Барселона

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. 

   ПРОМО ЦЕНА 22,320 мкд(360€)  ДО 15.08.2019

  ЦЕНA ПО ЛИЦЕ:380 € (23.560 мкд)

Факултативи:

 * Факултативните посети не се задолжителен дел од програмата;

* Агенцијата не сноси одговорност за промена на цената на билетите за факултативните посети и истите зависат од слободните термини на локалитетите како и од бројот на пријавени патници;

* Термините на факултативните посети се променливи

* Факултативите задолжително се резервираат во агенцијата при самата уплата по избор!

 

 НАПОМЕНИ: 

*Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

*Цената е пресметана на минимум 23 особи лицаи доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и за факултативите минимум 20 особи.

*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари 

*Пасошот треба да важи минимум 3 / 6 месеци по завршување на патувањето

*Важат Општите услови на Т.А Камелија Турс-Туроператор со лиценца-А членка на СКТМ

* Организатор на ова патување е Камелија Турс:  Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ  (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции

*Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањетои промена на цената на аранжманот поради покачување на цената  авионските карти

*5 дена пред полетувањето Агенцијата ќе објави информации за саатнината на полетувањето и слетувањето

 

Програма

1
СКОПЈЕ-БАРСЕЛОНА
    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:15 часот. Полетување за Барселонa во 18:15 ч. Пристигнување во Барселона во 21:05 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
2
БАРСЕЛОНА
    Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо,Готскиот кварт Минувајќи низ неколку улици ќе ја здогледате импозантната градба ,Гаудиевото животно дело – Саграда Фамилија. Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Факултативна посета на ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата. На враќање ќе го видиме ремек делото на шпанскиот архитект Антонио Гауди Каса Батло (Casa Batlló) , или Куќата од коски , изградена на во почетокот на 20 век , а наспроти неа ќе ја здогледате и Каса Мила (Casa Milà)или Ла Педрера , куќата без рабови , која додека ја набљудувате имате впечаток како да гледате во смрзнати бранови. Факултативен разглед до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Следува слободно време за индивидуални активности и можност во шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза, ручек или шопинг. Навечер Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
БАРСЕЛОНА
    Појадок во хотел. Ви нудиме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Првин одиме во посета на паркот Гуељ, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и е значајна знанемитост на Барселона . На влезот во паркот , кој што е огромен и каде што ќе доживеете необјасниво смирување и спокојство , иако туристи од разни континенти буквално го преплавуваат целиот парк ,се наоѓаат Гаудиевата куќа и гуштер облепен со скршени керамички плочки , изработка по гаудиевата техника “тренкадис” . Посетата продолжува кон Тибидабо , (највисоката точка во Барселона -512 метри надморска височина ) паркот Гуел се наоѓа во подножјето на брдото Тибидабо . Од ова брдо се пружа совршен и најубав поглед на цела Барселона и морето , тука може да уживате ,да се напиете кафе , сок и сето тоа додека музицира локален бенд , расположен за добра свирка и забава.Потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Враќање во хотел со метро.Слободно време за индивидуални активности. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу, фламенкото претставува национален танц на Шпанија кој представува микс на музика и танц.Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4
БАРСЕЛОНА -СКОПЈЕ
    Појадок.Напуштање на хотел и индивидуална прошетка до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром. Лет за Скопје. Пристигнување во Скопје.

Цената покрива:

Авионски превоз на наведената дестинација Скопје – Барселона – Скопје со Wizzair
Организиран разглед на Барселона по програмата со локален водич
Рачен багаж торба (макс. димензии: 40x30x20 cm) што треба да се смести под седиштето
Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
Трансфер аеродром хотел аеродром

Цената Не покрива?

  • Аеродромски такси 3,000 денари
  • Посета на парковите Барселона (Парк Гуел, Тибидабо, Шпанско село) со водич и билет – 55 €
  • Влезница за Аквариумот 25 €
  • Влезница за стадионот Ноу Камп 25€
  • Влезница за посета на Мон Жуик 20 €
  • Влезница за посета со вклучен пијалок на Фламенко шоу 45€
  • Билети за јавен превоз на лице место
  • Туристичка такса
  • Патничко – здраствено осигурување 5 €

Pin It on Pinterest