Слични Понуди

Програма

1
1ден/ 05.03 (петок) ШТИП - ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - КУМАНОВО – БЕЛГРАД
    Поаѓање од Штип во 00:30 часот (пред Стадионот-нова пошта). Од Велес во 01:15 часот (бензиска Макпетрол-кружен тек на влезот во Велес). Од Скопје во 02:00 часот (пред VIP хотел наспроти Саем). Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 10 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, потоа атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Сместување во избраниот хотел: Srbija 3* или Abba 4*. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Ноќевање.
2
2ден/ 06.03 (сабота) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД
    Појадок. После појадокот организиранa факултативна посета на Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. Целодневна посета на Градот. На враќање во попладневните часови, посета на Outlet Indzija. Враќање во хотел. Организирана вечера (факултативно). Ноќевање.
3
3ден / 07.03 (недела) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА
    Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон најновиот и атрактивен трговскиот центар Галерија. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка. Попатно кон Македонија посета на IKEA. Во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest