Коста Брава, Барселона - Салвадор Дали

Велигден и Први Мај 2026 > Коста Брава, Барселона - Салвадор Дали

Коста Брава, Барселона - Салвадор Дали

КОСТАБРАВА –БАРСЕЛОНА-САЛВАДОРДАЛИ

25.04.2026–02.05.2026 | 7ноќи -8дена| ПолуПансион | Групно патување

Авионска програма со директен лет од Скопје  

Авионски лет:

WIZZAIR (Скопје–Барселона–Скопје)

Поаѓање:

25.04.2026–сабота во 18:00ч.(Скопје)

Пристигнување:

25.04.2026–сабота во 20:50ч (Барселона)

Сместување:

Хотел 4* во Коста Брава

Услуга:

7 ноќевања на ПОЛУПАНСИОН во хотел 4*+вклучено вода и вино со вечера

Друго вклучено:

Трансфери+вклучен разглед на Барселона+претставник од Македонија

Враќање во Скопје:

02.05.2026–сабота навчер (окoлу или после полноќ).

 

 

 

 

 

 

ШПАНИЈА -КОСТА БРАВА - БАРСЕЛОНА

Сместена северно од прекрасната Барселона, Коста Брава е една од најпосакуваните и најпосетувани туристички региони за одмор во Шпанија. Со своите златни песочни плажи, скриени заливи со тиркизно сини води, шармантни и опуштени крајбрежни села, како и со свежата медитеранска кујна, оваа област нуди совршена комбинација од релаксација и забава.

Градчињата Калеља, ПињедадеМарСантаСузанаМалгратДеМарБланес, живописниот и секогаш забавен Лорет де Мар се меѓу најпопуларните одморалишта во овој дел од Шпанија, познати по својата топла гостопримливост, модерни хотели и активности за сите возрасти. Долгите прошетки покрај морето, извонредната гастрономска понуда и богатата културна историја се само дел од она што ја прави Коста Брава посебна.

Дополнителен бонус е близината на каталонската убавица Барселона– само на кратко растојание, на помалку од 1 час возење со директен возможете да го истражите овој космополитски град, познат по архитектонските ремек- дела на Гауди, богатата уметничка сцена и динамичниот ноќен живот. Возовоите одлетувалиштата во КостаБрава се обраќаат кон Барселона во текот на целиот ден, со што овозможуваат лесна и евтина достапност на овој град со непроценливо архитектонско, уметничко и културолошко богатство.

Во овој регион се наоѓаат и места кои посебно би ги издвоиле заради нивното значење. Жирона кој е еден од најстарите градови на Каталонија со прекрасен Еврејски кварт; Фигерас - родното место на легендарниот Салвадор Дали, а денес дом на музејот со негови неверојатни уметнички дела.

Без разлика дали барате мирен одмор со семејството или авантура со пријателите, Коста Брава е дестинација која ги исполнува сите очекувања. Откријте ја убавината на каталонското крајбрежје и создадете незаборавни спомени!

КОСТАБРАВА–1MAJ2026

ХОТЕЛ 4*

ПолуПансион+вода &vino

ПЕРИОДНАПАТУВАЊЕ

25.04.2026 02.05.2026

УСЛУГИ

ПолуПансион( Појадок+вечера)

НОЌЕВАЊА/ДЕНОВИ

7Ноќи/8Дена

Регуларна Цена по лице во двокреветна соба

995/61.690мкд

EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 31.01.2026

899/55.738мкд

 

 

Доплата за еднокреветна соба

275/17.050мкд

Попуст за дете од 02-11,99 години во соба со возрасни

-195/12.090мкд

Попуст за 3то возрасно лице

-60/3.720мкд

ФакултативниИзлети:

·      Целодневен излет Girona&Figueres со локален водич и превоз–100eur(влезница за музејот на Дали–25eur).

·      Целодневен излет Montserrat со локален водич и превоз–100eur(влезница за Montserrat–20eur).

·      LaMasiaDinner +ФЛАМЕНКО ШОУ И ЗАБАВА со вклучен превоз     eur

·      Целодневен излет Делата на Гауди со влезница,превоз и локален водич за PARKGUELL–110eur.

 

Влезница за Sagrada Familia со локален водич–35eur

Влезница за La Pedrera CasaMila,со локален водич–35eur

 

àПАКЕТ ЦЕНА за Делата на Гауди со влезници за Sagrada FamiliaLa Pedrera CasaMila–170eur

 

*** Факултативните излети се калкулирани на најмалку 20 пријавени патници и валидни се во моментот на објавување на програмата. Поради можната променливост на цените, ве молиме истите проверете ги со вашиот агент повторно пред поаѓање. ***

 

Важни Забелешки:

 

·      За реализација на аранжманот,потребен е минимален број од 20 патници.Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на истиот.

·      За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнниот износ на аранжманот и копија од пасош.

·      Целосна уплата,најдоцна петнаесет(15) дена пред започнување на аранжманот.

