Вила Литца - Неа Флогита

Лето 2025 > Грција > Касандра (l крак) > Неа Флогита > Вила Литца - Неа Флогита

Вила Литца - Неа Флогита

              ВИЛА ЛИТЦА – НЕА ФЛОГИТА,КАСАНДРА ЛЕТО 2026

Вила  Litcaе лоцирана во центарот на Неа Флогита, на околу 70 метри од плажата. Вилата располага со приземје и три ката. Апартманот е на трет кат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет, купатило, дневна соба со два единечни кревети и софа (тросет) на пуштање во истата просторија е кујната (опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ.

GPS координати : 40.258538, 23.215667

Цени за наем на апартман

Термини

Бр. ноќевања

1/5 апартман

23.05.2026

7

140

30.05.2026

7

205

06.06.2026

7

310

13.06.2026

7

410

20.06.2026

7

470

27.06.2026

7

520

04.07.2026

7

620

11.07.2026

7

670

18.07.2026

7

670

25.07.2026

7

690

01.08.2026

7

690

08.08.2026

7

670

15.08.2026

7

670

22.08.2026

7

620

29.08.2026

7

520

05.09.2026

7

420

12.09.2026

7

320

19.09.2026

7

200

 

         Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.                            

         За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

      3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)

      За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)

      Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

Услови под кои важи аранжманот

         Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

         Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата

         Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената

         За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

         Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

         Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

            За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

         Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

         Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.  Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

         Туристичката агенција не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда

         Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети наLastMinuteпонуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

         Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените на самата агенција.

 НАПОМЕНА

Важат општите услови на патување на Т.А. Камелија Турс Тур –Оператор. Побарајте програма при уплата на аранжман се уплаќа 30% за автобуска -50% авионска, преостанатиот износ од цената на аранжманот се доплаќа 10 дена пред поаѓање независно дали програмата е авионска, автобуска, бродска, индивидуално или групно патување. Секоја програма е креирана према условите на давателот на крајната услуга

Побарајте патничко осигурување и договор за патување. Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Во готово – авансно кредитни картици, вирманско плаќање. Патникот го   потпишува Договор пријава за патување и е согласен истиот Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена на возниот и воздушниот собраќај,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл..

Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на сместувачкиот капацитет/објект,превоз како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барање на нова услуга да се информира кај преставник,водич доколку има. Доколку нема патникот треба по писмен пат  на мел да ја извести агенцијата  за настанта ситуација, нашите агенти љубазно ќе Ви одговорат.

Доколку патникот е незадоволен треба да се обрати од 2 -5 дена по завршувањето на услугата по писмен пат мел да се обрати до матичната АГ. Се замолуваат патниците на време да бидат на појдовното место.Агентите 2 дена пред тргнување ќе го известат носителот на пријавата на  договорот  што го потписале во агенцијата останатите патници кои се запишани на самиот договор должни се да се информираат лично за  ИНФО Опции на плакање преку синдикати и работни организации со посебни договори.

Носител на овој програм е Камелија Турс или ко -организатор.Нашите агенти при избршување на уплата ќе ги известат за сите додатни информации на барање на патникот.Информирајте се во Агенцијата за пасошот и визата за граѓаните на РСМ-, како и за здравствените формалности неопходни за патувањето.

Во делот на новата настаната ситуација за информации од јавен карактер известување за патници што влегуваат во ЕУ секој патник треба да се информира преку јавните гласили и портали за пополнување на електронска апликација.Информациите се преземени од Јавни гласила.Агенцијата нема одговорност.

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса  Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции Лиценца издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа

 

ТА КАМЕЛИЈА ТУРС ТУР ОПЕРАТОР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ И ПРИЈАТЕН ОДМОР

 

 

Слични Понуди

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest