>

Слични Понуди

Програма

1
03.05.2024 (Петок) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
    Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација и користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2
04.05.2024 (Сабота) ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ
    Појадок. Можност за факултативен претпладневен излет со локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3
05.05.2024 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА ВЕЛИГДЕН
    Појадок. Можност за посета и присуство на велигденска литургија во црквата Св. Преображение. Натпревар во кршење со велигденски јајца. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

4
06.05.2024 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – ЛАЗАРИЦА – СКОПЈЕ
    Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Зaминување за Македонија после пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest