Виетнам

Уживајте во преубавите предели на Виетнам, каде природа е недопрена, земја со  богата култура и љубезно население…   Прекрасни пејсажи, богата разновидна древна култура, опуштање на плажа, љубезноста на населението, егзотика која ги задоволува сите ваши сетила.

ВИЕТНАМ ЗА 12 дена  - Хо Ши Мин, Фу Чок, Ханој од 990 евра

* Во ретки случаи можное поместувања на датумот ( ден–два) во однос на  планираните поаѓања. По потврдените групи, се потврдува и датумот на поаѓање и враќање.

 

Цена на аранжманот:

ТЕРМИН

08.12.2019.

07.02.2020.

ПРОМО цена:

990€

1050€

FIRST MINUTE - Цена:

1090€

1090€

Регуларна цена :

1190€

1190€

 **PROMO – Цената важи за сите пријави до 3 месеци пред патување. First Minute – Цената важи за пријави до 2 месеци пред патување. Потоа важи Регуларната цена.

 

ТЕРМИН

08.12.2019.

07.02.2020.

До 2 години  (легло со родителите)

100€

100€

Од 2 до 12 години (легло со родителите)

750€

790€

Од 2 до 12 години (помошно легло)

850€

890€

 

 

 

 

 

Цените се однесуваат за едно дете со две платежно способни лица.

 

Услови на плаќање: При пријава задолжителна уплата од 100 ,  по формирање на групата доплата од 400 . Преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 7 недели пред патувањето

 Пријавување: Препорачуваме рано пријавување, бидејќи бројот на места е ограничен.Со самото пријавување, потребно е да се достави скенираната првата страница на пасошот, во спротивно агенцијата нема да биде одговорна за печатење на авио билети со погрешно име. Документите за виза мора да се поднесат најдоцна еден месец пред почетокот на  патувањето. Ако патниците не ги достават документите за виза во определениот рок, тие се обврзани да обезбедат визи за патување. Доколку самите патници сами ги вадат визите од нив се бара да испратат копија од визата најдоцна до 15 дена пред патувањето.

 

 Напомени во врска со патувањето

* Ко -организатор на патувањето е Т. А. Камелија со број на Лиценца А и со регистерски број 13-6271/2;  а во соработка со партнерска агенција.

*Со самото пријавуање треба да се достави копија од пасош со кој патникот ќе патува  и да се провери траењето  и исправноста на пасошот и бројот на слободни страници кој се потребни за патување

*Пасошот мора да има рок на важност до минимум 180 дена (6 месеци) од денот на враќање

* Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на некои содржини.

* Организаторот на патувањето не е овластен и не сноси одговорност во врска со важноста на пасошот и  другите документи.

* За сите информаци дадени по усмен пат агенцијата не сноси одговорност.

* Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата која патува должен/на е да ги запознае сите патници на патувањето со договорениот програм на патување, условите за плаќање и визирање како и Општите услови за патување на ТА Камелија.

* Патниците се должни да 2 дена пред тргнување се информираат за времето и местото на тргнување.

* Патникот е должен да сам се информира околу правилата на однесување во земјата во која патува како и да ги почитува важечките законски царински прописи.

* Во превозните средства најстрого се забранува пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства

* Патникот кој со своето непристојно однесување ги вознемирува другите патници или им пречи на возачот или пратителот на групата во нивната работа – веднаш ќе биде исклучен од патувањето и целата одговорност ќе му биде префрлена без право на жалба и повраток на парични средства.

* Патникот е должен да ја почитува саатнината на тргнување одредена од страна на претставникот на патувањето, а во спротивно претставникот на агенцијата има право да го исклучи од патувањето

* Во туристичките автобуси не е овозможено користење на тоалет; во согласност со планот и програмата паузи се прават на 3-4 часа (согласно локацијата и опременоста на бензинските пумпи) а кој патниците можат да ги искористат за користење на тоалет.

* Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото и времето на поаѓање, местата и времетраење на паузите; уплатата на превозот, патникот ги прифаќа сите погоренаведени услови без право на приговор и жалба.

* Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за европските патувања и 50 патници за европските патувања.

* Во случај на недоволен број патници или други објективни околности, организаторот ги информира

патниците за отказ на аранжманот пред датумот на поаѓање и тоа најдоцна 10 дена за Далечните

 патувања односно најдоца 5 дена за Европските патувања.

* Кај аранжманите со авионски превоз, по купувањето на авионската карта не е возможна рефундација на средствата и во тој случај важат условите на авионската компанија.

* Кај аранжманите кои вклучуваат Low Cost-авикомпании – во случај на одложување на летот, отказ или губење на конекција, патниците се должни сами да ги доплатат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околности кои се надвор од нејзиниот домен на работа.

