Париз Авионска програма

Нова Година 2026 > Париз Авионска програма

Париз Авионска програма

ПАРИЗ За НОВА 2026 ГОДИНА    со вклучен разглед

                Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како                                    “ Град на светлината “ е политички,економски и културен центар на Француската држава. Тој е                                     еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации.                               Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски                              случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и                              туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам,                                                       Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ќе го направат Вашиот престој во овој град                                     музеј, незаборавен.

Ограничен број на места: 609€ (37.758мкд)

 Цена на аранжманот:659€ (40.858мкд)

     Општи услови:

            

     За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници, а за реализација на

     факултативните посети, минимум од 15 патници

     Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на

     објектите за посета

П   Плаќањето е задолжително во денари (1 еур =62мкд)

     За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена

     од денот на патувањето

     Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 10дена пред патување

      За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ,целосна доплата 15 дена пред патување

     Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите можно е да претрпат промена, не се загарантирани

     и редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во

      зависност од временските услови или договор со патниците

  

           За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА Камелија Турс

 

 

Програма

1
Прв ден 30.12 (вторник) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз во 06:00 ч. Број на лет W6 4719. Слетување во Париз на аеродромот “Бове” во 09:05 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани активности и прошетки. Ноќевање.
2
Втор ден 31.12 (среда) ПАРИЗ – ЛУВР
    Појадок. Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз... прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”.
    Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд, каде традиционално се дочекува Новата 2026 Година. Евентуална можност за идивидуална прослава на Новогодишната ноќ, во некое од париските кабареа (само со претходно направена резервација). Ноќевање.
3
Трет ден 01.01 (четврток) ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД
    Појадок. Можност за индивидуална посета (првоз со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици...Враќање во Париз. Ноќевање.
4
Четврти ден 02.01 (петок) ПАРИЗ – ВЕРСАЈ | Ајфелова Кула | Крстарење по Сена
    Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета н а апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единстве ната прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
5
Петти ден 03.01 (петок) ПАРИЗ – СКОПЈЕ
    Напуштање на собите во хотелот, спакуван појадок. Трансфер до аеродромот “Бове” во 05:30ч. Рано наутро. Лет за Скопје во 09:40ч. Број на лет W6 4720. Пристигнување во Скопје во 12:25ч.

Цената покрива:

Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (со WizzAir)
Аеродромски такси
Рачна торба до 8кг (30*20*40cm)
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Сместување во хотел Ibis Styles Paris Mairie de Montreuil 3* на база 4 ноќи со појадок
Организиран панорамски разглед на Париз
Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром – хотел – аеродром

Цената Не покрива?

  • Туристичка такса за сместување 5,53 € по лице од ноќ
  • Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
  • Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
  • Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
  • Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
  • Доплата за 1/1 соба – 216€
  • Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)
  • Kрстарење по Сена, билет (од 20€)
  • Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (25€) *уплата при продажба
  • Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (60€) *уплата при продажба
  • Превоз со метро
  • Посета на забавниот парк Дизниленд
  • Патничко здравствено осигурување

Pin It on Pinterest