Мадрид – Срцето на Шпанија

Есенски патувања 2025 > Мадрид – Срцето на Шпанија

Мадрид – Срцето на Шпанија

Мадрид, живописниот главен град на Шпанија, плени со својата енергија, уметност и историја. Од импресивниот Кралски дворец и светски познатите музеи до шармантните плоштади и паркови, градот нуди богато културно и гастрономско искуство. Со тапаси, фламенко и пријателска атмосфера, Мадрид е совршена комбинација на традиција и модерен живот.

Термин 01.11-04.11.2025

попуст за ранa уплатa до 15.09.  670€ (41,540,00мкд)

Редовна цена на аранжманот:  695€ (43.090,00 мкд)

 

 НАПОМЕНИ: 

Пратителот може да го замени локалниот водич по потреба со локалната агенција

            Цените се по лице за сместување во 1/2 или 1/3 соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 10 патници. 

При резервација задолжителна е уплата на аванс од 50% , а целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 10 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета како и локалната агеницја према нивните правила.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultrafirst или lastminute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 9 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 

                                     Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

 

Слични Понуди

Програма

1
Ден 1 (01.11.2025) Скопје-Мадрид:
    Состанок на групата во 13.30 часот на скопскиот аеродром. Лет со Wizz air за Мадрид во 16.05 часот. Слетување во 20.00 часот на аеродромот во Мадрид. Трансфер до хотел и сместување. Факултативна прошетка по избор. Ноќевање.
2
Ден 2 (02.11.2025)Разглед на градот Мадрид:
    Појадок. По појадокот се упатуваме на панорамски разглед на градот со локален водич (локален превоз) од Плаза дел Сол – срцето на Мадрид. Прошетка до Плаза Мајор – историски плоштад со кафе-барови и продавници. Посета на Кралскиот дворец (Palacio Real) – разглед однадвор и по желба внатре (со билет). Посета на соседната Катедрала Алмудена. Прошетка низ Стар град со улички и локални продавници. Посета на Паркот Ретиро – прошетка до Кристалната палата и езерцето. Кратка пауза за кафе или тапаси во некоја од локалните таверни. Посета на Плаза де Сибелес и разглед на околните знаменитости како Палатата на комуникации или слободно време за шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање
3
Ден 3 (03.11.2025) Мадрид-Сеговија:
    Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет до Сеговија, град кој се наоѓа во регионот Кастиља и Леон, оддалечен околу 90 км од Мадрид. Главните обележја на градот се најдобро сочуваниот Римски аквадукт, Катедралата и Дворецот, поради кои Сеговија е вклучена на листата на светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Карактеристичната панорама на овој град, чијашто градба е од теракота и кречњак, е сместена на брдата на Кастиља кои ја опкружуваат планината Сиера де Гвадарама. Разглед на стариот дел на градот: Плаза Мајор, панорама на Катедралата, Плоштадот Свети Мартин, племиќкиот кварт со палати и цркви. Враќање во Мадрид. Слободно време. Ноќевање.
4
Ден 4 (04.11.2025)Мадрид-Толедо:
    Појадок. Напуштање на хотелот и факултативно. Доколку нема доволен број за патници за оваа факултатива, предвидено време за слободни активности.Или заминување до Толедо со водич каде што ќе можете да ја видите убавината на средновековната престолнина на Шпанија, оддалечена 70 км од Мадрид. Според легендата, градот го основале еврејски колонисти во 540 година п.н.е., кои му го дале и името. Бурната и интересна историја, народите кои го освојувале (Римјани, Визиготи, Маври...) оставиле свој белег во севкупниот развој на градот. Некои од значајните цркви, синагоги и џамии се токму тука изградени. Толедо бил престолнина на Шпанија сè до 1561 година, кога славата и значењето ги презел Мадрид. Толедо е познат и како град во кој живеел и творел славниот сликар, вајар, архитект и писател Ел Греко (роден на Крит), крајот на XVI и почетокот на XVII век.Во договорно време со автобус трансфр до аероромот.Слободно време до заминување во договор со водичот до аеродромот -трансфер, лет за Скопје во 20:45. Пристигнување во Скопје во 00:15.

Цената покрива:

Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
Авионски превоз Скопје – Мадрид – Скопје со Wizz Air
01.11-04.11.2025 -3 ноќевања со појадок
Валиден пасош минимум 3 месеци по завршување на патувањето
Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг
Организиран панорамски разглед на Мадрид со локален водич на српски јазик со локален превоз
Сместување во хотел во Мадрид на база ноќевања со појадок во хотел 4*
Авионски програм
Организиран трансфер во Мадрид од аеродром до хотел и обратно

Цената Не покрива?

  • Доплата за чекиран багаж - куфер до 20kg
  • Аеродромски такси 1,000 денари
  • Разглед на Сеговија со локален водич 110€
  • Посета на катедрала во Сеговија со водич и влезница 40€
  • Посета на Толедо со водич 125€
  • Туристичка такса се плаќа во агенција
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Карти за локален превоз метро
  • Влезници во локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 210€
  • Индивидуални трошоци

Pin It on Pinterest