>

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден 05.04.2024 СКОПЈЕ - ПРАГА
    Состанок на групата во договорено време и заминување кон Меѓународен аеродром Скопје. Полетување кон Виена во 04:25 часот. Слетување во 06:00 часот во Виена. Полетување од Виена 09:45 часот, слетување во 10:45 часот во Прага. Заминување кон центарот на Прага и разглед на градот со водич: Старо место, Карлов мост, Плоштадот на Малтешките витези, Споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Астономскиот часовник-Орлој, Градската куќа, Споменикот на Јан Хус, Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито... Сместување во хотел. Слободни активности. Можност за ноќна индивидуална прошетка во Прага. Ноќевање.
2
2 Ден 06.04.2024 ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ - ПРАГА
    Појадок. По појадокот заминување кон Бањскиот центар Карлови Вари со водич, каде што можете да го поминете денот во прекрасната и најпозната бања во Средна Европа-Кралови Вари, место каде престојувале многу европски владетели, врвни сликари, поети. Наша препорака е да се напиете кафе покра ј реката В’лтава. Посета на Бањата на 12те извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка... и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче. Слободни активности до пред тргнување. Враѓање во Прага. Ноќевање.
3
3 Ден 07.04.2024 ПРАГА – СКОПЈЕ
    Појадок. По појадокот одјава од хотелот. До времето пред заминување кон аеродромот во 13:30 часот слободни активности или факултативнa можност за Крстарење по В’лтава. Тргнување од Прага, трансфер до аеродром и полетување кон Виена во 16:45 часот,слетување во Виена во 17:35 часот. Од Виена авионскиот лет е во 22:45 часот, а слетувањето во Скопје е на полноќ.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest