Тајланд Бангкок и Пукет

Далечни патувања > Тајланд Бангкок и Пукет

Тајланд Бангкок и Пукет

 

   Тајланд Бангкок и Пукет

Рута: Скопје Истанбул Бангкок Пукет Истанбул Скопје

План и програма валидни за термините: 09.10 и 21.10.2026

 

Добредојдовте во царството на зачинета и вкусна храна ТајландЗемја со најубавите плажи на светот, топли и насмеани луѓе, чии насмевки зрачат со некоја добрина, спокојство. Земја во која ноќта и денот мирисаат на живот, егзотични дождовни шуми, тиркизно сино море, урбани градови и пусти острови, племиња и модерно население… Самото име на земјата зборува за нејзината уникатност - „thai“ на тајландски значи слобода!

 

Тајландсо причина е една од најпопуларните дестинации во светот за патување и „патување кое не треба да го пропуштите во текот на животот“! Има едно правило: Можеби прв пат си тука но сигурно не и последен, кој еднаш дојде во урбаната џунгла, се враќа сигурно повторно, без исклучок зошто тоа еБангкок! Неопислив, луд, брз и привлекувакако магнет, колку повеќе му се приближуваш толку потешко ќе се отргнеш. Ако постоинешто што не смеете да го пропуштите при посетата наБангкок, тоасе спектакуларните храмови, заслепувачки од злато и без никаква дилема највпечатливите симболи на градот. Преставуваат доказ за креативноста, имагинацијата, уметноста и духовни центри на кралството!Бангкок, не го чинат само храмовите, облакодери, гужва, бучава.. Недалеку одБангкоксе наоѓа и пловечкиот пазар каде пазариме во духот на старите тајландски земјоделци со чамци низ зеленкастата вода..Оттаму одиме на најголемиот остров наТајланд-Пукет! Овој остров кој никогаш не спие е идеален за спектакуларен ноќен живот и забава до зори.Прекрасни бели песочни плажи, острови и живописна природа и едно од најегзотичните места на светот!

12 ДЕНА /  1.599 еур

Сите уплати се вршатисклучиво во денарска противредностпо курс од 62 денари за 1 евро. При пријавување се плаќаат200€ (12.400,00 МКД) по лице.Преостанатиот дел се плаќанајдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се доставискренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето),во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Доколку се пријавите какосоло патник, потребна едоплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави.Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останувакако ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Во цената на аранжманот е вклучено:

СместувањеTwin Towers Hotel 4*  https://www.thetwintowershotel.com/  и Nipa Resort 4* https://www.niparesort.com/

Превоз авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), економска класа и вклучен багаж, авио билет со сите такси на релација Истанбул - Бангкок (Turkish Airlines), економска класа и вклучен багаж, Трансфери од аеродром до сместувањето и од сместувањето до аеродром, авио билет со сите такси на релација Бангкок - Пукет, економска класа и вклучен багаж, авио билет со сите такси на релација Пукет - Истанбул (Turkish Airlines), економска класа и вклучен багаж, авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), економска класа и вклучен багаж,

Храна 10 × Континентален појадок

Во цената на аранжманот не е вклучено: Виза за Тајланд со еден влез и услуга за визирање, која изнесува 100€, Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

 

Факултативни излети Термините и цените се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

 

 

Важат општите услови на патување

 

Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.Цената на аранжманот е пресметана на минимум  18  лица Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓањеРезервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа  со нови пасоши и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.Аконтацијата се уплака: од 50% од цената. Цената е загарантирана само за целосна уплата.Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.Патникот го

потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж,локален водич,факултативите,сместување во објектот).Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети: Во случај на помал број патници (од предвидените 18 патници  не се пријават тогаш се зголемува цената  за факултативите) во зависност од тоа колку ќе се пријават цената на факултативите е подложна на промена на лице место согласно политиката на локалната Агенција или локалниот водич.Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите.Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и локалните објекти кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии.Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата. Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ-НАТА членка на ЕТОА Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на   АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.

 

 

ТА Камелија Ви посакува пријатно патување !

 

 

