Атина

Атина

АТИНА

Термин:  05.03 – 09.03.2026

(5 дена /3 ноќи)

ЦЕНА НА АРАНЖМАН 235   / 14.570 денари

                    Атина – главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација

                    Атина е космополитски град, додека старогрчка Атина била моќен град-држава, родно место на Сократ,

                   Перикле и Софокле. Со историја долга повеќе од 3.400 години, градот го добил името по божицата заштитничка Атина.

                   Знаменитостите како Сунион, Акропол и Партенон ќе ве одведат на патување низ времето

                   и ќе ве воодушеват со својата големина.

 

Напомени:

 

       Организатор на аранжманот е Т.А. Камелија Турс; 

Ø       Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд; 

Ø       За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени38 патника; 

Ø       За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот; 

Ø       Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената

       на превозот или хотелот; 

Ø       Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост ,

       аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот; 

Ø       Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети,

      во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите; 

Ø      За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста

       на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата; 

Ø       Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени

       објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот,

       затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

 

Ø     ТА Камелија Турс на своите коминтенти им овозможува плаќање на 3 рати започнувајчи од месец Јануари-Март.

 

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден (Скопје - Гостивар - Атина
    Состанок на групата во 19.00 часот од Гостивар и поаѓање кон Атина. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2 Ден Атина
    Пристигнување во утринските часови во Атина-центар на културата и уметноста во период кога повеќето европски градови не постојат. Разглед на Атина со локален водич панорамски разглед: Храмот на Зевс, стадионот на Панатанаикос – каде се одржани првите модерни олимписки игри во 1896 година, Кралската градина, Црквата Св.Павле, Собранието, градските плоштади Омонија и Синтагма, трите неокласични згради: Колеџот, Универзитетот и Националната библиотека се само дел од убавината на денешната Атина. Разгледот завршува со посета на бисерите на Атина - древниот Акропол со храмовите посветени на Божицата Ника-Партенон и Еретеон. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера во таверна. Ноќевање.
3
3 Ден Атина - Пелопонез - Атина
    Појадок. Факултативен излет на Пелопонез, областа Арголида и посета на: Коринтскиот канал (ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (поранешна престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Потоа време за одмор со можност за ручек во локална таверна или можност за посета на работилница - за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
4
4 Ден Атина
    Појадок. По појадокот,слободни активности на предлог на Водичот, можност да се види Смена на гардата на плоштадот Синтагма и прошетка низ Националната градина,слободно време за шопинг. Доколку има интерес факултативен полудневен излет по Атинската ривиера до ртот Сунион-најјужниот врв на Балканскиот Полуостров каде ја имате можности за разгледување и уживање во спектакуларниот поглед кон Егејското Море. Враќање во Атина. Слободни активности.Вечерта, можност за факултативна вечера во традиционална грчка таверна. Ноќевање.
5
5 Ден Атина - Гостивар - Скопје
    Појадок. По појадокот слободни активности до пред заминување за Гостивар, Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

Цената покрива:

Превоз со автобус на наведената релација
Организација и водство од страна на агенцијата
Хотелско сместување во 1/2 соби во Атина на база 3 ноќевања со појадок
Пратител од агенцијата за време на целото патување

Цената Не покрива?

  • Акропол - 40€
  • Факултативен излет на Пелопонез, Нафлипион, Епидариус и Микена 45€
  • Вечера во таверна - 50€
  • Посета на Пиреја и Сунион – 30€
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Патничко осигурување
  • Индивидулани барања и потреби на патниците
  • Туристичка такса 2 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици
  • Влезници за Микена и Епидариус- 12 евра за влезница
  • Локален превоз

Pin It on Pinterest