>

Слични Понуди

Програма

1
10. Февруари (Сабота) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
    Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 11:00 часот. Полетување за Венеција во 12:35 и слетување во 14:30 часот. Трансфер од Аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките... Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.
2
11. Февруари (Недела) МУРАНО - БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА
    Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција, покрај ревиите со карневалски костими на Плоштадот Сан Марко. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет... Ноќевање.
3
12. Февруари (Понеделник) ВЕРОНА
    Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот... Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
4
13. Февруари (Вторник) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
    Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до Аеродромот во Венеција. Полетување за Скопје во 15:00 и слетување во 16:45 часот.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest