Амулијани е мало грчко островче помеѓу Ситонија и Атос идеално за опуштачки годишен одмор. До таму може да стигнете со автомобил или со траект од Солун, од каде возењето трае од 15 до 30 минути.Амулијани е единственото населено островче на Халкидики со 600 постојани жители. Како што очекувате, со толку малку луѓе, природата е буквално недопрена, па Амулијани важи за рај на земјата кога се работи за златни, песочни плажи и кристално чисто море.