За нас
Регистрирани сме во времето на Југославија 1989 година, каде што потоа се регистрираме како едни од првите туристички агенции во Македонија.
Во Камелија Турс, имаме една главна цел: да го направите Вашето патување едно доживотно искуство кое долго ќе го паметите, а притоа без да го надминете Вашиот буџет. Ние знаеме што е од суштинско значење за едно патување да биде совршено, затоа се обидовме сите суштински елементи кој се битни за едно патување да бидат во склоп на секоја програма , почнувајќи од Европските метрополи како што се Милано,Рим, Виена,Чешка,Будимпешта, Амстердам, Берлин, Барселона, Париз, Осло, Стокхлом, Истанбул и многу други. Ве водиме на Грчките острови и краци, летуваме во Турција, Шпанија. Италија. Албанија, Бугарија. За они кој што повеќе ја преферираат зиматата од топлото море ги носиме на Австриските алпи како и Копаоник, Златибор, Банско. Но имаме спремено и програми за љубителите на далечните дестинации започнувајќи од Азија ,Африка, Јужна Америка, Средна Америка и Карибите како и Северна Америка. Со нашите фасцинантни дестинации , квалитетот, искуство во својата работа, професионалност, сместувањето и нашите водичи на Вас Ви нудиме целосно уживање, задоволство и спомени од заедничките патувања кој што вечно ќе ги паметите.