Москва и Санкт Петербург

Велигден и Први Мај 2026 > Москва и Санкт Петербург

Москва и Санкт Петербург

 

MOСКВА &  САНКТ ПЕТЕРБУРГ

10.04.2026–17.04.2026 |7 ноќи –9дена |летод Скопје

Авионскапрограма

Авионскилет:

TurkishAirlines(Скопје–Истанбул–Москва|СтПетербург–Истанбул– Скопје)

Поаѓање:

10.04.2026во06:45ч.(Скопје)

Пристигнување:

10.04.2026во23:10ч(Москва)

Сместување:

BB во хотел со 4*во Москва|4BB во хотел со 4*во Санкт Петербург

Услуга:

7 ноќевања со појадок

Друговклучено:

Багаж+трансфери+панорамски разглед и на 2таграда+претставник од Македонија

ВраќањевоСкопје:

18.04.2026 во 07:55ч.

 

 

 

 

 

ЦАРСКА РУСИЈА

Моќна,мистична и бескрајна

Земја која ги спојува историјата, културата и духовноста во едно неповторливо доживување. Од царските палати и златните куполи, до величествените реки и раскошните музеисекоја го лоткривановолицена оваа огромна земја. Велигден е особено убаво време да се почувствува рускиот дух – кога православните храмови блескаат во светлина, а градовите живеат во празничен ритам.

Москвасо својата строга величенственост и динамичности СанктПетербургсо својата елеганција, романтика и уметничка душа,ќе ве поведат на патување низ царската историјата,уметноста и верата. Патување што се памет и цел живот.

МОСКВА&СТПЕТЕРБУРГ

Април2026

Хотели4****

ПЕРИОДНАПАТУВАЊЕ

10.04.202617.04.2026

УСЛУГИ

Ноќевање со појадок

НОЌЕВАЊА/ДЕНОВИ

7Ноќи/9Дена

Регуларна Цена по лице во двокреветна соба

1.395/86.490мкд

Доплата за еднокреветна соба

200/13.020мкд

Попуст за дете од 02-11,99 години

-100/6.200мкд

Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Лежај за3 то лице може да е со помали димензии од стандардните.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (со водич,превози влезници вклучени):

Москва

 

Ст. Петербург

 

·      Кремљ (и православни цркви)***

50еур

·      Ермитаж

50еур

·      Сергиев Имот

55еур

·      Пушкин(Царскотосело)***

65еур

·      Прошетка низ Московско Метро

10еур

·      Петерхоф,ГорениДоленпарк

55еур

·      Бородинска Битка

40еур

·      Петропавловска Тврдина

40еур

·      Крстарење по реката Москва

50еур

·      Пловење пореката Нева

40еур

·      Палатата на оружјето

55еур

 

 

***За реализација на Пушкин (Царско село) и Кремљ е потребно пријавување и плаќање со правење на резервацијата во агенција.

Важни Забелешки:

·      Сите пасоши мора да имаат важност од најмалку 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата и 2 празни страници во пасош. Одговорност за проверка на валидноста на патните исправи носи исклучиво патникот.

·      За реализација на аранжманот,потребен е минимален број од 15патници.Во случајна помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.

·      За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот,целосна доплата најдоцна дваесет

(20)денапредпоаѓање.

·      Организаторот на патувањето го задржува правото, во слушај на променана цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси),да ја промени и цената на аранжманот.

·      Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективнииливонреднипричини.

·      За реализација на факултативните екскурзии по дадените цени постои минимален број на пријавени патници и доколку истиот не се исполни цената може да биде соодветно корегирана.

·      Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.

·      Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот дена пред патувањето.

·      За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Камелија Турс

 НАПОМЕНА

Важат општите услови на патување на Т.А. Камелија Турс Тур –Оператор. Побарајте програма при уплата на аранжман се уплаќа 30% за автобуска -50% авионска, преостанатиот износ од цената на аранжманот се доплаќа 10 дена пред поаѓање независно дали програмата е авионска, автобуска, бродска, индивидуално или групно патување. Секоја програма е креирана према условите на давателот на крајната услуга

Побарајте патничко осигурување и договор за патување. Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Во готово – авансно кредитни картици, вирманско плаќање. Патникот го   потпишува Договор пријава за патување и е согласен истиот Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена на возниот и воздушниот собраќај,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл..

Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на сместувачкиот капацитет/објект,превоз како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барање на нова услуга да се информира кај преставник,водич доколку има. Доколку нема патникот треба по писмен пат  на мел да ја извести агенцијата  за настанта ситуација, нашите агенти љубазно ќе Ви одговорат.

Доколку патникот е незадоволен треба да се обрати од 2 -5 дена по завршувањето на услугата по писмен пат мел да се обрати до матичната АГ. Се замолуваат патниците на време да бидат на појдовното место.Агентите 2 дена пред тргнување ќе го известат носителот на пријавата на  договорот  што го потписале во агенцијата останатите патници кои се запишани на самиот договор должни се да се информираат лично за  ИНФО Опции на плакање преку синдикати и работни организации со посебни договори.

Носител на овој програм е Камелија Турс или ко -организатор.Нашите агенти при избршување на уплата ќе ги известат за сите додатни информации на барање на патникот.Информирајте се во Агенцијата за пасошот и визата за граѓаните на РСМ-, како и за здравствените формалности неопходни за патувањето.

Во делот на новата настаната ситуација за информации од јавен карактер известување за патници што влегуваат во ЕУ секој патник треба да се информира преку јавните гласили и портали за пополнување на електронска апликација.Информациите се преземени од Јавни гласила.Агенцијата нема одговорност.

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса  Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции Лиценца издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.

