РУСИЈА-Санкт Петербург и Москва

Москва град на суперлативи, најмногу милијардери, најскапите кафиња и - наскоро - најколосалнатa зграда во светот. Ако Санкт Петербург е Руската царска круна , Москва е нејзиното фамилијарно срце. Тоа е град во кој човек истовремено се сретнува со сето она што е најдобро и сето она што е најфрустрирачко во Русија. Москва е градот каде советското минато се судира со капиталистичката иднина. Мавзолејот на Ленин стои недопрен, но денес тој се соочува со новиот и шик ГУМ, кој сè повеќе наликува на Macy's или Harrod's. Сепак, како што расте новата Москва, секое движење кон иднина ќе биде означено со силна благодарност кон богатото и разновидно наследство на градот - наследство од пред ерата на Советскиот Сојуз. Старите катедрали се реставрирани и отворени за верски обреди, иновативните театри го враќаат лидерство во уметноста и традиционалните пазари се враќаат во живот. Москва уште еднаш ја потврдува својата позиција како главен град и мајка град на древната држава Русија.

Санкт Петербург  еден од најубавите градови во светот - ги има сите состојки за незаборавно патувачко искуство: висока уметност, раскошна архитектура, див ноќен живот, извонредна историја и богати културни традиции кои се инспирација и поттик за некои од најголемите дела во современата литература, музика и визуелна уметност. Од мистериозноста на самракот на Белите ноќи до ненадмашните продукции на операта и балетот во магичните зимски ноќи, Санкт Петербург шармира и привлекува во секоја сезона

 За уплата до 17 Април     779 евра     (48.300 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   869 евра     (53.880 денари)

НАПОМЕНИ:

-За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

-За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМи Т.А Камелија Турс

Цените се дадени во евра, уплатата се врши во денарска противредност 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Слични Понуди

Програма

1
23. Мај (Четврток) СКОПЈЕ - ВИЕНА - САНКТ ПЕТЕРБУРГ
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:15 часот. Полетување во 04:30 преку Виена и пристигнување во Санкт Петербург во 13:30 часот (локално време). Организиран трансфер до хотелот и сместување. Панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни... Посета на Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Ноќевање.
2
24. Мај (Петок) САНКТ ПЕТЕРБУРГ - ПЕТЕРГОФ - ЕРМИТАЖ
    Појадок. Факултативна прошетка до фантастичниот Петергоф, со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство. Враќање во хотелот во попладневните часови. Препорачуваме посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата (превоз со метро). Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо...Ноќевање.
3
25. Мај (Сабота) САНКТ ПЕТЕРБУРГ - ЦАРСКО СЕЛО
    Појадок. Препорачуваме прошетка до летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин. Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Можност за крстарење со брод по реката Нева, со восхитувачки глетки кон архитектурата на градот. Ноќевање.
4
26. Мај (Недела) САНКТ ПЕТЕРБУРГ - МОСКВА
    Појадок. Трансфер до железничката станицаво Санкт Петербург и организиран превоз со модерен брз воз Сапсандо станицата Ленинградски вогзал во Москва (4 часа). Сместување во хотелот. Организиран разглед со запознавање со моќната руска престолнина: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Мосфилм (рускиот Холивуд), со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва. Ноќевање.
5
27. Мај (Понеделник) МОСКВА - КРЕМЉ
    Појадок. Факултативна посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда” и обиколка на царската ризница богата со круни, злато, дијаманти...Слободно време за индивидуални прошетки, можност за посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад.Ноќевање.
6
28. Мај (Вторник) МОСКВА
    Појадок.Можност за организирање на факултативен излет до Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комлекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Разгледување на Сергиевата Лавра, бисер на руската уметност и архитектура. Вечерната прошетка во Москва продолжува со обиколка на некоја од најубавите метро станици со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури. Ноќевање.
7
29. Мај (Среда) МОСКВА – ВИЕНА - СКОПЈЕ
    Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот Домодедово во Москва. Полетување за Скопје преку Виена во 14:35 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

Цената покрива:

Авионски превоз на релацијата Скопје – Виена – Санкт Петербург и Москва – Виена – Скопје со вклучени аеродромски такси
Рачен багаж (ташна и 1 торба/куфер со вкупни димензии 115 см до 8 кг)
Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Сместување во Хотел 4* во Санкт Петербург на база 3 ноќевања со појадок и сместување во Москва во Хотел 4* во Москва на база 3 ноќевања со појадок
Организирани разгледи на Санкт Петербург и Москва
Трансфер во Санкт Петербург и Москва од аеродромот до хотелот
Туристичка виза на Руската Федерација
Превоз со брз воз од Санкт Петербург до Москва со организиран превоз до железничките станици

Цената Не покрива?

  • - Багаж за чекирање 1 куфер до 23 kg 3.100 денари
  • - Факултативни излети (вклучени влезници, превоз и локален водич) Кремљ 50 евра, Сергиев Посад 35 евра Ермитаж 35 евра, Петропавловска Тврдина 10 евра, Петродворец Петергоф 45 евра, Царско Село Пушкин 50 евра, Крстарење со брод по реката Нева
  • - Карти за театарска претстава и карти за локален превоз (метро)
  • - Патничко-здравствено осигурување

Pin It on Pinterest