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден Состанок на патниците и поаѓање
    Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје до Бангкок со Turkish Airlines, со преседнување во Истанбул. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!
    Превоз Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines) и на релација Истанбул - Бангкок (Turkish Airlines) , во економска класа со вклучен багаж
    Место Скопје / Истанбул / Бангкок
2
2 Ден Пристигнување во Бангкок
    Пристигнување во Бангкок (Bangkok) во раните утрински часови. Трансфер до сместувањето. Слободно време за истражување на Бангкок. Ноќевање.
    Превоз Трансфер од аеродром до сместувањето
    Сместување Twin Towers Hotel - 1 Ноќ
    Место Бангкок
    Храна Континентален појадок × 1
3
3 Ден Факултативен излет Банког City Tour
    Започнуваме со факултативен излет и истражување на оваа фасцинантна престолнина. Ја посетуваме Кралската палата, чија изградба започнала во 1782-ра година, за време на владеењето на кралот Рама I, основач на династијата Чакри, која потоа станала резиденција на кралот. Во палатата е сместен и Храмот на Емералд Буда, најголемото светилиште на Тајланд, статуа на Буда која е врежана во зелен жад. Го посетуваме Храмот на Зората (Wat Arun), Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho) со огромна статуа во должина од 46 метри и висина 15 метри, која го претставува преминот на Буда во Нирвана.
    Сместување Twin Towers Hotel 1 ноќ
    Место Бангкок
    Храна Континентален појадок × 1
    Факултативни излети Bangkok City tour
4
Ден 4: Факултативен излет: Пловечки пазар и Train Market
    Факултативен излет – Маеклонг пазарот на железничка пруга (Maeklong Train Market) и Пловечкиот пазар (Floating market). Го посетуваме Маеклонг пазарот токму на време да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите брзо ги подигаат тезгите и тргаат сè што спречува да помине возот. Потоа возот заминува, а ние разгледуваме и купуваме најразлични овошја, зеленчук, цвеќиња… Зад не толку познатото име Дамноен Садуак стои една од најпознатите атракции на Тајланд - пловечкиот пазар. Околу 100 километри југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место низ кое поминуваат канали изградени уште во XVIII-тиот век. Во духот на старите тајландски земјоделци, бродчињата се движат низ зеленкастата вода и полека се приближуваат со своите разнолики понуди. Бабички со сламени шешири со широка насмевка нудат најразлични јадења, слатки и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотици години. Ноќевање.
    Сместување Twin Towers Hotel 1 ноќ
    Место Бангкок
    Храна Континентален појадок × 1
    Факултативни излети Пловечки пазар и Train Market
5
Ден 5: Пристигнување на Пукет (Phuket)
    Трансфер до аеродромот и лет за Пукет (Phuket). По пристигнувањето, трансфер до сместувањето. Пукет е најголемиот и најпознат тајландски остров. Капењето, масажите, преубавите плажи, белиот песок, тиркизното топло море, феноменалните зајдисонца и островите кои се во непосредна близина, ќе направат да се чувствувате како во рајот. Време резервирано исклучиво за уживање! Несекојдневен ноќен живот и сцени како од најлудите филмови!
    Превоз Трансфер од сместувањето до аеродром. Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Пукет, економска класа - вклучен багаж. Трансфер од аеродром до сместување
    Сместување Nipa Resort 1 ноќ
    Место Бангкок и Пукет
    Храна Континентален појадок × 1
6
Ден 6: Факултативен излет - Разгледување на Пукет
    Слободен ден или Факултативен излет разгледување на градот Пукет (Phuket town). Стариот дел е главно обележје на градот Пукет. Во овој дел на може да се видат светилишта, храмови (будистички и кинески), украсени и добро сочувани продавници, интересни кафулиња и ресторани, но и разни музеи, па дури и мала улица на црвените фенери. Со оглед на тоа дека островот Пукет е богат со извори на калај, тој низ историјата бил многу интересен за многу морепловци. Од тој период останале импресивни кинеско - колонијални палати. Тука е и локалниот маркет кој ќе го посетиме и на кој може да се најде за секого по нешто.
    Сместување Nipa Resort 1 ноќ
    Место Пукет
    Храна Континентален појадок × 1
    Факултативни излети Разгледување на градот Пукет
7
Ден 7: Факултативен излет - Островот Пи Пи (Koh Phi Phi)
    Факултативен излет на островот Пи Пи (Koh Phi Phi) каде е сниман филмот “The Beach”. Егзотични пејсажи кои потполно ќе ве остават без здив. Ноќевање.
    Сместување Nipa Resort 1 ноќ
    Место Пукет
    Храна Континентален појадок × 1
    Факултативни излети Островите Пи Пи (Koh Phi Phi), Maya Bay и Коh Khai
8
Ден 8: Факултативен излет - Островот Џејмс Бонд
    Ова островче е дел од архипелагот на помали варовнички острови – карпи, кои се издигнуваат од морето и во кои се скриени пештери богати со сталактити и сталагмити. После ова неверојатно искуство се враќаме кон сместувањето и уживаме во остатокот на вечерта. Ноќевање.
    Сместување Nipa Resort 1 ноќ
    Место Пукет
    Храна Континентален појадок × 1
    Факултативни излети James Bond островот и Нака Јаи
9
Ден 9: Факултативен излет - Similan Islands
    Одиме на целодневна авантура на чудесниот архипелаг во Андаманското Море.. Главниот дел од архипелагот се состои од 9 острови, а ние ќе посетиме 2 или 3. Островот 1, Кох Ху Јонг, е познат по своите неверојатни карпести формации кои се протегаат од врвот на ридот до плажата и морето. Често Симилските острови се споредуваат со Сејшели заради ови карпи и чиста тиркизна вода. Погледот од карпите е прекрасен - кристално чиста тиркизна вода во необично убав залив. Пред нас е ден исполнет со прекрасни корали, корални гребени каде што ќе нуркаме, а околу нас често пливаат желки. Вечерта се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
    Сместување Nipa Resort 1 ноќ
    Место Пукет
    Храна Континентален појадок × 1
    Факултативни излети Similan Islands
10
Ден 10: Факултативен излет -- Капење со слонови и плажата Naiharn
    Ден за авантура! Едно од најубавите и најзабавните искуства во животот! Се капеме, уживаме и си играме со слончињата. Ќе поминеме време со слоновите во вода или на плажа или и двете. Тоа е прекрасно искуство за создавање спомени кои никогаш нема да ги заборавите! Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на Пукет – Naiharn! Ноќевање.
    Сместување Nipa Resort 1 ноќ
    Место Пукет
    Храна Континентален појадок × 1
    Факултативни излети Капење со слонови и плажата Naiharn
11
Ден 11: Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром
    По појадок, го напуштаме нашето сместување во Пукет. Трансфер до аеродром. Лет од Пукет до Истанбул.
    Превоз Трансфер од сместување до аеродром. Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пукет - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
    Место Пукет (Phuket) и Истанбул
    Храна Континентален појадок × 1
12
Ден 12: Враќање и крај на патувањето
    Во раните утрински часови слетуваме на аеродромот во Скопје, крај на нашата авантура.
    Превоз Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
    Место Скопје
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest