Вила Мерсинис - Неос Мармарас

Лето 2024 > Грција > Ситонија (ll Крак) > Неос Мармарас > Вила Мерсинис - Неос Мармарас

Вила Мерсинис - Неос Мармарас

  ВИЛА МЕРСИНИС-НЕОС МАРМАРАС, ЛЕТО 2024

ВилатаMersinis  во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија  има се` што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки,  сопствен паркинг,  преубава плажа, мир, спокојство...

Вилата е комплетно изолирана од градската  врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената Lagomandra Beach“.

Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата Mersinis  ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот,

но и да ги користите услугите во ресторанот. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

ВилатаMersinis  има шест пространи апартмани  на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси  со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни

(решо, мал фрижидер со мини комора и основни садови за готвење и јадење), купатила, телевизори и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот.

Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори,

а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Mersinis” - Неос Мармарас

Термин:

Ноќевања:

1/2+2 апартман

1/2+3 апартман

20.05-30.05.2024

10

300€ (18.600)

350€ (21.700)

30.05-09.06.2024

10

400€ (24.800)

450€ (27.900)

09.06-19.06.2024

10

500€ (31.000)

550€ (34.100)

19.06-29.06.2024

10

600€ (37.200)

650€ (40.300)

29.06-09.07.2024

10

700€ (43.400)

750€ (46.500)

09.07-19.07.2024

10

800€ (49.600)

850€ (52.700)

19.07-29.07.2024

10

800€ (49.600)

850€ (52.700)

29.07-08.08.2024

10

800€ (49.600)

850€ (52.700)

08.08-18.08.2024

10

800€ (49.600)

850€ (52.700)

18.08-28.08.2024

10

800€ (49.600)

850€ (52.700)

28.08-07.09.2024

10

650€ (40.300)

700€ (43.400)

07.09-17.09.2024

10

500€ (31.000)

650€ (40.300)

17.09-27.09.2024

10

350€ (21.700)

550€ (34.100)

 

 

- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

- Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

- Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот

- Цена на повратен билет –50 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евраЦена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.

Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

 

Слични Понуди

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest