Слични Понуди

Програма

1
1 ден (18.10.2019 - петок) | Скопје - Рим
    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 12:00 часот. Полетување за Рим во 14:25 часот. Пристигнување во Рим во 16:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ градот (предлог од придружникот на агенцијата на лице место). Ноќевање.
2
2 ден (19.10.2019 - сабота) | Рим (Разглед и Ватикан)
    Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро/автобус, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Разгледот продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ - единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со факултативен организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро/автобус) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден (20.10.2019 - недела) | Тиволи, Рим (Колосеум - однадвор), Сан Клементе
    Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи факултативно (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден (21.10.2019 - понеделник) | Рим - Скопје
    Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (последно кафе или шопинг во Рим) и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 16:30 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 18:10 часот.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest