САНКТ ПЕТЕРСБУРГ & МОСКВА

Есенски патувања 2025 > САНКТ ПЕТЕРСБУРГ & МОСКВА

САНКТ ПЕТЕРСБУРГ & МОСКВА

САНКТ ПЕТЕРСБУРГ & МОСКВА

03.10.2025 – 10.10.2025

| 7 ноќи – 8 дена | лет од Скопје Авионска програма

САНКТ ПЕТЕРБУРГ И МОСКВА – две престоници на Русија, секоја со свој неповторлив шарм, историја и култура. Посетата на овие два града нуди вистинско патување низ времето – од империјалната величественост до модерниот пулс на денешна Русија.

 

СТ ПЕТЕРСБУРГ& МОСКВА

Октомври2025

HOTEL DELTA4* / HOTEL COSMOS PULKOVSKAYA4*

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

03.10.2025 10.10.2025

УСЛУГИ

Ноќевање со појадок

НОЌЕВАЊА/ДЕНОВИ

Ноќи/Дена

Цена по лице во двокреветна соба

1.290/79.980мкд

Доплата за еднокреветна соба

160/9.920мкд

Попуст за дете од 02-11,99 години

-100/6.200мкд

Попуст за трето возрасно лице во соба не следува.Лежај за 3то лице може да е со помали димензии од стандардните.

OTELDELTA4* / HOTEL COSMOSPULKOVSKAYA4*

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (соводич,превози влезници вклучени):

 

Ст.Петербург

·     Ермитаж                                        50еур

·     Пушкин(Царското село)***            65еур

·     Петерхоф,Горен и Долен парк       55еур

·     ПетропавловскаТврдина                40еур

·     Пловење по реката Нева                 40еур

Москва

·     Кремљ(и православни цркви)***    50еур

·     Сергиев Имот                                     55еур

·     Прошетка низ Московско Метро      10еур

·     Бородинска Битка                              40еур

·     Крстарење по реката Москва           50еур

·     Палатата на оружјето                        55еур

 

***За реализација на Пушкин(Царско село) и Кремљ е потребно пријавување и плаќање со правење на резервацијата во агенција.

***За пријавување и уплата на сите факултативни екскурзии однапред во агенција 10%ПОПУСТ(вкупна цена 460еур) 

Важни Забелешки:

·  Организатор на ова патување е Камелија Турс.

·  За реализација на аранжманот,потребен е минимален број од 15 патници.Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.

·  За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот,целосна доплата најдоцна дваесет(20)дена пред поаѓање.

·  Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.

·  Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите

 

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС.

 

 

 

Програма

1
1 ден: 03.10.2025 СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ – САНКТ ПЕТЕРСБУРГ
    Состанок на групата два часа пред поаѓање на аеродромот ТАВ Скопје ,во 06.45 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines за Истанбул во 08.45 часот (TK1004). Пристигнувањето на аеродромот во Истанбул во 11:20 часот. Лет за Sankt Petersburg во 20:25 (TK403). Пристигнување во 00:05 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2
2 ден: 04.10.2025 САНКТ ПЕТЕРСБУРГ
    Појадок. Панорамско разгледување на градот: Невски Проспект, Казанскиот Парламент, Кралскиот плоштад, Адмиралитетот, Васиљевско острово, Ермитаж, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник ... (без да се влезе во објектите). Факултативен разглед на Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петтропавловската Црква, каде се погребани сите руски императори (почнувајќи од Петар I), Историскиот музеј на Санкт Петербург, како и прочуените зандани. Ноќевање.
3
3 ден: 05.10.2025 САНКТ ПЕТЕРСБУРГ
    Појадок. Факултативна програма: Ермитаж, разглед на еден од најголемите музеи во светот, во зградата на Зимскиот дворец, со над 3 милиони експонати, со ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Пикасо. Слободно време. Факултативен излет - Крстрење по реката Нева, со специјални бродови, прилагодени за минување низ каналите и ниските мостови, поради кои овој град го доби името Северна Венеција. Поглед кон знаменитостите на градот и неговата архитектура од легендарната река Нева, кое преставува големо доживување и ќе остане засекогаш врежано во вашите сеќавања. Ноќевање.
4
4 ден: 06.10.2025 САНКТ ПЕТЕРСБУРГ
    Појадок. Факултативна програма: Екскурзија до Петерхоф - Рускиот Версај, царската летна резиденција на Петар Велики. Разглед на Горниот и Долниот Парк и познатата фонтана со 250 позлатени скулптури. Разгледот вклучува прошетка по парковите, со прекрасен поглед кон Заливот на Финска, Санкт Петербург и Кронштат. Факултативна програма до Пушкин - Царското Село - летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2.Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметнички предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300-годишнината од основањето на Санкт Петербург заврши реконструкцијата на познатата Килибарска сала, која го врати некогашниот сјај на дворецот на Екатерина. Слободно време. Ноќевање.
5
5 ден: 07.10.2025 САНКТ ПЕТЕРСБУРГ – МОСКВА
    Појадок. Трансфер до железничка станица. Патување за Москва околу 09.00 часот со современ воз Сапсан. Патувањето трае 3 часа и 50 минути. Панорамско разгледување на градот со автобус: центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот "Ломоносов", Паркот на победата и други. (без влегување во објектите). Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Посета на Московското метро во вечерните часови, од најубавите метро станици, 44 имаат статус на културно наследство. Наликуваат на музеи (мозаици, скулптури, мермерни столбови и портрети на националните херои) (факултативно). Ноќевање.
6
6 ден: 08.10.2025 МОСКВА
    Појадок Факултативна програма: Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, Цар-ѕвоното и Цар-топот, како и Палатата на Оружјето – ризницата на царска Русија. Огромните историски и уметнички богатства на Московскиот Кремљ се собрани во една збирка, од која настанал Музејот Палатата на Оружјето, кој е под заштита на УНЕСКО. Факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската битка – посветен на војната Наполеон во 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамаата,кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Ноќевање.
7
7 ден: 09.10.2025 МОСКВА
    Појадок. Факултативна програма: Сергиев пасад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј Попладне слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерен разглед на Москва по река-пловење со ексклузивниот брод -ресторан Radisson(факултативно).Ноќевање . 8 ден: 10.10.2025 МОСКВА – ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ Појадок. Слободно време.Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines во 12:30 часот (TK414). Слетување во Истанбул во 16.35 часот. Лет за Скопје во 18:55 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:30 часот.

Цената покрива:

Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Санкт Петерсбург и Москва – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот.
4 ноќевања со појадок во хотел Cosmos Pylkovskaya 4* (или сличен) во Санкт Петерсбург.
3 ноќевања со појадок во хотел Delta 4* (или сличен) во Москва.
Панорамски разглед на Москва и Ст. Петерсбург, според програмата.
Трансфери според програмата.
Воз Сапсан од Ст. Петерсбург до Москва (окулу 4 часа).

Цената Не покрива?

  • Патничко здравствено осигурување.
  • Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
  • Факултативни посети, излети и влезници

Pin It on Pinterest