Саримсакли - Кушадаси – Измир

Саримсакли се туристички местa на егејското море, кои освен со широките и песочни плажи, се карактеризираат и со исклучително поволната клима.Саримсакли, од Светската здравствена организација е прогласено како една од најдобрите воздушни бањи во регионот.Во непосредна близина на Саримсакли, од спротива на копното се наоѓа грчкото острово Лезбос, како и дваесетина помали и егзотични островчиња. Недалеку од него (околу 8 км) е градот Ајвалик, кој се карактеризира како културен и трговски центар во областа.

 

Кушадаси е најголемото летувалиште на турско-егејската обала, но и место каде непрекинато доаѓаат патнички бродови од каде туристите идат да го видат древниот Ефес. Покрај пристаништето се наоѓаат и ѕидините на Стариот град (Caravanserai), во кој се сместени голем број на работилнице, ресторани и места за ноќен провод. Одма поред него се наоѓа Островот на птиците, шарматно островче на кое се наоѓа мала тврдина, како и неколку кафичи и барови. Под островот се наоѓа нова марина во која пристигнуваат јахти од целиот свет. Од таму градот почнува да се шири со голема брзина и секоја година има се повеќе и повеќе хотели, покрај обалата и низ брдата кои го опкружуваат градот. За младите тука е и позната Bar street, каде баровите работат секоја вечер и гарантираат феноменална забава во текот на летувањето.

Измир град кој се наоѓа во југозападна Турција, во Измирскиот залив на Егејско Море. Градот е трет по големина во земјата по Истанбул и Анкара  и во него се наоѓа второто најголемо пристаниште во Турција. Градот е и главен на Измирската провинција. Во антиката, градот бил познат како Смирна.

 

НАПОМЕНА:

*  Организатор на аранжманот е Т.А. Камелија Турс;

*   Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;

*   За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40  патника;

*   За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;

*   Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

*   Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

*  Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

*  За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;

*  Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

*  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Програма

1
1 ден: СКОПЈЕ -САРИМСАКЛИ
    Состанок со групата пред “Дрво Декор” во 19:00 часот. Се патува од Скопје преку Грција Дневно и Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2
2 ден: АЈВАЛИК - САРИМСАКЛИ
    Пристигнување во раните утренски часови АЈВАЛИК посета на Seytan Sofrasi каде сто можетe да видите во овој предел во некогашното време народно кажано ѓавол кој стапнал со стопалото и оставил голема стапалка која во денешното време се спомнува и е спомнат. Сместување во хотел, краток одмор, Слободно време за индивидуални активности и запозанавање на содржината на хотелот и околината. Вечера. Ноќевање во Саримсакли.

3
3 ден: КУШАДАСИ Центар
    По појадокот заминување кон Џунда Ајвалик: посета на Фабриката за производство на маслиново масло и маслинки-можност за дегустација и купување на истите до времето пред тргнување за Џунда. Крстарење по островите. Факултативно; Ручек на брод. Кратка пауза во Џунда: посета на православна Црква, Музеј, прошетка покрај море...
    Заминување кон Кушадаси во попладневните часови разглед на градот и неговите културни историски знаменитости, сместување во хотел. Вечера.Факултативно посета на посета на турски хамам, Ноќевање.
4
4 ден: КУШАДАСИ
    По појадокот заминување до Ефес: еден од најбогатите археолошки локалитети од Антички период, посета на куќата на Света Богородица, во која Дева Марија ги поминува последните денови од својот живот, посета на Ѕидот на желбите. Потоа се упатуваме кон малото градче Селчук каде се посетува Црквата и гробот на Св. Јован. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање
5
5 ден: ИЗМИР
    Појадок, по појадокот заминување кон Измир-древната Смирна (каде се земени сцени од познатиот филм Далеку од дома), еден од поголемите градови во Турција, разглед на градот и посета на некои од познатите трговски центри. Слободно време. Во ноќните часови заминување кон Северна Македонија.
6
6 ден: ИЗМИР – СКОПЈЕ
    Пристигнување во рани утрински часови во Скопје

Цената покрива:

Траект Чанакале
Вклучени сите влезови и дозволи:Чанакале,Eфес,Сарамсакли,Џунда(музеј)
Сместување во хотел 3 * во Сарамсакли на база 1 нокевање со појадок
Сместување во хотел 4* во Кушадаси на база 2 ноќевањa со појадок и вечера
Локални водичи Кушадаси, Ефес, Измир, Џунда
Пратител на патувањето и организација на аранжманот
Превоз на наведената релација со високо квалитетни туристички автобус
Туристичка такса во хотелите

Цената Не покрива?

  • Патничко – здраствено осигурување
  • Крстарење со брод - Џунда со ручек 15 €
  • Ефес
  • Куката на Дева Марија
  • Влезници на фабриката за масло
  • Влезници за музеите и останати знаменитости
  • Турска бања
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот

Pin It on Pinterest