ВИЛА ПАВЛОС – СКИЈАТОС, ЛЕТО 2025
На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови,како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море.
Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост.
Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите.
Сместувачки капацитет кој го имаме на Скијатос е „Вила Павлос“ која располага со студија на приземје и прв спрат.Вилата е нова и модерна,
а во дворот има базен кој може бесплатно да го користат гостите..Вилата е оддалечена 10-тина минути од градската плажа Megali Ammos.
Вила Павлос се наоѓа во мирниот дел во градчето Скијатос, на само неколку минути пеш од популарниот мал аеродром на островот.
Главниот влез на вилата е уреден со огромни палмови дрвја, медитерански цвеќиња и тревник, а дворот на вилата Павлос каде воедно се наоѓа
и базенот е изолиран одлично изолиран за да може да уживате во тишината и спокојот.
Вилата располага со 1/2 и 1/3 студија на првиот спрат.Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат погед кон пејсажниот остров.
Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци, фрижидер, прибор според бројот на гости, ТВ, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi, и тоалет.
Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз.
Вилата има и своја рецепција и лице одговорно за гостите.Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила, а од каде ги презема за враќање назад.
Вилата е на една минута пешачење од море.Првата плажа е на 3 минути пешачење, но таа плажа е мала и не е организирана.
За да се посетат најубавите плажи на островот, се користи јавниот превоз.
ТЕРМИНИ |
РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ |
25.05.2025-2905.2025 |
122е |
29.05.2025-05.06.2025 |
133е |
05.06.2025-12.06.2025 |
147е |
12.06.2025-19.06.2025 |
161е |
19.06.2025-26.06.2025 |
185е |
26.06.2025-03.07.2025 |
233е |
03.07.2025-10.07.2025 |
272е |
10.07.2025-17.07.2025 |
308е |
17.07.2025-24.07.2025 |
308е |
24.07.2025-31.07.2025 |
308е |
31.07.2025-07.08.2025 |
308е |
07.08.2025-14.08.2025 |
308е |
14.08.2025-21.08.2025 |
308e |
21.08.2025-28.08.2025 |
272e |
28.08.2025-04.09.2025 |
240e |
04.09.2025-11.09.2025 |
187e |
11.09.2025-18.09.2025 |
157e |
18.09.2025-25.09.2025 |
133e |
25.09.2025-02.10.2025 |
133e |
Што е вклучено во цената
-7 ноќевања – 8 дена во вила Павлос (цени по лице)
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања
–Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
Доплата за туристичка такса, 10.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
-Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице
План и програма
Термините за лето 2025 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање
Првиот термин започнува од 22-ти мај, а последниот термин завршува на 2-ри ноември.
Поаѓањето е секоја среда навечер.
Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос.
Пристигнување на Скијатос во утринските часови.Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.
Поаѓање за Македонија секој четврток.
Важно
За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација.
Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се пресметува од редовната цена.
Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време, Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација,
организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
Доплата за туристичка такса 10,5е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет,брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи
исклучиво од давателот,техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
Во случај на отказ од страна на патникот,патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит)
од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка
Факултативни излети
Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos
Цена за пакет:ќе биде објавена пред почетокот на летото
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава.
Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата.
Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место,
место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.
Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок.
Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован.
Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia.
Крстарење кое претставува целодневно уживање.
Banana beach
Цена за пакет:
ќе биде објавена пред почетокот на летото
Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка.
Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.
Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ.
Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате.
Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука.
Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!
Важат општите услови на патување на Т.А. Камелија Турс Тур –Оператор.
Побарајте програма при уплата на аранжман се уплаќа 30% за автобуска -50% авионска,
преостанатиот износ од цената на аранжманот се доплаќа 10 дена пред поаѓање независно дали програмата е авионска,
автобуска, бродска, индивидуално или групно патување. Секоја програма е креирана према условите на давателот на крајната услуга.
Побарајте патничко осигурување и договор за патување.Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.
Во готово – авансно кредитни картици, вирманско плаќање. Патникот го потпишува Договор пријава за патување и е согласен истиот
Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена на возниот и воздушниот собраќај,
сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл..Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на сместувачкиот капацитет/објект,
превоз како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барање на нова услуга да се информира кај преставник,водич доколку има.
Доколку нема патникот треба по писмен пат на мел да ја извести агенцијата за настанта ситуација, нашите агенти љубазно ќе Ви одговорат.
Доколку патникот е незадоволен треба да се обрати од 2 -5 дена по завршувањето на услугата по писмен пат мел да се обрати до матичната АГ.
Се замолуваат патниците на време да бидат на појдовното место.Агентите 2 дена пред тргнување ќе го известат носителот на пријавата на договорот
што го потписале во агенцијата останатите патници кои се запишани на самиот договор должни се да се информираат лично за ИНФО
Опции на плакање преку синдикати и работни организации со посебни договори.Носител на овој програм е Камелија Турс или ко -организатор.
Нашите агенти при извршување на уплата ќе ги известат за сите додатни информации на барање на патникот.
Информирајте се во Агенцијата за пасошот и визата за граѓаните на РСМ-, како и за здравствените формалности неопходни за патувањето.
Во делот на новата настаната ситуација за информации од јавен карактер известување за патници што влегуваат во ЕУ секој патник треба да се информира
преку јавните гласили и портали за пополнување на електронска апликација.
Информациите се преземени од Јавни гласила.Агенцијата нема одговорност.
Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ Трошоците за подготовка и организација
на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и
(Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции Лиценца издадена од
Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.
ТА КАМЕЛИЈА ТУРС ТУР ОПЕРАТОР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ И ПРИЈАТЕН ОДМОР