* Цените од Low Cost-Аранжманите се подложни на промени, по уплата на авансот се проверуваат тарифите и тогаш на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

* Агенцијата не сноси одговорност за промените на авионските конекции од страна на авиокомпанијата.

* Саатнината на летовите во планот и програмата добиени од страна на агенцијата се подложни на промени и зависат исклучиво од авикомпанијата.

* Агенцијата го задржува правото на избор на превозни средтства за трансфери и извршува сместување доколку е тоа физички возможно.

* Организаторто на патувањето го задржува правото на корекција на договорената цена пред почетокот на патувањето, но во случај да се смени курсот, смена на валута или промена на тарифата на превозникот во законите на предвидените случаи.

* Доколку некои патници сами одлучат да ја сменат понудата на Програмата – агенцијата нема одговорност да во текот на патувањето обезбеди трансфер за сместување во хотели.

*За сите факултативни излети кој се наведени во програмата задолжително е патниците да се изјаснат со самото пријавуање во агенција

* За овој аранжман патникот се запознал со Општите услови за патување на СКТМ и КАМЕЛИЈА ТУРС

*Поради почитувањето на временските рокови предвидени со програмата за патување, како и почитувањето на времето на другите патници од групата, не постои можност за престој на границата што излегува од Европската унија, за да се потврди данокот и враќањето на данокот од Европската унија (TAX FREE)

*Препорачуваме да пазите на вашите лични документи и пари

*Малолетни лица мораат да имаат заверена согласност од своите родители

* Организаторот на патувањето го задржува правото на распоред на собите во врска со структурата на самиот хотел. Доколку постои можност агенцијата ќе се потруди да излезе во пресрет на желбите на патникот-доколку дозволува хотелот (Ве молиме за разбирањето, бидејќи ова патување е замислено како добра забава за Вас и добра авантура).

* Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачките капацитети, да сам сноси одговорност во врска со хигиената, во спротивно ќе подлежи на санкции од персоналот.

* Сместувачките капацитети вршат сместување на патниците во капацитетите по тип на соба во зависност од расположливите капацитети во моментот. Агенцијата не е во можност да на патникот му потврди дали креветот ке биде TWIN  (раздвоени) или Double (француско легло)како и по катовите во капацитетот. Патникот го уплатил аранжманот-согласен на споменатите детали и услови на патувањето без право на жалба.

* Агенцијата нема одговорност доколку патникот има здравствени проблеми-тогаш патникот е сам одговорен за своето здравје и има одговорност да има свое осигурување.

Факултативни излети.

* Факултативните излети не се задолжителни за време на патувањето.

* Термините и цените се променливи и зависат од слободните термини од локалитетите, број на пријавени патници...

* Факултативните излети се организираат од страна на локална агенција, а Камелија Турс не е во можност да влијае на работите кои се предмет на самото реализирање на факултативниот излет.

* Факултативните излети најчесто ги водат локалните водичи на самите локалитети на англиски јазик. Уплатата на излетите ја прифаќа патникот заедно со условите на локалната агенција без право на жалба.

* Агенцијата не може да влијае на должината на траењето на патувањето до локалитетите, време на поаѓање и враќање, како ни на стручноста на локалниот Водич.

*При уплаќање на факултативниот излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција.Сите последователни промени, измени и откажувања на екскурзијата по плаќањето не се можни, и не е возможна рефундација на истите. 

*Ги замолуваме сите патници да се запознаат со планираната програма и условите на изборната екскурзија пред да  платат за некој факултативен излет.

 Напомена во врска со визите:

* Патниците се обврзани да се запознат со визниот режим на државата во која патуваат.

* Некои од Амбасадите бараат лично присуство на патникот или во текот на визирањето; патникот е должен да ги испочитува правилата на амбасатата.

* Патниците се должни да документите за визирање ги досатват најдоцна до еден месец пред патувањето. Доколку не ги достават во превидениот рок-должни се да сами си обезбедат виза за патувањето.

* Агенцијата не гарантира добивање на виза и  не е овластена да ги утврди валидните документи.

* Во случај на недобивање на виза-агенцијата не сноси одговорност.

