Вила Партенис - Пефкохори

Лето 2024 > Грција > Касандра (l крак) > Пефкохори > Вила Партенис - Пефкохори

Вила Партенис - Пефкохори

ВИЛА ПАРТЕНИС –ПЕФКОХОРИ, ЛЕТО 2024

На околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања.

Вила Партенис се наоѓа на околу 120 метри од плажа веднаш до супермаркетот Масутис. Комплексот располага со прекрасно уреден двор со скара и туш. Секој апартман има балкон, комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi од 01 Јуни.

Апартман бр. В1 – Се наоѓа на приземје со голема тераса со поглед кон двор. Располага со два единечни кревети во спална и два единечни кревети во кујна.

Апартман бр. В5 - Се наоѓа на првиот спрат со голема тераса со поглед кон двор. Располага со три единечни кревети во спална и софа во кујна.

Апартман бр. B6- Се наоѓа на вториот спрат. Располага со два единечни кревети во спална и софа во кујна.

Апартман бр. В7 - Се наоѓа на вториот спрат со голема тераса со поглед кон улица и страничен поглед море. Располага со два единечни кревети во спална и софа во кујна. 

ТЕРМИН

НАЕМ

1/3 апп

1/4 апп

 

 

 

 

26.05

7 ноќи

260

310

02.06

7 ноќи

320

370

09.06

7 ноќи

410

460

16.06

7 ноќи

450

490

23.06

7 ноќи

490 €

530 €

30.06

7 ноќи

510 €

550 €

07.07

7 ноќи

560

590

14.07

7 ноќи

630 €

690 €

21.07

7 ноќи

630 €

690 €

28.07

7 ноќи

630 €

690 €

04.08

7 ноќи

630 €

690 €

11.08

7 ноќи

630

690

18.08

7 ноќи

590 €

650 €

25.08

7 ноќи

510

580

01.09

7 ноќи

400

450

08.09

7 ноќи

320

370

15.09

7 ноќи

270

320

22.09

7 ноќи

230

250

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€

деца до 12 години 35 € / Еден правец 30 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

 

Слични Понуди

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest