Амстердам

Амстердам

Х О Л А Н Д И Ј А

Авионски програм

         Амстердам – градот на слободата и забавата, град на уметноста и сликарството.

         Амстердам важи за еден од најубавите градови во Европа и ретко кој не сака да го посети.

         Познат е по каналите низ градот, по грижата на жителите за околината и природата

         и по прекрасните места за прошетка.

Термин:  06.03-08.03.2026

Цена на аранжманот: 580 евра  

           НАПОМЕНИ:

           Пратителот може да го замени локалниот водич по потреба со локалната агенција

           Цените се по лице за сместување во 1/2 или 1/3 соби.

           За реализација на аранжманот потребен е минимум од 18 патници. (можност за проширување на групата)

           При резервација задолжителна е уплата на аванс од 50%, целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

           За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ETOA

           Усни и телефонски резервации се невалидни.

           Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

           За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 16 патници.

           При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи

           ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

           Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини,

           како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени

           за посета како и локалната агеницја према нивните правила.

           Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultrafirst или lastminute понуда да ги објави и

           продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.

           Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

           Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 9 дена пред поаѓање доколку

           не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

           Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за точното време и место на поаѓање.

           Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршување на патувањето

           Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.

           Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација

           должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

  

Програма

1
1 Ден 06.03.2026 СКОПЈЕ - АЈНДХОВЕН-АМСТЕРДАМ (авион)
    Состанок на групата 10:00 часот на аеродромот во Скопје. Директен лет Скопје-Ајндховен во 12:35 часот, а слетување во 15:35 часот. Заминување кон хотелот. Сместување. Ноќевање.
2
2 Ден 07.03.2026 АМСТЕРДАМ Разглед на градот, Мини Холандска тура
    Појадок. По појадокот Продолжување кон Амстердам. Разглед со локален водич на англиски/македонски Плоштадот Дам, Кралската Палата, Новата катедрала во која се крунисани холандските кралеви и кралици, реката Амстел, Куќата на Ана Франк (надворешно), Хет националниот споменик, Магна Плаза. Посета на Ресторанот Дам каде може да се напиете кафе во најпознатиот ресторан во центарот на градот.Факултативно заминување кон таканаречената Мала Холданска Тура започнувајки со традиционалното село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се посетуваат: познатите ветерници, работилниците за традиционалните кломпи, порцелан, сирење ,каде можете да направите мал Шопинг. Факултативна посета низ каналите на дел од Амстердам, прошетка низ најстариот дел на градот каде се наоѓа познатиот Де Вален или таканаречениот Red Light District со уште попознатите продавници за кафе, Хемп-Музејот и театарот Каза Росо Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 Ден 08.03.2026 АМСТЕРДАМ - Голема Холандска тура (автобус)
    Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Ден Хаг-политичка престолница на Холандија и Шевенинген (дел од Ден Хаг). Посета на најпознатите културни знаменитости како на пример салата на Витезите, Палатата на Мирот, Југословенскиот Трибунал, затворот во Шевенинген потоа се разгледува Шевенинген и прошетка низ плажите на Северното море. Се упатуваме кон градот Ротердам, град со најинтересна модерна урбана средина и со најголем број високи облакодери кој го покажуваат правото лице на модерната градба, испреплетена со безброј модерни мостови, канали и патишта, град кој бил разрушен во Втората светска војна од бомбардирањата на Германската авијација, по војната повторно е изграден, но во веќе еден модерен стил и се разликува во потполност од другите Холандски градови. Град кој дава моќ, кој има претежно постара градба споредбено со другите холански градови и населби. Заминување кон Делфт- градот на порцеланот. Во вечерните часови враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање
4
4 Ден 09.03.2026 АМСТЕРДАМ - АИНДХОВЕН - СКОПЈЕ
    Појадок. По појадокот слободно време, одјава од хотелот и слободни активнсти до времето пред полетување во договор со пратителот. Во 16:10 часот полетување од аеродромот во Ајндховен и слетување во 18:50 часот во Скопје.

Цената покрива:

Пратител на патувањето
Авионски превоз Скопје – Ајндховен - Скопје
Кабинска торба со димензии 40х30х20цм
Разглед на Амстердам со локален водич
Амстердам 3* ноќевања со појадок во Хотел 3*
Трансфер Аеродром - Хотел - Аеродром

Цената Не покрива?

  • Влезници за музеи доколку дозволи времето
  • Автобуски локален превоз според програмата и факултативите
  • Мини холандска тура ( ветерници, кломпи, сирења) 95 евра
  • Голема холандска тура на Хаг - Шевенинген – Ротердам 120 евра
  • Факултативно пловење по каналите 30 евра
  • Осигурување 5 евра
  • Туристичка такса се плаќа на рецепција од ноќевање по лице

Pin It on Pinterest