Берлин на точак

Пролетни патувања 2025 > Берлин на точак

Берлин на точак

Берлин, град на контрасти каде што се судираат историјата и модерната култура, е единствена дестинација за туристите од целиот свет. Од монументалните плоштади од ерата на Студената војна, до модерните уметнички галерии, Берлин нуди по нешто за секого - без разлика дали сте љубител на историјата, уметноста, гастрономијата или ноќниот живот.

Термин 16.05 - 26.04.2025

Авионска програма   4 дена / 3 ноќи

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 559 € / 34.660 денари

Напомена:

Цените се по лице за сместување во 1/2 или 1/3 соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 

ВАЖАТ општите услови на патување на Т.А. Камелија Турс Тур –Оператор. Побарајте програма при уплата на аранжман се уплаќа 30% за автобуска -50% авионска, преостанатиот износ од цената на аранжманот се доплаќа 10 дена пред поаѓање независно дали програмата е авионска, автобуска, бродска, индивидуално или групно патување. Секоја програма е креирана према условите на давателот на крајната услуга

Побарајте патничко осигурување и договор за патување. Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Во готово – авансно кредитни картици, вирманско плаќање. Патникот го   потпишува Договор пријава за патување и е согласен истиот Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена на возниот и воздушниот собраќај,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл..

Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на сместувачкиот капацитет/објект,превоз како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барање на нова услуга да се информира кај преставник,водич доколку има. Доколку нема патникот треба по писмен пат  на мел да ја извести агенцијата  за настанта ситуација, нашите агенти љубазно ќе Ви одговорат.

Доколку патникот е незадоволен треба да се обрати од 2 -5 дена по завршувањето на услугата по писмен пат мел да се обрати до матичната АГ. Се замолуваат патниците на време да бидат на појдовното место.Агентите 2 дена пред тргнување ќе го известат носителот на пријавата на  договорот  што го потписале во агенцијата останатите патници кои се запишани на самиот договор должни се да се информираат лично за  ИНФО Опции на плакање преку синдикати и работни организации со посебни договори.

Носител на овој програм е Камелија Турс или ко -организатор.Нашите агенти при избршување на уплата ќе ги известат за сите додатни информации на барање на патникот.Информирајте се во Агенцијата за пасошот и визата за граѓаните на РСМ-, како и за здравствените формалности неопходни за патувањето.

Во делот на новата настаната ситуација за информации од јавен карактер известување за патници што влегуваат во ЕУ секој патник треба да се информира преку јавните гласили и портали за пополнување на електронска апликација.Информациите се преземени од Јавни гласила.Агенцијата нема одговорност.

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса  Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции Лиценца издадена од Министерство за Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа

 

КАМЕЛИЈА ТУРС ТУРОПЕРАТОР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ

 

