Париз 24ти Мај

Пролетни патувања 2025 > Париз 24ти Мај

Париз 24ти Мај

ГРАДОТ НА СВЕТЛИНАТА ПАРИЗ

АВИОНСКА ПРОГРАМА 

 Aвион / 4 дена /3 ноќевања

Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната... Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер... Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија... А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам... Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж...Дизниленд во Париз е местото каде што вашите соништа на Дизни се остваруваат! Замоци, шоуа, огномет, паради и вашите омилени ликови се комбинираат за да ви овозможат прекрасно поминато време. Дизни ги возбудува сите - деца, тинејџери и возрасни!!!

                                                                                                

                                    Цена на аранжманот: 659 евра  

                      ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА КАМЕЛИЈА ТУРС – ТУРОПЕРАТОР

  

  

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И 

 

Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот

на активностите во програмата.  Цената на аранжманот е пресметана на минимум 20 лица

 Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже

или да ја зголеми цената на аранжманот. 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите

за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање

   Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа  со нови пасоши и уплата на аконтација која е

неповратна во случај на отказ од страна на патникот.Аконтацијата се уплака: од 50% од цената.

Цената е загарантирана само за целосна уплата.Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација,

а остатокот е подлежен на промени.Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал

Аранжманот и е согласен со истиот.Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот

на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на

аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.Организаторот го задржува правото да ја намали или з

големи цената во случај на промена ( авионски билет, туристичка / аеродромска такса,

копнен сообраќај,додатен багаж,локален водич,факултативите,сместување во објектот).Организаторот го задржува правото

за промена на ценитена факултативните излети: Во случај на помал број патници (од предвидените 20 патници  

не се пријават тогаш се зголемува цената  за факултативите) 

во зависност од тоа колку ќе се пријават цената на факултативите е подложна на

промена на лице место согласно политиката на локалната Агенцијаили локалниот водич. 

Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите. 

Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото

како и локалните објекти кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии. 

Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или

да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување,

непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич. 

Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата 

(застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници,

непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата 

  Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ членка на ЕТОА 

Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси 

АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. 

Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари. 

  Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, 

а остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање 

 

 

Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

 

 

 

Програма

1
24мај (Сабота) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување за Париз во 12.35 и пристигнување во Париз во 15.35 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург... Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
2
25мај (Недела) ПАРИЗ –- Лувр – Ајфелова – Сена
    Појадок. Факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите... Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Mожност за посета на Катедралата Нотр Дам во најстариот дел од Париз. Продолжуваме до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Враќање во хотел индивидуално.
    Можност за прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Слободна вечер. Ноќевање.
3
26мај (Понеделник) ПАРИЗ
    Појадок. Можност за факултативна посета (првоз со брз воз) до забавениот парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици…Или слободно време за прошетки низ Париз. Ноќевање.
4
27мај (Вторник) ПАРИЗ - Версај - СКОПЈЕ
    Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило.... Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 16.05, пристигнување во 18.45часот.


Цената покрива:

Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
Организиран разглед на Париз
Сместување во Хотел 3* IBIS DEFENSE во Париз на база 3 ноќевања со појадок.
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
Аеродромски такси

Цената Не покрива?

  • Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Туристичка такса 1.120 мкд - се плаќа во агенција
  • Карти за јавен превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 11.200 мкд
  • Версај - вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич, трансфер За возрасни 90 евра . За деца до 18 години 65 евра. Задолжително резервација во агенција
  • Лувр - вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич. За возрасни 70 евра. За деца и младинци до 18 години 45 евра. Задолжително резервација во агенција.
  • Ајфелова Кула до 2кат - само влезница, без резервација, се плаќа на лице место. Цена од информативен карактер, за возрасни 25 евра. За младиници до 24години 15 евра. За деца до 11години 10 евра.
  • Крстарење по Сена - 25 евра за возрасни / деца до 12 години 15 евра
  • Дизниленд – само влезница за забавниот парк (1 парк) , за возрасни 110 евра, за деца 3 - 11 години 100 евра. Задолжително резервација во агенција. Трансферот со брз воз RER е околу 10 евра во правец.
  • Цените се по лице за сместување во двокреветни.

Pin It on Pinterest