Слични Понуди

Програма

1
1 ден
    Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла” два саати пред летот. Лет до Доха со преседнување за летото до Хо Ши Мин.
2
2 ден
    Пристигнување во Хо Ши Мин или Сајгон – градот кој е стар повеќе од 300 години, центар на култура, образование и туризам. Најголемиот град во Виетнам кој претставува комбинација од западната култура со допирите на ориентот и град познат како скапоценост на далечниот исток. Градот е богат со остатоци од колонијалниот период (Нотр Дам Катедралата, поштата Шајгон, старата Американска Амбасада...)Факултативен излет за разглед на центарот на градот со што би се виделе осатоци од Виетнамската Војна во периодот 1954-1975 година, Палатата на обединувањето-симбол на поранешната влада на Сајгон...Сместување во хотел. Во вечерните часови факултативен излет-крстарење по реката Сајгон и можност за уживање во вечерните шаренила на Виетнам. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден
    Факултативен излет до реката Меконг: возење со традиционални бротчиња низ густата вегетација и околу малите острови во нејзината Делта - исклучително плодна со ориз, агруми и тропско овошје. Потоа посета на занаетчиските села во кои го има целиот материјал за опремување на на куќите од кокосово дрво; прошетка низ мирните селски патчиња и разглед на локалните овоштарници и можност за дегустација на егзотично овошје, топол чај со мед со уживање на локалната музика. Враѓање во Хо Ши Мин и слободно време за релакс масажа и уживање на волшебствата на ноќниот живот на Виетнам. Ноќевање.
4
4 ден
    Трансфер до аеродром и лет за Фу Чок – остров сместен во Тајландскиот залив, јужно од обалата на Камбоџа, познат по долгите песочни плажи и остров чија поголема површина претставува Национален Парк богат со планини, пешачки стази и густа тропска шума. Слободно време. Ноќевање.
5
5 ден
    Факултативен излет до Јужниот дел на островот Фу Чок: попатна посета на Винаријата Сим Сон-една од бројните винарии со локални избори на вина и специјалитети. Посета на Фабриката за изработка на бисер, Стариот затвор и Фабриката за производство на рибино масло на југот на Виетнам. Слободно време за посета на локалните маркети и можност за дегустација на свежа морска храна, купување на локални билки и зачини.Денот го завршувамесо капење на Сао - една од најпознатите плажи. Ноќевање.
6
6 -7 ден
    Денови предвидени за одмор на прекрасните плажи, под сенките на палмите со овошни коктели и авантури во внатрешноста на островот. Две Ноќевања.
7
8 ден
    Трансфер до аеродром и лет за Ханој. По пристигнувањето, трансфер до сместувањето. Факултативен излет: „Water Puppet - Teaтарот”- театарските кукли се наоѓаат во вода, а уметниците кои (не се гледаат и) со нив управуваат се позади нив на неколку метри. Пред Вашите очи се одвива еден спектакл од автентична музика и добивате целосна слика за виетнамската култура, уметност, историја и обичаи... Враќање во сметувањето. Ноќевање.
8
9 ден
    Факултативен излет до (источно од Ханој) Халонг Беј-скриениот залив во кој се наоѓаат околу 2000 мали карпести острови, кои 1994 година се ставени како наследство под Заштита на УНЕСКО. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
9
10 ден
    Факултативен излет до Ханој со традиционалните Рикши како би можеле одлизу да видиме како живеат на овој дел од светот или прошетка на велосипед низ старите квартови на Ханој, посета на градините Хоан Кием, Нгок Соен-храмот на хероите, Палатата Чајтман, Мавзолејот Хо Ши Мин, градскиот плоштад Ба Динх, Храмот на литературата, Првиот универзитет, Храмот на Конфучие..... Ноќевање.
10
11 ден
    Напуштање на сместувањето. Слободно време до времето за трансфер. Трансфер до аеродром и вечерен лет за Белград со преседнување во Доха
11
12 ден
    Пристигнување во Белград. Крај на патувањето.

Цената покрива:

Авионска карта со сите такси на релација Белград – Хо Ши Мин ( економска класа )
Организација и претставник за време на патувањето
Сместување во 1/2 соби во Хо Ши Мин на база 2 ноќи во хотел со 3 * ,во Фу Чак на база 4 ноќи во хотел со 3 * ,во Ханој на база 3 ноќи во хотел со 3 * (според локална категоризација)
Авионска карта со сите такси на релација Хо Ши Мин – Фу Чок ( економска класа )
Авионска карта со сите такси на релација Фу Чок – Ханој ( економска класа )
Авионска карта со сите такси на релација Ханој - Белград ( економска класа )
Трансфери според програмата

Цената Не покрива?

  • Меѓународно здраствено осигурување
  • Факултативни разгледи и излети, влезници за локалитетите и културно – историските споменици
  • Индивидуални трошоци за време на патувањето
  • Трошоци на Туроператорот за резервација и организација 15 eвра.
  • Виза за Виетнам – патникот ја вади лично во Амбасада во Софија

Pin It on Pinterest