Програма

1
Ден 1: 16 мај (петок) СКОПЈЕ - БЕРЛИН
    Состанок на група на аеродромот во Скопје во 12:00 часот. Авионот за Берлин на Визер полетува во 14:00 часот. Слетување во Берлин во 16:15 часот. Трансфер до хотел и сместување. Слободно време за вечера во ресторан или пивница за да се пробаат специјалитетите на берлинската кујна: свинска коленица Eisbein или колбас од свинско месо со сос и кари Currywurst и сето тоа “зачинето” со пенливо германско пиво... Ноќевање.
2
Ден 2: 17 мај (сабота) БЕРЛИН
    Појадок. Опција за факултативи:
    1. Факултативна велосипедска тура 3/4 часа: Најдоброто во Берлин - откријте ја суштината на главниот град за кратко време. Можност за посета на најпознатите знаменитости како најголемиот плоштад во Берлин Александерплац - центар на бившиот источен дел на Берлин, ТВ кулата која со својата височина од 368 метри е на списокот на највисоки градби во Германија, Берлинската катедралата, Брандербуршката Порта, Рајхстаг. Станете сведок на историските пресвртни точки на контролниот пункт Чарли, меморијалот на холокаустот и ѕидот. Ќе претставиме увид во возбудливата трансформација на Берлин од тогаш до сега.
    2 Факултативна пешачка прошетка со локален водич: најголемиот плоштад во Берлин Александерплац - центар на бившиот источен дел на Берлин, ТВ кулата која со својата височина од 368 метри е на списокот на највисоки градби во Германија, Берлинската катедралата, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Рајхстаг… Слободно време. Посета на „Музејскиот остров“ во кој има 5 музеи, од кои најпосетени се Пергамон и Египетскиот музеј. Музејот Пергамон е познат по својата богата колекција на антиквитети од периодот на античка Грција, Блискиот Исток и исламската култура. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
3
Ден 3: 18 мај (недела) БЕРЛИН - Потсдам
    Појадок. Опција за факултативи:
    1. Факултативна велосипедска тура 3/4 часа: Вибрациите на Берлин – се вози низ живи населби, зелени оази, улици со графити и герила-архитектура. Добијте чувство за познатиот имиџ на градот со истражување на квартовите Кројцберг и Фридрихшајн. Ќе ви покажеме како поранешната погранична земја се преобрати на многу начини, како алтернативната субкултура се судира со големите бизниси. Одлична комбинација на панорамски патеки покрај брегот, шарени населби, источната галерија и ѕидот. Можност за крстарење по реката Шпре и уживање во прекраснате глетки на градот кои се наоѓаат покрај брегот.
    2. Факултативно посета на градот Потсдам, главен град на германската покраина Брандербург, еден од најубавите мали германски градови познат по своите 12 прекрасни палати и паркови кои се на листата на УНЕСКО, создадени во времето на најзначајниот пруски крал Фридрих Велики. Разглед на градот: рускиот кварт Александровка со дрвени куќи изградени во руски рустикален стил со црквата Александар Невски, холандскиот кварт со куќи од црвени тули во холандски стил - едно од најпосетуваните места во градот, палатата Sanssouci познатата летна резиденција на Фридрик Велики изградена во рококо стил како пандан на францускиот Версај, палатата Cecilienhof каде што е одржана Потсдамската конференциjа т.е средбата меѓу Черчил, Сталин и Труман во јули 1945 година, мостот Глинка на реката Хавел кој претставувал граница меѓу Источен и Западен Берлин за време на Студената војна и бил користен за размена на заробени шпиони поради што станал познат како Мост на шпиони, филмското студио Babelsberg кое има историско значење како најстаро големо филмско студио во светот. Слободно време за прошетка и уживање. Ноќевање.
4
Ден 4: 19 мај (понеделник) БЕРЛИН - СКОПЈЕ
    Појадок. Предлагаме (со метро) прошетка во бившиот западен дел на Берлин, по Булеварот Курфурштендам со најпознатата стоковна куќа KaDeWe... Трансфер до аеродромот во Берлин. Полетување со Визер во 16:45 часот. Слетување во Скопје во 19:00 часот.

Цената покрива:

Авионски превоз на релација Скопје-Берлин-Скопје
Рачен багаж (1 мека торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Сместување во хотел 3* во Берлин, на база 3 ноќевања со појадок
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Аеродромски такси

Цената Не покрива?

  • Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Туристичка такса 930 мкд (се плаќа во агенција )
  • Велосипедски тури (Најдоброто од Берлин / Вибрациите на Берлин) со локален водич - Група од 10 лица – 40 € по лице на ден за 3 часа / 50 € по лице на ден за 4 часа - Група од 6 до 9 лица – 55 € по лице на ден за 3 часа - Група од 1 до 5 лица – 70 € по лице на ден за 3 часа
  • Пешачка прошетка со локален водич 35 евра
  • Посета на градот Потсдам со локален водич 75 евра
  • Крстарење по реката Шпре
  • Влезници, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • -Доплата за еднокреветна соба 7.500 мкд

Pin It on Pinterest