>

Слични Понуди

Програма

1
19.01 СКОПЈЕ – ПАРИЗ - Лувр
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Полетување за Париз во 06.20 и пристигнување во Париз во 09.20 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург... Сместување во хотел. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Mожност за посета на Катедралата Нотр Дам во најстариот дел од Париз. Продолжуваме до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.
2
20.01 ПАРИЗ – Версај
    Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило.... Попладне, посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите... Можност за прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Слободна вечер. Ноќевање.
3
21.01 ПАРИЗ - ДИЗНИ
    Појадок. Можност за факултативна посета (првоз со брз воз) до забавениот парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици…Или слободно време за прошетки низ Париз. Ноќевање.
4
22.01 ПАРИЗ - СКОПЈЕ
    Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 10.05 часот. Пристигнување во 12.45 часот.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest