Хотел “Молика” претставува бисер на Пелистер, едно од ретките места каде човек може да ја почувствува недопрената природа и да се одмори од секојдневието Хотелот се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Неговата местополжба му овозможува поглед на градот Битола и неговата околина. Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки.
Цена на аранжманот: 3.200,00 денари
Содржина на хотелот: www.hotelmolika.com.mk
Хотелот ,,Молика во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Сместен е на 1420 м надморска висина во срцето на Националниот парк Пелистер.Располага со 57 соби ( апартмани,1/3 соби и 1/2 соби со детски лежај и соби со француски лежај.)Во склоп на хотелот работи и ресторан со летна бавча со капацитет од 200 седишта, 2 семинарски сали. Во приземјето на хотелот сместени се рецепцијата, аперитив барот, дневниот престој, банкет салата и ресторанот.Исто така хотелот располага со клуб за разонода (библиотека, видеотека, шах, карти и сл.) детско катче како и просторија за чување на ски опрема.
Напомена:
- Програмата е за индивидуални патници
-Цената е подложна на промени
-Пакетот не важи за време на празници
- Постои опција за организиран превоз минимум 16 патника.
- За Вашиот баран термин резервацијата е потребна минимум 10 дена пред започнување на услугата
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- Важат Општите услови на Т.А. Камелија Турс-Туроператор со лиценца-А членка на СКТМ