Будва и Дубровник

Есенски патувања 2026 > Будва и Дубровник

Будва и Дубровник

БУДВА И ДУБРОВНИК

23.10. -  25.10.2026


Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.

РЕДОВНА ЦЕНА: 119 € / 7.380 мкд
ПРОМО ЦЕНА : 99 € / 6.140 мкд



НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањет
o.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
- Агенцијата го задржува правото по пат на
ultrafirst или lastminute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или
Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ .членка на ЕТОА

Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси  

АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции.

Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

 

Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

 

 

Слични Понуди

Програма

1
ПРВ ДЕН - 22.10.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ
    Состанок на групата во 22:00 часот пред хотел Русија ( Скопје). Заминување за Црна Гора во 22:30 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на аранжманот.
2
ВТОР ДЕН - 23.10.2026 (ПЕТОК) ОСТРОГ - БУДВА
    Пристигнување на Острог во раните утрински часови. Сместен во карпа, издигнат над шума, на 900 метри надморска височина е домот на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпосетуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетители од сите религии и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва. Разглед на градот со локален водич.Сместување во апартманите Слободно време за одмор. Ноќевање.
3
ТРЕТ ДЕН - 24.10.2026 (САБОТА) БУДВА - ДУБРОВНИК
    Можност за факултативна посета на Дубровник, кој претставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море… Слободно време за капење или истражување на градот. Враќање кон Будва. Посета на некој паб или клуб во Будва. За влез во Хрватска потребен е пасош. Ноќевање.
4
ПОСЛЕДЕН ДЕН - 25.10.2026 (НЕДЕЛА) БУДВА - ТИВАТ - КОТОР - СКОПЈЕ
    Првото место што се посетува е местото Котор, каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек каде подоцна не очекува крстарење со глисери по Бока Которска. Ова крстарење е доста атрактивно, а првото место што ќе го посетиме е островот GOSPA OD SKRPELJA. Што е специфично за овој остров? Госпа од Шкрпјела е вештачки остров изграден на крајот на 15 век каде, барем според традицијата, браќата Моршиќи на 22 јули пронашле икона на Пресвета Богородица на карпа во заливот Рисан Перастчани решиле на тоа место да изградат Римокатоличка црква.храм на Богородица. Околу карпата биле фрлани камења и била изградена мала капела Секоја година на зајдисонце на 22 јули, се случува настан наречен фашинада на локалниот дијалект, кога локалните жители ги земаат своите чамци и фрлаат камења во морето, проширувајќи ја површината на островот. Ексурзијата продолжува кон Перат, мал град на црногорското крајбрежје на Јадранското Море. Познат е по живописното опкружување и богатото културно наследство и се наоѓа во Бока Которска. Како и претходните атракции споменати досега, ова место е дом на историски градби, вклучувајќи ја црквата Свети Ѓорѓи од 16 век. По посетата на Пераст групата се упатува кон Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. По прошетката заминување кон Македонија а попатно се земаат патниците кои не одат на овој факултативен излет. Пристигнување во Македонија после полноќ на 26.10.2026 - Понеделник.
    Сами сте, сакате да патувате а не Ви се надоместува за еднокреветна соба? Нашиот Staff го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ние Ве спојуваме со непозната личност, што значи тоа? Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста пред да одите на патување што исто така има уплатено за турата и патувате заедно. Нашата цел е да ги споиме патниците, да Ве ослободиме од надомест за еднокреветна соба и правиме можност да запознаете нова личност и секако ново пријателство. Доколку сакате да патувате сами, си доплаќате за еднокреветна соба.

Цената покрива:

- Туристички придружник за време на целото патување
Автобуски превоз
2 ноќевања во приватни апартмани
Посета на Острог
- Разглед на Будва

Цената Не покрива?

  • - Патничко осигурување (се вади во агенција)
  • Туристичка такса за Будва и Острог 5€ од лице. Се плаќа задолжително од лице во автобус
  • Факултативен излет до Тиват, Котор и крстарење по Бока Которска – 40€ (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
  • - Факултативен излет до Дубровник – 40€ (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба- 50е + од сумата на аранжманот
  • - Деца до 2.99г. во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло) -Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума ( добиваат попуст само на факултативите)

Pin It on Pinterest