СИЦИЛИЈА е најголемиот остров во Средоземното Море и еден од 20-те региони на Италија. Тој е еден од петте италијански автономни региони и официјално се нарекува Регион Сицилијана и нејзин главен град е Палермо.
Нејзиното најистакнато обележје е Етна, еден од највисоките активни вулкани во Европа и светот, моментално висок 3.357 m. Островот има типична медитеранска клима и е познат по своите катедрали, лозја, плажи и неверојатна архитектура. Операта во Палермо и барокните цркви на УНЕСКО во Ното и Модика се светски познати сицилијански архитектонски знаменитости, заедно со грчките храмови на долината на храмовите лоцирани во Агриџенто..
НАПОМЕНА :
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 17 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 15 дена пред датумот на поаѓање;
Цената на аранжманот зависи од моменталната расположливост на местата во авионот;
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата;