Виена Летен концерт 2024

Пролетни патувања 2024 > Виена Летен концерт 2024

Виена Летен концерт 2024

Виена поранешниот главен град на моќната Австро-унгарска империја, а денес главен град на Австрија

кој е и модерна туристичка метропола на брегот на прекрасниот син Дунав.

Виена секојдневно цели да го шармира секој посетител со убавината на палатите на парковите царски Хофбург и Шенбрун,

богатите уметнички колекции и музичкото наследство,

но и со одличен шопинг, поминување времево бројни ресторани со многу пиво и локално вино. Виена е и градот во кој живееле и создавале Гете, Фројд,

Бетовен, Ајнштајн, Моцарт и многу други.

Всушност, сè е посебно во Виена, од убавината на нејзината панорама па се до вкусот на колачите.Концертот на познатата

Виенска филхармонија е еден од врвните настани на Виенската концертна сцена

Паркот пред виенската палата Шенбрун ќе се трансформира во уникатен концертен подиум на отворено.

Познатиот оркестар сака да организира уникатен настан за жителите на Виена и за сите туристи.

Програма

1
06.06.2024 Скопје- Виена
    Состанок на групата пред "Дрво Декор " во 13:30 ч.Заминување за Виена во 14:00 ч . Се патува преку Србија и Унгарија ноќно возење со попатни одмори за царински формалности и одмор.
2
07.06.2024 Виена
    Пристигнување во Виена во предпладневните часови, панорамско разгледување на градот со локален водич: булеварот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедаралата Св. Стефан, шарената куќа Хундертвасер,...Сместување во хотел во 14 часот По кратомк одмор во одредено време заминување кон дворецот на Шенбрун и од каде можете да го следите во живо концертот на Виенската Фихармонија, со богата програма и звуците на класичната музика, изведувањето ке биде под отворено небо на платото на двораната. Овој концерт се организира со децении во градот на музиката и од целиот свет има посетеност. По завршувањето заминување кон хотелот во договорено време. Ноќевање
3
08.06.2023 Белведере – Виенски пратер
    Појадок.По појадокот разглед на градот со водич, заминување во центарот на Виена. Можност за факултативна посета на, летната Хазбуршката резиденција од 1700г. еден од најубавите во Европа како и дворецот Белведере.заминуваме кон Виенскиот пратер каде ќе можете да го доживеете најстариот парк во Европа кој е симбол на Виена. Во вечерните часови враќање во Хотел. Ноќевање.
4
09.06.2023 Виена – Parndorf outlet
    Појадок.По појадокот заминување кон Pandorf outlet center кој се наоѓа на патот од Виена кон Будимпешта. Во попладневните часови заминување кон Скопје преку Унгарија, Србија, ноќно возење со попатни паузи.
5
10.06.2023 Скопје
    Пристигнување во утринските часови во Скопје.

Цената покрива:

Трансфер до Дворецот Шенбрун
Oрганизација и водство на патувањето со пратител од агенцијата
Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевање со појадок
Разглед на Виена со локален водич
Превоз со високо туристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)

Цената Не покрива?

  • Белведере и забавниот парк Виенски пратер - 30еур (трансфер) доплата на влезница за замокот индивидуално
  • Влезници за културно историските споменици
  • Доплата за 1/1 соба
  • Осигурување 5 € ( до 65 години)

Pin It on Pinterest