>

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден 01.05.2024 Среда СКОПЈЕ - ДУБАИ
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:15 часот. Полетување од Скопје за Истанбул во 20:15 часот, лет број TK 1006 со лет на авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 22:45 часот, локално време. Полетување за Дубаи во 00:40 часот
2
2 Ден 02.05.2024 Четврток ДУБАИ
    Слетување на аеродромот во Дубаи на 02.05.2024 во 05:55 часот наутро по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер,следи организиран трансфер до избраниот хотел. Поаѓање со автобус на полудневен панорамски разглед на Дубаи, со лиценциран водич на српски јазик. Прекрасна можност панорамски да го видите традиционалниот и модерниот Дубаи. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и панорамски разглед на хотелот Атлантис; посета на најпознатата плажа на која се наоѓа хотелот чудо на модерната архитектура, Burj Al Arab (краток стоп за фотографирање). Од таму ќе продолжиме кон џамијата, која ќе ја погледнеме само од надвор, а потоа кон стaриот дел на Дубаи кој ја задржал автентичната архитектура и ќе го посетиме музејот во Ал Фахади – тврдината изградена во 1787г. каде може да се видат сцени од историскиот развој на градот. Продолжуваме со прошетка низ заливот со традиционални бротчиња наречени Абри кои ќе не однесат до традиционалниот пазар на зачини и злато, наречен Сук. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
3
3 Ден 03.05.2024 Петок ДУБАИ - Пустинско сафари
    Појадок во хотел. Слободно претпладне за индивидуални активности. Попладне, факултативно – Пустинско Сафари – Волшебно доживување во пустината со вклучена вечера. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Патот ќе не одведе до камп, изграден таму некаде во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, да јавате камили и да ги вкусите традиционалните Арапски јадења како и свежо подготвена скара. Вечерата ќе ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот ќе ве однесе директно во приказните од 1001 ноќ… Враќање во хотелот. Ноќевање.
4
4 Ден 04.05.2024 Сабота ДУБАИ – Абу Даби
    Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор, или можност за факултативна посета на најголемиот Емират – Абу Даби со лиценциран водич на српски јазик. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayed Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време. Потоа ќе се заминеме кон резиденцијалната зона на градот, ќе застанеме кај Heritage Village (Музеј на наследството) – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Посета на Yas Island во чија близина е една од најпознатите Формула 1 ноќни стази. Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Ноќевање
5
5 Ден 05.05.2024 Недела ДУБАИ – Miracle Gardeb и Global Village
    Појадок во хотел. Факултативна посета на Miracle garden и Global Village. Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Тука се останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модeрен панаѓур на Дубаи со штандови од сите земји од светот. Факултативна посета на Museum of The Future. Дубаи го отвори Музејот на иднината (МОТФ), што властите го опишаа како најсовремена и најубава зграда на светот. Проектиран од локалното студио „Кила дизајн“, музејот има облик на издолжен прстен со празнина во средината и е сместен покрај издигната пруга. Ова е архитектонско и инженерско чудо кое самоуверено ги испреплетува минатото и иднината и ја применува напредната технологија во традиционалните уметнички форми. Вечерта, факултативно, романтично крстарење (“Dhow Cruise”) низ каналот во Дубаи на арапски древен брод – „Dhow”. Ќе се опуштиме покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови, абра бродовите како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Пловејќи покрај милион светилки и панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Враќање во хотелот. Ноќевање.

6
6 Ден 06.05.2024 Понеделник ДУБАИ - СКОПЈЕ
    Појадок во хотел. Oдјава од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Дубаи. Со завршувањето на пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од нај богатите земји на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Полетување од Дубаи за Истанбул во 13:40 часот. Слетување во Истанбул во 17.25 часот и полетување за Скопје во 19.00 часот. Слетување во Скопје во 19.25 часот.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest