Белград - 11ти Октомври

Градот Белград лежи на два меѓународни водни патишта, на вкрстувањето на  реките Сава и Дунав, кои го опкружуваат од три страни. Поради позицијата, градот е познат како „премин кон Балканот“ и „врата кон Централна Европа“. Најстарите археолошки наоди во регионот на Белград датираат од петтиот милениум п.н.е. Предисторискиот локалитет Винча се наоѓа на десниот брег на Дунав и има траги од праисториски човечки културен материјал (неолитска пластична уметност), што го прави Белград еден од најстарите градови во Европа.

Посетете го овој град за 11ти Октомври без да се двоумите! 

Термин 09.10-11.10.2021

Цена по лице 89евра 

Б Е Л Г Р А Д

Термин: 11 Октомври 2021 | 3 дена / 2 ноќи со aвтобус  |  разглед на Белград со водич | Нови Сад

Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со туристички автобус

– разглед на Белград со локален водич

- 2 ноќевања со појадок во избран Хотел во Белград;

- организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник од агенција;

- посета на шопинг центар Ушче.

                   

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- факултативна посета на Нови Сад - 900мкд (пријавување во агенција при резервација / мин. 30 пријавени за реализација);

- Вечера во традиционален ресторан на Скадарлија
туристичка такса - 200мкд по лице за цел престој  (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
- здравствено патничко осигурување.

Програма

1
1 ден 09.10 (Сабота) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
    Поаѓање од Скопје во 02:00 часот (пред VIP хотел наспроти Саем). Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 10 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, потоа атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Можност за посета на традиционален ресторан на Сакадарлија (Опционална вечера) Ноќевање
2
2 ден 10.09 (Недела) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД
    Појадок. После појадокот организиранa факултативна посета на Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. Целодневна посета на Градот. На враќање во попладневните часови, посета на Outlet Indzija. Враќање во хотел. Организирана вечера (факултативно). Ноќевање
3
3 ден 11.09 (Понеделник) БЕЛГРАД - СКОПЈЕ
    Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Слободно време во центарот на Белград. Заминување кон шопинг центарот Ушче каде ќе имаме слободно време за индивидуални активности.. Во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови

Видео

Цената покрива:

2 ноќевања со појадок во избран Хотел во Белград
посета на шопинг центар Ушче
организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник од агенција
разглед на Белград со локален водич
превоз на наведената релација со туристички автобус

Цената Не покрива?

  • факултативна посета на Нови Сад - 900мкд (пријавување во агенција при резервација / мин. 30 пријавени за реализација);
  • Вечера во традиционален ресторан на “Скадарлија”
  • туристичка такса - 200мкд по лице за цел престој (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
  • здравствено патничко осигурување

Pin It on Pinterest