·      Програмата и редоследот на вклучени илифакултативни разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.

·      Организаторот на патувањето го задржува правото,во случај на промена на цената на превозот (авионските билети или аеродромските такси), да ја промени и цената на аранжманот.

·      Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, за помалку пријавени патници цената може да биде соодветно корегирана.

·      Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред поаѓање.

·      Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.Валидноста на патните исправи се обврска на патниците.

·      Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

·       За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Kамелија Турс

 

 НАПОМЕНА

Важат општите услови на патување на Т.А. Камелија Турс Тур –Оператор. Побарајте програма при уплата на аранжман се уплаќа 30% за автобуска -50% авионска, преостанатиот износ од цената на аранжманот се доплаќа 10 дена пред поаѓање независно дали програмата е авионска, автобуска, бродска, индивидуално или групно патување. Секоја програма е креирана према условите на давателот на крајната услуга

Побарајте патничко осигурување и договор за патување. Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Во готово – авансно кредитни картици, вирманско плаќање. Патникот го   потпишува Договор пријава за патување и е согласен истиот Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена на возниот и воздушниот собраќај,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл..

Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на сместувачкиот капацитет/објект,превоз како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барање на нова услуга да се информира кај преставник,водич доколку има. Доколку нема патникот треба по писмен пат  на мел да ја извести агенцијата  за настанта ситуација, нашите агенти љубазно ќе Ви одговорат.

Доколку патникот е незадоволен треба да се обрати од 2 -5 дена по завршувањето на услугата по писмен пат мел да се обрати до матичната АГ. Се замолуваат патниците на време да бидат на појдовното место.Агентите 2 дена пред тргнување ќе го известат носителот на пријавата на  договорот  што го потписале во агенцијата останатите патници кои се запишани на самиот договор должни се да се информираат лично за  ИНФО Опции на плакање преку синдикати и работни организации со посебни договори.

Носител на овој програм е Камелија Турс или ко -организатор.Нашите агенти при избршување на уплата ќе ги известат за сите додатни информации на барање на патникот.Информирајте се во Агенцијата за пасошот и визата за граѓаните на РСМ-, како и за здравствените формалности неопходни за патувањето.

Во делот на новата настаната ситуација за информации од јавен карактер известување за патници што влегуваат во ЕУ секој патник треба да се информира преку јавните гласили и портали за пополнување на електронска апликација.Информациите се преземени од Јавни гласила.Агенцијата нема одговорност.

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса  Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции Лиценца издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.

 

 

ТА КАМЕЛИЈА ТУРС ТУР ОПЕРАТОР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ И ПРИЈАТЕН ОДМОР

 

Програма

1
1 ДЕН. ( 25.04.2026 - САБОТА ) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред поставеното време за лет. Директен лет за Барселона во 18:00 часот со авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување во Барселона во 20:50 часот по локално време. Трансфер до хотел во некое од туристичките места на Коста Брава, превземање на собите. Вечера. Ноќевање.

2
2 ДЕН. ( 26.04.2026 - НЕДЕЛА ) КОСТА БРАВА
    Појадок. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности. Можност да се запознаете со опкружувањето на хотелот и местото во кое се наоѓа. Вечера во хотел. Ноќевање.
3
3 ДЕН. ( 27.04.2026 - ПОНЕДЕЛНИК) КОСТА БРАВА - БАРСЕЛОНА
    Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен излет и разглед на Барселона со превоз и локален водич. Разгледот започнува со панорамско запознавање со градот: булеварот Дијагонал, главната артерија што ја дели Барселона на источен и западен дел; Плоштад Каталонија, динамичната средишна точка каде што се спојуваат стариот и новиот дел од градот во чие продолжение се протега прочуената и секогаш живописна Ла Рамбла; споменикот на Колумбо, симболичната точка на неговото враќање од Новиот свет; модерното Олимписко пристаниште; импресивниот Плоштад Шпанија со Конгресниот центар; како и Националната галерија на Каталонската уметност, од каде се открива еден од најубавите погледи кон градот. Ќе го видиме и крајбрежниот дел со познатата плажа Барселонета, како и величествената Триумфална капија. Следува слободно време за индивидуални прошетки низ познатиот Готски кварт и Ла Рамбла, со можност за посета на шарениот пазар Mercat de la Boqueria. Во договорено време, трансфер назад до хотелот. Вечера и ноќевање.
4
4 ДЕН. ( 28.04.2026 - ВТОРНИК ) КОСТА БРАВА – ЖИРОНА – ФИГУЕРЕС
    Појадок. Факултативен целодневен излет со посета на Girona и Figueres. Жирона е еден од најубавите градови во северна Каталонија, сместен покрај реката Onyar, познат по својата прекрасно зачувана средновековна архитектура. Старото градско јадро Barri Vell плени со тесни улички, камени куќи и историски споменици, меѓу кои и античката римска тврдина Força Vella. Градот носи препознатливи траги од Римјаните, Арапите и Евреите, создавајќи уникатна културна мешавина. Готската катедрала во Жирона, со најширокиот готски свод во Европа, е една од најпрепознатливите локации од култната серија Game of Thrones, што ѝ додава дополнителна магија и популарност.
    Патувањето продолжува кон живописниот Фигуерес, родниот град на Салвадор Дали. Посета на легендарниот Театар- музеј Дали, сместен во поранешната семејна палата на уметникот – музеј кој самиот Дали го креирал како живо уметничко дело. Просториите, изложбите и необичните инсталации ја отсликуваат неговата имагинација и генијална ексцентричност. Враќање во Коста Брава во вечерните часови. Вечера и ноќевање.
5
5 ДЕН. ( 29.04.2026 - СРЕДА ) КОСТА БРАВА – МОНСЕРАТ
    Појадок. Поаѓање на факултативен целодневен излет кон спектакуларната Монсерат – едно од најсветите, највпечатливи и најпосетувани места во цела Каталонија. Монсерат, чие име значи „назабена планина“, е уникатен природен феномен обликуван низ милиони години ерозија, со камени врвови во форма на игли што создаваат драматичен пејзаж. На над 700 метри надморска височина се издига прочуениот Бенедиктински манастир, духовно срце на Каталонија, посветен на Црната Мадона (La Moreneta) – заштитничка на регионот.
    За време на посетата ќе ја дознаете историјата за светата пештера каде според легендата било забележано појавувањето на Дева Марија, ќе ја почувствувате монашката тишина и ќе уживате во погледите кои го одземаат здивот. Монсерат е познат и по својот светски признат детски хор, еден од најстарите во Европа, чии изведби се вистинско духовно доживување. Во слободното време можете да уживате во прошетка по планинските патеки, да посетите обележани видиковци или да го истражите манастирскиот комплекс. Враќање во хотел, вечера и ноќевање.
6
6 ДЕН. ( 30.04.2026 - ЧЕТВРТОК ) КОСТА БРАВА – БАРСЕЛОНА
    Појадок. Поаѓање на факултативен излет посветен на најголемиот архитектонски визионер на Каталонија – Антони Гауди. Ова е патување низ неговиот уникатен свет на форми, бои и симболика, кои денес ја претставуваат душата на Барселона.
    Првата станица е магичниот Park Güell, ремек-дело вклучено во листата на светско наследство на УНЕСКО. Овој комплекс е вистински мозаик од природни линии, структури инспирирани од органски форми, впечатливи мозаични украси и панорамски погледи кон градот. Гауди го замислил како хармонична симбиоза меѓу архитектура и природа
    — место кое и денес плени со фантазија и оригиналност. Следува посета на познатата La Pedrera (Casa Milà) – една од највлијателните градби на модернизмот. Со своите брановидни фасади, скулптурални тераси и необични димници, оваа зграда претставува „жив организам“, целосно ослободен од прави линии. Внатрешноста е подеднакво импресивна, со уникатни решенија што го дефинираат Гауди како гениј пред своето време. Кулминацијата на денот е монументалната Sagrada Familia, најголемата недовршена католичка црква во светот и најпрепознатливиот симбол на Барселона. Нејзината изградба започнала во 1882 година, а Гауди целосно ѝ се посветил создавајќи архитектонски универзум исполнет со христијанска симболика, природни мотиви и драматична вертикалност. Посетата овозможува единствен поглед на фасадите, внатрешноста и деталите кои ја прават оваа црква едно од најимпресивните дела во историјата на архитектурата. По завршувањето на разгледот, враќање кон хотелот. Вечера и ноќевање
7
7 ДЕН. ( 01.05.2026 - ПЕТОК ) КОСТА БРАВА
    Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на крајбрежјето во Коста Брава или предлог, поаѓање со воз и прошетка до некој од соседните градови во Коста Брава. Предлог факултативен излет во вечерните часови, целовечерна Шпанска вечер проследена со многу забава, храна, пијалоци и Фламенко шоу. Ноќевање
8
8 ДЕН. ( 02.05.2026 - САБОТА ) БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
    Појадок. Одјавување од собите според хотелските правила. Слободно време до трансферот од хотел до аеродромот во Барселона. Лет од Барселона до Скопје со Wizz Air во 21:35 часот, пристигнување во Скопје ноќта во 00:20 часот

Цената покрива:

• Организација на аранжманот и придружник на патувањето
• Авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Скопје, со Wizz Air.
• Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно.
• Целодневен разглед на Барселона со локален водич.
• Аеродромски такси, 1 парче мал рачен багаж (40 х 30 х 20 цм).
• 7 ноќевања на база ПОЛУ ПАНСИОН (појадок и вечера – вклучени вода / вино за вечера) во хотел со 4* .

Цената Не покрива?

  • • Патничко здравствено осигурување.
  • • Чекиран багаж и/или “Wizz Priority”(информации во агенција).
  • • Туристичка такса – 10,5 eur / 650 денари по лице (се плаќа во агенција)
  • • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
  • • Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)

Pin It on Pinterest