Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 14:30. Летот Скопје-Братислава е во 16:55. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.
2
ВТОР ДЕН (24.05.2025) Сабота
По појадокот, се упатуваме на целодневна посета на Виена, главниот град на Австрија. Започнуваме со разглед со локалниот водич, кој ќе не запознае со историјата, приказните, легендите и интригите на овој град. По разгледот, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме назад кон Братислава. Во вечерните часови препорачуваме посета на локална таверна или пивница.
3
ТРЕТ ДЕН (25.05.2025) Недела
По појадокот во хотел, започнуваме со разглед на историскиот дел на Братислава со локален водич. Братислава е еден од најголемите главни градови кој се наоѓа на реката Дунав, тука ќе ги посетиме Михаеловата порта, градското собрание, универзитетската библиотека, како и сите позначајни објекти кои се наоѓаат токму во историскиот дел. По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 23:10. Пристигнување во Скопје во 00:40.
Ние користиме колачиња(cookies) за да овозможиме оваа веб страна да работи правилно како и за нејзино понатамошно подобрување се со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња. Дознајте повеќе
Задолжителни
Статистика
Маркетинг
Our website uses cookies to ensure you have the best experience. To learn more about this or to change your settings, see our Privacy Policy. AcceptNo