Луковска Бања – Велигден 2024
Период: 03.05-06.05.2024
Промо цена на аранжманот 245 евра до 31.03
Редовна цена на аранжманот 265 евра
Цена по лице за минимум 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник.
Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија
со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори,
едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот
Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на новиот хотел Бела Јела во комбинација со релаксираните прошетки
низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А. Камелија Турс