Врњачка Бања Нова Година

Нова Година 2027 > Врњачка Бања Нова Година

Врњачка Бања Нова Година

НОВА ГОДИНА ВО ВРЊАЧКА БАЊА

30.12.2026 – 02.01.2027

Врњачка Бања е едно од најпознатите бањски и туристички места во централна Србија. Сместена во долината на реката Западна Морава, таа е меѓу најстарите и најпосетуваните бањи во регионот.Позната е по своите лековити минерални извори кои се користат за лекување, рехабилитација и релаксација. Градот располага со прекрасно уредени паркови, долги шеталишта, современи хотели и спа центри, што го прави привлечна дестинација во текот на целата година. Особено е познат по „Мостот на љубовта“, каде што вљубените парови оставаат катанци како симбол на вечна љубов. За новогодишните празници, Врњачка Бања нуди прекрасна атмосфера, концерти на отворено, богата забавна програма и вистинска зимска магија, што ја прави идеално место за незаборавен дочек на Новата година.

 Термин ►

30.12.2026 - 02.01.2027

        Редовна цена

285 

 

 

 

Услови за деца: Деца до 6 години не плаќаат сместување доколку се во придружба на 2 возрасни лица, деца од 6 до 11 години плаќаат 50% од цената, исто така во придружба на две возрасни лица.

Во делот на актуелните случувања во светот е  зголемената загриженост кај дел од патниците, во последниот период забележуваме зголемен интерес за информации поврзани со евентуален отказ на резервации од нашата, пролетна, летна, есенска и зимска програма  2026-2027 година за индивидуални патувања, групни патувања, автобуски и авионски програми Со потпишување на Договорот–Пријава за патување, помеѓу: Т.А КАМЕЛИЈА ТУРС ДООЕЛ Лиценца А Бр:202, ПАТУВАЊЕ: Т.А КАМЕЛИЈА ТУРС ДООЕЛ и АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 Посебни услови за осигурување од одговорност на туристички агенции и Клиент- Договорувач на патувањето или носител на пријава Патникот потврдува дека е целосно запознаен со програмата на патувањето, Општите услови за патување и отказната политика на агенцијата и дека истите ги прифаќа во целост. Сите евентуални барања за отказ, измена или рефундација ќе се разгледуваат исклучиво согласно одредбите од потпишаниот договор, важечките Општи услови и релевантните законски прописи. Агенцијата не може да превземе обврска за рефундација или ослободување од договорни обврски во случаи кога не постојат официјално прогласени неизбежни и вонредни околности на самата дестинација, потврдени од надлежни институции. Повикувајќи се на  известувањето до патниците со член 933 од Законот за облигациони односи на РСМ кој го регулираат Договор за реализирано патрување (Туристички аранжмани) кој е составен дел од овој ДОГОВОР - ПРИЈАВА ЗА ПАТУВАЊЕ. Во случај на нови настанати моменти Агенцијата благовремено ќе ги извести своите патници по писмен пат. Со цел да излеземе во пресрет на нашите и вашите клиенти, во случај патниците да одлучат да го откажат веќе резервираното патување, организаторот, согласно расположливите можности и условите на понудата, може да понуди алтернативно решение, наместо целосно откажување на аранжманот, и тоа:Промена на терминот за истата дестинација; Промена на дестинација во рамките на актуелната понуда на организаторот. Организаторот го задржува правото да ја одобри или одбие предложената промена, во зависност од расположливоста и условите на давателите на услуги.Во случај на промена на безбедносната состојба што би влијаела врз реализацијата на аранжманот, агенцијата ќе постапи согласно законските прописи, имајќи ја предвид заштитата на патниците и договорните обврски кон добавувачите.За сите прашања, странките се должни да постапуваат во добра деловна волја, а евентуалните спорови ќе се решаваат согласно важечките прописи на Република Северна Македонија пред надлежен суд.Овој договор јасно упатува на постапување во вонредни или друг вид на ситуации и го ограничува ризикот од притисок за целосна рефундација.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА КАМЕЛИЈА ТУРС ТУРОПЕРАТОР. ПРИ УПЛАТА ПОБАРАЈТЕ ДОГОВОР – ПРИЈАВА ЗА ПАТУВАЊЕ СО ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕТО-СКТМ НАТА

Програма

1
30.12.2026 СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА
    Состанок на групата пред Дрво Декор во 07:30 часот. Поаѓање кон Врњачка Бања во 08:00 часот, со попатни паузи по потреба. Пристигнување и сместување во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и запознавање со туристичкото место. Вечера. Ноќевање
2
31.12.2026 ВРЊАЧКА БАЊА
    Појадок По појадокот, слободно време за индивидуални активности и користење на содржините на хотелот. Доцен Ручек со вклучени домашни пијалок (локални ракија и вино и сокови) во периодот од 15:00 до 17:00 часот.Слободно време. Во вечерните часови индивидуално ќе имаат можност да присуствуваат на традиционалната новогодишна програма која секоја година се организира на градскиот плоштад, со богата музичка програма и празнична атмосфера со пречек на Новата 2027 година. Ноќевање
3
01.01.2027 ВРЊАЧКА БАЊА
    Доцен појадок до 12:00 часот. Можност за користење на Wellness програмата што го нуди овој хотел и Вклучува: Финска сауна, Ароматичен туш, Инфрацрвена кабина, Релакс тепидариум,Солена соба за целосен детокс. Слободно време за индивидуални активности. Вечера со вклучен домашен пијалок по избор (вино, ракија или сок). Ноќевање
4
02.01.2027 ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
    Појадок По појадокот, одјава од хотелот и заминување кон Скопје со попатни паузи по потреба.Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената покрива:

Автобуски превоз на наведена релација
Организација и водство
Пратител на патувањето
Три полупансиони (појадок и вечера) на база на шведска маса
Доцен Ручек на 31.12.2026
Вклучен еден влез во Аква парк Врњачке Терме. Гостите избираат ден по сопствена желба може да ги користат сите базени на Аква Паркот со топла вода кои се наоѓа во непосредна близина на хотелот.
Вклучен еден влез во Аква парк Врњачке Терме. Гостите избираат ден по сопствена желба може да ги користат сите базени на Аква Паркот со топла вода кои се наоѓа во непосредна близина на хотелот.
Доцен Појадок на 01.01.2027

Цената Не покрива?

  • Туристичка такса се плаќа на рецепција 1.5 € од ноќевање.
  • Патничко осигурување – 5 €

Pin It on Pinterest