Сицилија 03ти Март

Мартовски патувања 2025 > Сицилија 03ти Март

Сицилија 03ти Март

С  И  Ц  И  Л  И  Ј  А

                                                                                                   Термин 03.03-07.03.2025

 

           Ц Е Н А  НА  А Р А Н Ж М А Н О Т: 530 евра / 32.860 денари

 

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И

 

Секој програм е креиран со посебни услови.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

Цената на аранжманот е пресметана на минимум 23 лица

Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже

или да ја зголеми цената на аранжманот.

2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување

или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање

Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа  со нови пасоши и уплата на аконтација која е

неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

Аконтацијата се уплака: од 50% од цената. Цената е загарантирана само за целосна уплата.

Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник

; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.

Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена

(авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж,локален водич,факултативите,сместување во објектот).

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети:

Во случај на помал број патници (од предвидените 20 патници  не се пријават тогаш се зголемува цената  за факултативите)

во зависност од тоа колку ќе се пријават цената на факултативите е подложна на промена на лице место

согласно политиката на локалната Агенција или локалниот водич.

Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите.

Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и

локалните објекти кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии.

Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи

промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување

на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

(застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања,

каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ .членка на ЕТОА

Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и

организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717)

и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции.

Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

 

 

 

 

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден Скопје - Тирана - Катанија 03.03.2025
    Состанок на групата на договореното место во 04:30 часот. Поаѓање за Тирана во 03:30 часот. Полетување од Тирана за Катанија во 13:05 и слетување во 14:35 часот во Катанија, пречек од страна на нашиот локален водич во Катанија. Се упатуваме кон хотелот, сместување во хотел и во договорено време разглед на градот со неговите културно историски знаменитости по договор со локалниот водич. Овој град под Етна, после бурната историја и земјотресот, обновен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Прошетката продолжува покрaj рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi… Слободно време за уживање и освежување со највкусниот сладолед и сицилијанскиот десерт – Гранита. Враќање во хотел во Катанија. Ноќевање.
2
2 Ден / Катанија - Етна - Таормина - Катанија (автобус) 04.03.2025
    3
    3 Ден Катанија-Палермо-Катанија 05.03.2025
      Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Палермо со локален професионален водич. Разглед на градот и неговите културно историски знаменитости. Ќе можете да ја посетите Палатата на Норман, Новата Капија, Катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот,”Quattro Canti”, Црквата Марторана, театрите Политеама и Масимо. Враќање во Катанија. Слободни активности. Ноќевање.
    4
    4 Ден/ Катанија- Сирагуза - Катанија 06.03.2025
      Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Сирагуза, со локален професионален водич Провинцијата Сиракуза со површината од 2.108 km², и население од 399.933 е една од 9-те сицилијански провинции, сместена на југоисток од регионот Сицилија во Италија. Главен град на покраината и најголема урбана населба е градот Сиракуза со 118.385 жители. Сиракуза има бројни археолошки локалитети времето на Грција и Рим. Ќе го видите најголемиот грчки театар, каменолом и рајски парк, олтар и римски амфитеатар и ќе дознаете какви тајни крие увото на Дионис.Враќање во Катанија во вечерните часови. Ноќевање.
    5
    5 Ден /Катанија – Тирана трансфер до Аеродром 07.03.2025
      Појадок. По појадокот напуштање на собите и одјава од хотелот. 08:30 часот организиран трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување за Тирана во 11:05 часот, слетување во Тирана во12:30 часот. Организиран трансфер од Тирана до Скопје

    Цената покрива:

    Организација и водство на патувањето
    • Авионски превоз на наведената релација Тирана- Катанија - Тирана (Wizz air)
    Пречек на локален водич во Катанија
    Сместување во хотел со 3* во Катанија 4 ВВ
    Разглед на Катанија со локален водич
    Разглед на Таормина и Етна до... 1980 метри надморска височина
    • Организиран автобуски трансфер: Скопје - Тирана – Скопје

    Цената Не покрива?

    • Вленици за културно-историски споменици
    • Патничко осигурување
    • Туристичка такса 2 еур (по ноќевање)
    • Разглед на Палермо со локален водич 65 еур
    • Разглед на Сирагуза со локален водич 45 еур
    • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 40х30х20см (со максимум 10kg)
    • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg

    Pin It on Pinterest