НОВОГОДИШНА БАЈКА: САНКТ ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА
28.12.2026 – 04.01.2027 | 7 ноќи – 8 дена | лет од Скопје
Авионски лет: TurkishAirlines (Скопје – Истанбул – Ст Петербург | Москва – Истанбул – Скопје)
Поаѓање: 28.12.2026 во 09:15ч. (Скопје)
Пристигнување: 28.12.2026 во 23:15ч (Ст Петербург)
Сместување: 4BB во хотел со 4* во Санкт Петербург | 3BB во хотел со 4* во Москва
Услуга: 7 ноќевања со појадок
Друго вклучено: Багаж + трансфери + панорамски разгледи на 2та града + претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 04.01.2026 во 19:45ч.
ЦАРСКА РУСИЈА
Моќна,мистична и бескрајна.Земја која ги спојува историјата, културата и духовноста во едно неповторливо доживување. Од царските палати и златните куполи, до величествените реки и раскошните музеи – секој агол открива ново лице на оваа огромна земја. Новогодишна Русија е вистинска зимска бајка – од блескавите светилки и празнично украсените улици до величествените православни храмови и магичната атмосфера што ги исполнува градовите.
Санкт Петербург – со својата елеганција, романтика и уметничка душа, и Москва – со својата строга величенственост и динамичност; и, ќе ве поведат на патување низ царската историјата, уметноста и верата
Информации САНКТ ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 28.12.2026 – 04.01.2027
УСЛУГИ 8 дена 7 Ноќевање со појадок / Хотели 4*
Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 1699 € / 105.338 мкд
EARLYBOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 30.10.2026 1499€ /92.938мкд
Доплата за еднокреветна соба 200 € / 13.020 мкд
Попуст за дете од 02-11,99 години -100 € / 6.200 мкд
Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Леглото за 3то лице може да е со помали димензии од стандардните
ОПИСИ НА ХОТЕЛИТЕ:
Санкт Петербург, Cosmos Pulkovskaya 4*
Се наоѓа на Московскиот проспект и има одлична метро-врска со центарот на градот. Во рамките на хотелот има ресторани:пивница со сопствена мини-пивара на познатиот бренд Paulaner и жива музика, како и јапонски ресторан со богат избор наспецијалитети. На располагање е опремен фитнес-центар со базен, сауни и можност за масажни третмани.
Москва, Congress Hotel Borodino 4*
Се наоѓа во познатиот историски дел на Москва – реонот Соколники, во поширокиот центар на градот. Во близина се наоѓаголемиот и многу популарен парк Соколники. Хотелот се наоѓа помеѓу две метро-станици – Соколники и Красноселскаја, до кои се стигнува за околу 10 минути пеш. До строгиот центар на градот и Црвениот плоштад се стигнува за околу 20–25 минути. На гостите им се на располагање ресторанот со руска и европска кујна „Кутузов“иàlcarteлобибаро„Барклај“. Во рамките на хотелот има базен, сауна, турска бања и теретана, наменети за активен одмор и релаксација. Појадокот е на шведска маса.
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ:
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници,
организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна
дваесет (20) дена пред поаѓање.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други
објективни причини.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на
влезниците во локалитетите.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА КАМЕЛИЈА ТУРС – ТУРОПЕРАТОР
В А Ж Н И И Н Ф О Р М А Ц И И
Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање
Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник;
Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите.
Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и локалните објекти кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии.Доколку на лице место пратителот или локалниот водич патниците не ги извести на време
Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата
Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ членка на ЕТОА,НАТА.НАИТМ...
Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.
Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 15 дена пред поаѓање.