Крф

Крф

Крф за Велигден

  17.04-21.04.2025

Информација за Студиа во Ипсос       17/04/2025  21/04/2025    298 EUR         

Информација за хотел Silver Bay 3*   17/04/2025  21/04/2025    398 EUR 

Важно За деца од 3 до неполни 11,99 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 11.99 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот o За деца со полни 12 години се плаќа цела сума o Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата  За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест  Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување. Сместувачките капацитети се приватни сместувања во Ипсос.  Сместувачките капацитети располагат со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа. Хигиената во самиот објект ја одржуват гостите. Користење на клима не е вклучена во цената и истата се доплаќа кај сопствениците на објектите Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште. 

ОПШТИ НАПОМЕНИ: Важат општите услови на патување на Т.А. Камелија Турс Тур –Оператор. Побарајте програма при уплата на аранжман се уплаќа 30% за автобуска -50% авионска, преостанатиот износ од цената на аранжманот се доплаќа 10 дена пред поаѓање независно дали програмата е авионска, автобуска, бродска, индивидуално или групно патување. Секоја програма е креирана према условите на давателот на крајната услуга.Побарајте патничко осигурување и договор за патување. Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Во готово – авансно кредитни картици, вирманско плаќање. Патникот го   потпишува Договор пријава за патување и е согласен истиот Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена на возниот и воздушниот собраќај,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл..Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на сместувачкиот капацитет/објект,превоз како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барање на нова услуга да се информира кај преставник,водич доколку има. Доколку нема патникот треба по писмен пат  на мел да ја извести агенцијата  за настанта ситуација, нашите агенти љубазно ќе Ви одговорат.Доколку патникот е незадоволен треба да се обрати од 2 -5 дена по завршувањето на услугата по писмен пат мел да се обрати до матичната АГ. Се замолуваат патниците на време да бидат на појдовното место.Агентите 2 дена пред тргнување ќе го известат носителот на пријавата на  договорот  што го потписале во агенцијата останатите патници кои се запишани на самиот договор должни се да се информираат лично за  ИНФО Опции на плакање преку синдикати и работни организации со посебни договори.Носител на овој програм е Камелија Турс или ко -организатор.Нашите агенти при избршување на уплата ќе ги известат за сите додатни информации на барање на патникот.Информирајте се во Агенцијата за пасошот и визата за граѓаните на РСМ-, како и за здравствените формалности неопходни за патувањето.Во делот на новата настаната ситуација за информации од јавен карактер известување за патници што влегуваат во ЕУ секој патник треба да се информира преку јавните гласили и портали за пополнување на електронска апликација.Информациите се преземени од Јавни гласила.Агенцијата нема одговорност.Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса  Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции Лиценца издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА КАМЕЛИЈА ТУРС – ТУРОПЕРАТОР

Програма

1
17.04.2025 четврток
    Состанок на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи.
2
18.04.2025 (петок)
    Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови и качување на траект, со кој се упатуваме кон Островот. Пловењето трае околу 1 час и 45 минути. Пристигнување на пристаништето и упатување кон сместувачките објекти. Слободно време се до 17 часот, кога се упатуваме кон првите велигденски церемонии во главниот град на островот, Керкира, каде правите краток инфо разглед, за подобро запознавање со централниот дел од градот. Сите активности, поворки, манифестации се одржуваат токму во овој дел од градот. Во вечерните часови се враќаме назад кон сместувањето во договореното време со водичот. Ноќевање
3
19.04.2025 (сабота)
    Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00 часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Во договорено враќање во сместување. Во вечерните часови поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет. Враќање во сместување. Ноќевање.
4
20.04.2025 (недела)
    Овој ден е предвиден за прошетка низ Крф. Ги посетуваме Палеокастрица, фабриката Василакис, Kaнони и палатата Мон Репос. Еден од најубавите предели на осровот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот. Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери. Потоа се упатуваме кон Канони – едно од најубавите места на островот поради незаборавниот поглед што им го нуди на посетителите. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локалција ќе ви го привлече вниманието. За време на посетата на Канони, ќе имаме можност да го посетиме Светиот манастир Панагија Влачерна, а исто така ќе имаме можност да пиеме кафе со панорамски поглед кон морската ширина. Последното попатно застанување со автобусоте паркот на принцот Филип-Мон Репос. Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија – Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување. Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации. Враќање во сместување. Ноќевање.
5
21.04.2025 (понеделник)
    Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија патниците имаат слободно време. (опционално Палеокастрица и Василакис – 15 евра) Во попладневните часови го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје. Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ. Additional Info: Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за велигденските денови. Прославата на Велигден кој е на ист датум како и во Македонија е незаборавно искуство. Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницата и ги носат по улиците на градот кој нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова тридневно уживање ќе ве воодушеви и ќе ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Претпоставувам не би пропуштиле.

Цената покрива:

Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф) ·
Туристички пратител во текот на целиот престој
3 ноќевања во Ипсос апартман без појадок или 3 ноќевања со појадок Silver Bay 3*
Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица
Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје.

Цената Не покрива?

  • Туристичка такса – околу 5 евра по лице.
  • Целодневен факултативен излет (Палеокастрица, фабриката Василакис, Канони и Мон Репос) 50 евра по лице
  • Патничко осигурување

Pin It on Pinterest