Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Полетување во 11:50 часот за Измир. Слетување во Измир 14:15 часот. Во 23:20 часот полетување од Измир кон Баку, слетување во Баку 03.05 часот, средба со локален водич. Трансфер до хотел. По пристигнувањето од аеродром рано сместување во хoтел.
2
19.09.2025. Ф1 Баку
Појадок. По појадокот заминување кон терените со кружни трансфери на патеката Ф1. Слободни активности и уживање во трките на Ф1-Баку. Во одредено време заминување кон ресторанот. Вечера. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
20.09.2025 Ф1 Баку
Појадок. По појадокот разглед на Градот Баку, заминување со локален водич од хотелот кон историскиот дел на Баку. Посета на улица Низами, плоштад на фонтана - централна улица на Баку со брендови на продавници и ресторани, Доживувањето ќе не однесе до стариот град на Баку и патување низ градските ѕидини, откривање на ретки споменици кои се на списокот на светско наследство на УНЕСКО-Миденската кула Каравансарајс, заминување кон паркот Апланд со панорамски поглед на градот-Хајландскиот парк Баку е највисоката точка на главниот град на Азербејџан, од каде се отвора прекрасна панорама на градот и заливот. Луѓето од Баку и туристите често доаѓаат тука за да го видат Баку со прекрасен панорамски поглед, со локалниот водич се заминува кон жичара. Посета на Музеј на колекција на автомобили Haydar Aliyev. Во договорено време заминување локален ресторан Вечера. Враќање во хотел. Ноќевање
4
21.09.2025. Ф1
Појадок. По појадокот заминување кон терените со кружни трансфери на патеката Ф1. Слободни активности и уживање во трките на Ф1-Баку. Во одредено време заминување кон ресторанот. Вечера. Враќање во хотел. Ноќевање.
5
22.09.2025 БАКУ-ИЗМИР-СКОПЈЕ
Рана одјава од хотел, превземање на Lunch packet, напуштање на хотелот во 02:00 часот. Организиран трансфер до аеродром. Лет од Баку за Измир во 04:05 часот, во 06.15 часот слетување во Измир, полетување од Измир во 11.00 часот, слетување во Скопје во 11:20 часот
Ние користиме колачиња(cookies) за да овозможиме оваа веб страна да работи правилно како и за нејзино понатамошно подобрување се со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња. Дознајте повеќе
Задолжителни
Статистика
Маркетинг
Our website uses cookies to ensure you have the best experience. To learn more about this or to change your settings, see our Privacy Policy. AcceptNo