Винарија Попова Кула Валентајн

Јануарски патувања 2025 > Винарија Попова Кула Валентајн

Винарија Попова Кула Валентајн

ВИНАРИЈА ПОПОВА КУЛА, ДЕМИР КАПИЈА 

                                          Термин:  14.02  - 17.02.2025                                                               

 Место каде времето се мери со воздишки

На 14 Февруари, Денот на Вљубените кога во светот се поклонуваат

илјадници рози и безброј прегратки,бидете и Вие дел од овој настан 

Попова Кула е уникатен Комплекс кој опфаќа:Винарија, стилизиран хотел,

ресторан со прекрасна тераса и простран двор, детско катче за најмалите,

како и продавница за вино и подароци.

Самата локација плени со своето прекрасно опкружување и фантастичниот поглед

правејки го едно од најубавите места за Ваша најсподелувана приказна ...

Цена на аранжманот по лице: 60 еур / 3.700,00 ден

 

Tимот на Камелија Турс Ви посакува пријатен престој!

 

 

Програма

1
1 ДЕН 14.02 СКОПЈЕ - ДЕМИР КАПИЈА
    Состанок на групата во 07:00 часот на Дрво Декор. Во 07:30 поаѓање за Кавадарци-посета на Винаријата Попова Кула. Пристигнување во хотелот и сместување во Попва Кула. Слободно попладне за одмор и релаксирање за користење на услугите од Винаријата. Ноќевање.
2
2 ДЕН 15.02 ДЕМИР КАПИЈА
    Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Винаријата Попова Кула: разглед на Винаријата Попова Кула - факултативно во договор со нашиот преставник организирана Дегустација со преку 20 различни видови вино од 11 различни сорти на грозје. Со помош на нивниот Професионален Дегустатор на вино можете да направите избор за Вашата винска дегустација која вклучува 5 различни типови вино со соодветно сирење, пршути и десерт, или Гастрономска винска дегустација од 5 типови вино со соодветен оброк.При посетата на овој храм на виното - Винарската Визба Попова Кула -имате единствена можност да пробате вино произведено од автохтони македонски и сорти на грозје: Станушина, Вранец, Темјаника, Жилавка и Прокупец... а сите посетители на Продавницата во Винарската визба имаат ексклузивна понуда на специјални вина кои не можете да ги најдете во продажба на пазарот.Ноќевање.
3
3 ДЕН 16.02 ДЕМИР КАПИЈА - СКОПЈЕ
    Појадок. Одјава од хотелот според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Скопје во договорено време. Пристигнување во вечерните часови.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Автобуски превоз на наведената релација.
Користење на удобностите на хотелот Према правилата на хотелот
Сместување во Винарија Попова Кила на база 2 ноќевања со појадок

Цената Не покрива?

  • Индивидуални трошоци
  • Дегустација на вина
  • Со сопствен превоз се намалуваат 620 денари
  • Доплата за вечера

Pin It on Pinterest