Кушадаси

Кушадаси

КУШАДАСИ: ЕФЕС - ТРОЈА– ПОСЕТА НА ГРОБОТ НА ДЕВА МАРИЈА

06.03.2026 – 10.03.2026 | 5 дена / 2 ноќевања

     Промо цена на аранжманот до 10.02.2026!   

     240 евра  евра по лице 

          Куќата (Гробот) на Дева Марија (MeryemAnaEvi) се наоѓа на планината Бјулбјул, во близина на античкиот град

          Ефес, во Кушадаси. Според христијанската традиција, по распнувањето на Исус Христос, апостолот Св. Јован

          ја донел Богородица во Ефес, каде што таа ги поминала последните години од својот живот.

          Местото било откриено во 19 в врз основа на визиите на германската монахиња Ана Катарина Емерих,а подоцна

          и археолошки потврдено. Денес ова светилиште е место на поклонение и за христијани и за муслимани.

          Во близина се наоѓа свет извор, а посетителите традиционално оставаат ливчиња со желби на посебен ѕид

          за молитва. Местото е исполнето со мир и духовност и претставува едно од најсветите места во Мала Азија.

          Античкиот град Ефес е еден од најголемите и најзначајните антички градови во светот. Бил важен трговски,

          културен и религиски центар и дом на Храмот на Артемида – едно од Седумте светски чуда. Денес може да се

          видат Библиотеката на Целз, Големиот театар, античките улици и бројни римски градби.

          Античкиот град Троја е светски познат антички град во близина на Чанаккале, познат по легендарната

          Тројанска војна опишана во „Илијада“ од Хомер. Војната траела 10 години и завршила со итрината

           на Тројанскиот коњ. Археолошките истражувања покажуваат дека Троја била изградена и уништена

           повеќе пати, со најмалку девет историски слоја.

          Денес е дел од Светското културно наследство на УНЕСКО и претставува уникатен спој на митологија и историја.

    

 

        НАПОМЕНИ:

        Пратителот може да го замени локалниот водич по потреба со локалната агенција

        Цените се по лице за сместување во 1/2 или 1/3 соби.

        За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. (можност за проширување на групата) 

        При резервација задолжителна е уплата на аванс од 50%, целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

        За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ETOA

        Усни и телефонски резервации се невалидни.

        Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

        За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 10 патници.

        При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот

        како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

        Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, ,

        како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени

        за посета како и локалната агеницја према нивните правила.

        Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultrafirst или lastminute понуда

        да ги објави и продаде слободните места

        по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.

        Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства

        за разлика во цена.

        Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 9 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на

        пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

        Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за точното време и место на поаѓање.

        приложат во агенцијата за проверка.

 

                       Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

 

 

 

Програма

1
1 ден 06.03.2026
    Состанок на групата пред Дрво Декор во 09:00 часот, се патува преку Грција, Александрополус, Чанак Кале, Кушадаси . Дневно и ноќно возење со попатни паузи.
2
2 ден 07.03.2026
    Пристигнување во Кушадаси во предпладенвните часови, организирана посета на една од фабриките за кожа. Разглед на Градот со локален водич и посета на културно - историските знаменитости. Заминување кон хотел. Вечера. Ноќевање.ц
3
3 ден 08.03.2026
    Појадок. По појадокот заминување кон античкиот град Ефес, разглед со локален водич. Ефес е еден од најголемите и најзначајните антички градови во светот. Бил важен трговски, културен и религиски центар и дом на Храмот на Артемида – едно од Седумте светски чуда. Денес може да се видат Библиотеката на Целз, Големиот театар, античките улици, бројни римски градби. По кратка пауза, заминување кон Гробот/Куќата на Дева Марија, Куќата на Дева Марија е светилиште и место на поклонение лоцирано на падините на планината Бјулбјул, во близина на античкиот град Ефес во Турција. Според христијанската традиција, се верува дека по крстната смрт на Исус, апостолот Св. Јован ја донел Марија тука и тука таа ги поминала последните години од својот живот. Откриена била во лицето на визиите на германската монахиња Ана Катарина Емерих во 19-ти век, кои подоцна воделе археолошки истражувања и откривање на локалитетот. Денес, тоа место се смета за свето од христијаните и муслиманите, , и има и мала „куќа“ која служи како капела и место за молитва и рефлексија, опкружена е со мирна природа. Во близина се наоѓа и извор/фонтана каде многумина доаѓаат со надеж за благослов или да остават бележки со желби на ѕидот — обичај што го практикуваат многу посетители. Ова место често се посетува по разгледување на античкиот град Ефес. Mногумина практикуваат да носат марамa или белешки со желби кои ги оставаат во близина на ѕидовите — традиција за молитва, размислување и духовно искуство. Факултативно: посета на Terrace Houses (на турски често наречени Yamaç Evleri) се луксузни римски куќи во рамките на античкиот град Ефес, каде што живееле богатите и влијателни граѓани во римскиот период (I–III век).Се наоѓаат на падината спроти Библиотеката на Целз и се посебен дел од локалитетот, покриени со заштитна конструкција.). Слободно време и моќности за фотографирање во еден од најубавите делови во овој предел. Враќање во хотел. Вечера. Слободни активности. Ноќна прошетка. Ноќевање.
4
4 ден 09.03.2026
    По појадокот доколку ни дозволи времето посета на Античкиот град Троја. Троја е еден од најпознатите антички градови во светот, лоциран во северозападниот дел на Турција, во близина на Чанаккале. Градот е познат по легендарната Тројанска војна, опишана во епот „Илијада“ од Хомер, која се смета за еден од најважните настани во античката историја и митологија. Според легендата, војната траела 10 години и била предизвикана од грабнувањето на Елена, сопругата на спартанскиот крал Менелај, од страна на тројанскиот принц Парис. Најпознати јунаци од оваа војна се Ахил, Хектор, Одисеј и Агамемнон. Симбол на освојувањето на градот е познатиот Тројански коњ, со чија итрина Грците успеале да навлезат во градот. Археолошките истражувања покажале дека Троја била изградена и уништена повеќе пати, при што се идентификувани најмалку 9 слоја на градби, кои сведочат за долгата и бурна историја на ова подрачје – од бронзеното време па сè до римскиот период. Денес, Троја е дел од Светското културно наследство на УНЕСКО и претставува значајна археолошка локација. Посетителите можат да ги видат остатоците од градските ѕидини, портите, темелите на древни градби, како и реплика на Тројанскиот коњ, која е едно од најфотографираните обележја на локалитетот. Посетата на Троја претставува уникатна можност да се доживее спојот на митологијата, историјата и археологијата, и да се зачекори на место кое илјадници години го фасцинира човештвото. Во договорено време заминување кон Скопје со попатни паузи. Краток одмор за ручек и паузи. (Факултативно).
5
5 ден 10.03.2026
    Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Цената покрива:

Oрганизација и реализација на патувањето со лиценциран придружник од агенција
2 ноќевања со појадок во избраниот Хотел 4*
Разглед на Кушадаси со локален водич
Превоз на наведената релација со туристички автобус

Цената Не покрива?

  • Билет за посета на Ефес 60 €
  • Куќата на Дева Марија 20 €
  • Terrace Houses (луксузни римски куќи) 20 €
  • Билет за посета на Троја 40 €
  • Патничко осигурување 5€
  • Tуристичка такса се плаќа на рецепција од ноќ
  • Доплата за еднокреветна соба на барање

Pin It on Pinterest