ТА КАМЕЛИЈА ТУРС ТУР ОПЕРАТОР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ И ПРИЈАТЕН ОДМОР

Програма

1
1 ден (10.04.2026) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МОСКВА
    Состанок на групата два часа пред поаѓањето, на аеродромот ТАВ Скопје, во 06:45 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines за Истанбул во 08:45 часот (TK1004). Пристигнување во 11:20 часот и продолжување кон Москва со лет TK411 во 19:10 часот. Слетување на аеродромот во Москва во 23:10часот по локално време. По завршување на пасошките и царински формалности, трансфер до хотелот и сместување. Првата вечер во руската престолнина ќе ви овозможи да го почувствувате пулсот на градот што никогаш не мирува – Москва, метропола која ги спојува царската историја и модерниот дух. Ноќевање.
2
2 ден (11.04.2026) МОСКВА – Град на Империјата (Бородинска Битка, Московско метро)
    Појадок во хотелот. Денот започнува со автобуско панорамско разгледување на Москва – срцето на руската држава и култура. Ќе го видиме монументалниот Црвен Плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј Блажени, познатиот Бољшој театар, Храмот на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, како и универзитетот „Ломоносов“ и величествениот Парк на победата.
    Слободното попладне е можност за дополнително откривање на градот или предлагаме факултативна посета на музејот Бородинската битка, посветен на славната војна со Наполеон од 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамата – огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле Вечерта – факултативна прошетка низ магичното московско метро, вистински подземен музеј украсен со мермерни столбови, скулптури, мозаици и портрети на националните херои и важни моменти од руската историја. Ноќевање.
3
3 ден (12.04.2026) МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва)
    Појадок. За љубителите на духовната и историската Русија, предлагаме факултативна екскурзија до Сергиев Посад (поранешен Загорск, 70км од Москва) – голем манастирски комплекс кој своевремено бил резиденција на рускиот патријарх а денес претставува еден од најстарите и најсветите места во земјата и центар на православието. Разглед на Тројствената лавра на св. Сергеј, позната по својата величествена архитектура и мирна, монашка атмосфера. Враќање во Москва и слободно време. Вечерта, како вистински завршеток на денот – факултативно пловење со луксузниот брод-ресторан Radisson по реката Москва, со поглед на величенствено осветлените мостови, згради, куполи и паркови на градот. Тура која не се пропушта. Ноќевање.
4
4 ден (13.04.2026) МОСКВА (Кремљ и Палата на оружјето) – САНКТ ПЕТЕРБУРГ
    Појадок. Слободен ден или предлагаме факултатина програма – Кремљ, најстариот и најзначајниот дел од историскиот центар на Москва - срцето на руската историја и извонредно атрактивен архитектонско уметнички комплекс. Прошетка низ неговите катедрали, дворови и дворци (црквата Успение на Архангел, Цар-ѕвоното, Цар-топот, итн). Можност да се посети и Палатата на Оружјето - вистинска ризница на богатства во московскиот Кремљ заштитена од УНЕСКО, место каде се чуваат највредните предмети од царска Русија – круни, скиптри, кочии, скапоцени предмети и уметнички ремек-дела.
    Попладне – трансфер до станицата и патување со супербрзиот воз Сапсан, кој ги поврзува двата најголеми руски града (поаѓање во 17:00 часот, пристигнување во 20:50 часот). По помалку од 4часа во воз, пристигнување во Санкт Петербург – градот на Петар Велики, градот на реките, каналите и мостовите. Сместување во хотел. Ноќевање.
5
5 ден (14.04.2026) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – Северната Венеција (Петерхоф)
    Појадок. Ден за запознавање со раскошниот Санкт Петербург, еден од најубавите градови во Европа. Панорамско разгледување на градот без влезници: Невски Проспект, Казанската катедрала, Дворскиот плоштад, Ермитаж, Адмиралитетот, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник, како и познатите мостови и канали што му го даваат прекарот „Северна Венеција“. Факултативно: посета на Петропавловската тврдина и црквата на св. Петар и Павле каде се закопани голем број на руски цареви и императори почнувајќи од Петар I. Во овој комплекс кој претставува историското јадро на градот се наоѓа историскиот музеј на Санкт Петербург како и прочуените зандани. Слободно време за прошетки по живописните улици и кафулиња. Ноќевање
6
6 ден (15.04.2026) САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Пушкин – Царско Село; Петерхоф)
    Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, или факултативно ден исполнет со царска убавина. Факултативна посета на Пушкин – Царското Село, летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметничките предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. Ќе имате можност да влезет и да ја видите прочуената Килибарска сала, симбол на богатството и уметничката префинетост на руската империја. Попладне – факултативна екскурзија до Петерхоф, раскошната летна резиденција на Петар Велики, позната по своите паркови и фонтани, поради што често се нарекува Рускиот Версај. Поглед кон познатата фонтана со 250 позлатени скулптури и прошетка низ Горниот и Долниот парк, се до обалата на Финскиот залив од каде се шири поглед кон Санкт Петербург и Кронштат. Враќање во градот. Ноќевање.
7
7 ден (16.04.2026) САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж; Крстарење по Нева)
    Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, а наш предлог е денот да го посветите на уметност и инспирација со организираните факултативни тури. Факултативна посета на Ермитаж – еден од најголемите и најбогати музеи во светот, сместен во поранешниот Зимски дворец покрај брегот на Нева, во срцето на градот. Неколку милиони експонати и уметнички дела од сите епохи, меѓу кои ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Рембрант, Пикасо и многу други. Музејот е неверојатна ризница на безвременски дела од непроценливо значење. Попладне – факултативно крстарење по реката Нева, со поглед кон фасадите, куполите и мостовите што го прават Санкт Петербург град од соништата. Слободна вечер. Ноќевање.
8
9 ден (17-18.04.2025) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
    Последен Појадок во градот на реките и дворците. Одјавување на собите и слободно време за прошетки по живописните улички и кафулиња. Вечерта, организиран трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со Turkish Airlines малку по полноќ (календарски 18.04) во 00:15часот (TK400), пристигнување во 04:55часот. Потоа лет за Скопје во 07:25 часот (TK1003), пристигнување во 07:55 часот. Со спомени исполнети со царска убавина, православна духовност и руската душа – завршува ова незаборавно велигденско патување.

Цената покрива:

• Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Москва и Санкт Петербург – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
• Трансфери според програмата.
• Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
• Панорамски разглед на Москва со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата
• 4 ноќевања со појадок во хотел 4* во Санкт Петербург.
• Панорамски разглед на Ст. Петербург со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
• Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот.
• 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Москва.
• Воз Сапсан од Москва до Ст. Петербург (окулу 4 часа).

Цената Не покрива?

  • • Патничко здравствено осигурување
  • • Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
  • • Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)

Pin It on Pinterest