата.
Shipwreck Snorkeling & Island Getaway
Цена: 80,00 USD
Време е за авантура!!! Со брз-брод се упатуваме кон Vaavu атолот!! Започнуваме со нуркањето околу полупотонатиот брод познат како „REAL BREAK“. Бродот е опкружен со прекрасни рипчиња и шарени корали кои со текот на времето создале корален гребен околу потонатиот брод и внатре во него. По нуркањето, одиме на магичниот локален остров Thinadoo опкружен со тиркизната боја на Индискиот океан и нереална природа! Пред враќање во хотел, имаме ручек на нашиот брод среде океанот.
Discover Scuba
Цена: 75,00 USD
Дали некогаш сте посакувале да запливате во светот на рибата НЕМО? Излетот Discover Scuba ни го нуди токму тоа. Оваа PADI програма ќе ни овозможи да уживаме во прекрасниот подводен свет на Малдиви под стручен надзор на инструктор. Не е потребно претходно искуство и сесиите обично започнуваат попладне. Започнуваме со подготовка и запознавање со нашата опремата за нуркање. Потоа нѐ очекува кратка теоретска обука за безбедност и едно нуркање во траење од 30 минути на длабочина од 5-8м во придружба на стручни лица.
Во цената на излетот е вклучено: боца, маска, пераи, професионален инструктор и организиран превоз до гребенот каде што ќе нуркаме.
Островот Gulhi
Цена: 20,00 USD
Посетуваме локален остров недалеку од Маафуши со прекрасна плажа, прашкаст бел песок и незаборавен малдивски тиркиз. Плажа во која навистина ќе се заљубите! Уживаме во глетката, се качуваме на познатата водена лулашка и правиме совршени фотографии. За љубителите на морскиот живот, постои можност за нуркање и истражување на коралниот гребен!
Еднодневна посета на ресортот (Fihalhohi Island Resort).
Цена: од 115,00 USD до 145,00 USD
Еднодневна посета на еден од најубавите приватни острови на Малдиви каде ќе уживате на белата песочна плажа опкружена со кристално чистата тиркизна вода и богата зелена вегетација. Ќе ја почувствувате магијата која овој прекрасен ресорт ја нуди на своите гости. Во цената на излетот е вклучено: oрганизиран превоз по предвидениот план и програма, влез на островот, лежалка, ручек (шведска маса) и безалкохолни и алкохолни пијалоци.
Напомена: Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на "day-visitors" и достапноста зависи од “окупираноста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден "Resort Visit" како факултативен излет.
Arena Beach Hotel, Maafushi 4*
Arena Beach е дефинитивно најдобриот хотел на Мафуши, Малдиви. Сместувачки објект кој располага со двокреветни и трокреветни соби. Хотелот се наоѓа на прекрасна плажа со бел песок и тиркизна вода на океанот, сопствени лежалки - бесплатни за гостите на хотелот. Хотелот нуди и бесплатна опрема за нуркање и пешкири за плажа, достапни секој ден, за секој гостин на хотелот. На кровот на хотелот има и infinity pool достапен за гостите. Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок или појадок и вечера (полупансион).
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Сите патници мораат да пополнат и Health Travel Authorization форма на https://imuga.immigration.gov.mv/. Оваа форма се принта и се носи со Вас на аеродром.
Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени:
Општи напомени:
· При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
· Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
· Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
· Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
· За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
· Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА КАМЕЛИЈА ТУРС од СКОПЈЕ.
· Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
· Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
· Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
· Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
· Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
· Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
· Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
· Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
· Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
· Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
· Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
· Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
· Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
· Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
· Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
· Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
· За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
· Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
· Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
· Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
· Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
· За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
· Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
· Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
· Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
· Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
· Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
· Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
· Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
· Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
· Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
· Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
· Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА КАМЕЛИЈА ТУРС не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
· Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
· Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
· При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
· Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
· Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
· Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
· Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
· Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
· Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
· Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.
Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !