Колумбија

Далечни патувања > Колумбија

Колумбија

 

КОЛУМБИЈА – МЕДЕЛИН (25.11 – 04.12.2025)

  • Траење: 10 дена (7 ноќевања во Колумбија + 2 ноќевања во Мадрид)
  • Aвантуристичка тура со CamelliaTourOperator
  • Цена: 2.500 евра по лице (во двокреветна соба)
  • Сместување: Хотел 4илиприватнавиласобазен

Пријавување со 30% депозит најдоцна до 22.10.2025 


Програма

1
Ден 1 – 25.11 | Скопје – Мадрид
    Заминување од Скопје со лет за Мадрид. Пристигнување во главниот град на Шпанија Слободно време за одмор, прошетка низ центарот, вкус на тапас и шпанска атмосфера. Ноќевање во хотел близина на аеродромот во Мадрид.
2
Ден 2 – 26.11 | Мадрид – Меделин
    Попладневен лет за Меделин. Пристигнување во вечерните часови во Меделин.
    Трансфер до Хотел/Вила совршен за првиот коктел и релакс по долгиот лет.
    Можност за вечера во El Poblado, најпознатата област за ресторани, коктел барови и ноќен живот во Меделин.
    Ноќевање во Меделин.
3
Ден 3 - 27.11 | Екскурзија до Гуатапе и Ел Пенол
    Појадок и опционален целодневен излет до шареното гратче Гуатапе, познато по шарените фасади и прекрасното езеро.
    Посета на El Peñol Rock – монолит од кој се гледа неверојатен поглед на околината (околу 700 скали, но погледот вреди секој чекор).
    Потоа, пловење со катамаран или чамец по езерото – релаксирачко попладне со музика и пијалак.
    Враќање во Меделин и ноќевање.
4
Ден 4 – 28.11 | Меделин – Пабло Ескобар тура и Комуна 13
    Појадок, опционална посета посветена на контроверзното минато на градот:
    Посета на куќата/музеј на Роберто Ескобар, каде што ќе ја слушнете приказната од прва рака. Можно е да се фотографирате со него доколку е присутен.
    Посета на Comuna 13, некогаш опасен дел од градот, а денес симбол на новиот живот на Меделин – улици полни со графити, уметност, музика и енергија..
    Враќање во Меделин и ноќевање.
5
Ден 5 – 29.11 | Ден за релакс и авантура
    Слободен ден – можност за избор на индивидуални прошетки:
    • Посета на Парк Арви со жичара и прошетка низ природа,
    • Екстремен ден – параглајдинг над Меделин,
    • Едноставно релаксирање покрај базен со музика и добри коктели и храна.
    Вечерта препорачуваме заедничка вечера во Carmen – еден од најдобрите ресторани во градот.
    Ноќевање во Меделин.
6
Ден 6 30.11:–Авантура во природа
    Предлагаме опционална ATV тура, zipline или посета на кафе плантажа во околината на Меделин.
    Попладне време за одмор и шопинг. Вечерна прошетка низ Park Lleras со жива музика и урбана атмосфера. Ноќевање во Меделин
7
Ден 7 – 01.12: Култура & кафе искуство
    Предлагаме индивидуална посета на Plaza Botero со прочуените скулптури на уметникот Фернандо Ботеро.
    Кафе пауза во една од најубавите кафулиња во градот со локално кафе од Антиокија.
    Попладне: слободно време.
    Ноќевање во Меделин.
8
Ден 8 – 02.12: Ден за релаксација
    По неколку активни денови – ден само за уживање.
    Опција за спа третман, масажи или едноставно релакс покрај базен со коктели и добра храна.
    Вечер: street food tour со локални специјалитети и дегустација на тропски коктели
9
Ден 9 – 03.12: МЕДЕЛИН → МАДРИД
    Појадок и трансфер до аеродромот.
    Лет за Мадрид и ноќевање во хотел во близина на аеродромот
10
Ден 10 – 04.12 | Мадрид – Скопје
    Појадок. Индивидуални активности во Мадрид. Вечерен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во доцните часови

Видео

Цената покрива:

Повратен авионски билет (Скопје–Мадрид–Меделин-Maдрид-Скопје)
Организација и логистика од Camellia Tour Operator
Сместување во хотел 4★ или приватна вила со базен во Меделин
Придружник од агенцијата
Сместување во хотел 4★ во Мадрид (близина на аеродром)
Трансфери од аеродром до Хотел/Вила - аеродром

Цената Не покрива?

  • Сите екскрузии наведени под опционални активности
  • Патничко осигурување
  • Оброци кои не се наведени
  • Лични трошоци
  • Екскурзија до Гуатапе и Ел Пенол (ден 3)
  • Пабло Ескобар тура и Комуна 13 (ден 4)
  • Авантура во природа (ден 6)

Pin It on Pinterest