Дубаи

Дубаи

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација - една од најпосетените во светот.

Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели,

импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма…Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди,

70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.

ДУБАИ   со лет од СКОПЈЕ

ГРУПНО ПАТУВАЊЕ

  АВИОНСКА ПРОГРАМА

ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 09-15.02.2025 / ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 10-14.02.2025 (4 НОЌИ) 

LOVE DUBAI ФЕВРУАРИ 2025  ГРУПНО ПАТУВАЊЕ

ХОТЕЛ

УСЛУГА

ТИП НА СОБА

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

10-14.02.2025/ 4 НОЌИ

Ibis One Central 3*

НП*

Цена по лице во двокреветна соба

 €                         795,00

Novotel WTC  4*

НП*

Цена по лице во двокреветна соба

 €                         850,00

Детали од лет
TK1006 09FEB  SKPIST  2035 0015*/ TK 762 10FEB  ISTDXB  0125 0650

TK 761 15FEB  DXBIST  0250 0645/ TK1003 15FEB  ISTSKP  0810 0745

Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион

(Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање).

Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума) 

Програма на патувањето - авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија.

Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES. 

Ценатае за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ.

Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба

(две полноплатежни суми)

*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 10 ЛИЦА

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

- Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)

- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.

- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса

- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците

- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош на патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)    

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

Важни напомени:

-   За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

           Tимот на Камелија Турс Ви посакува пријатен престој!

 

Програма

1
09-10.02/25
    Полетување од Скопје во 20:35. Слетување во Истанбул во 00:15 часот. Полетување за Дубаи во 01:25 часот на 10.02 и слетување во Дубаи во 06:50. Трансфер до хотел во Дубаи. Пријавување – влез после 14:00ч. Време за одмор и слободни активности. Во вечерните часови можност за организирање на факулатативна екскурзија крстарење по Марината со вклучена вечера.
    ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице
    Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).


2
11.02/25
    ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – 8-12 Pax – 60 ЕУР по лице/ на српски јазик (ако се пријавени под 8 лица тура е индивидуална и е поскапа)
    Попладне започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратко панорамска фотосесија на Atlantis и новиот најскапиот хотел Royal Atlantis. Застануваме за кратка фотосесија кај МАРИНАТА и одиме накај MADINAD SOUK или Мала Венеција – модерен пазар во направена т.н. традиоционална градба на стара арапска куќа, каде има најдобро место за фотографирање на Burj Al Arab. Нашата тура не носи попатно да ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи. Потоа продолжуваме кон Дубаи крикот и го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Остануваме во трговсиот центар, индивидуално, за да ги гледаме вечерта распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Индивидуално враќање во хотелот.
    * напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување
    Burj Khalifa (САМО влезници 60 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 75 евра), за 124 кат.
3
12.02/25
    ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 55 ЕУР по лице
    Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон емиратот Шаржа и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. По краткиот одмор и пауза, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.

4
13.02/25
    ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (7 часа) - 8-12 Pax – 90 ЕУР по лице/ на српски јазик/ БЕЗ ВКЛУЧЕН РУЧЕК (ако се пријавени под 8 лица тура е индивидуална и е поскапа). Излетот Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија. Може да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници. Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Возиме покрај претседателската палата и обалата шеталиштето на АБУ ДАБИ. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace, најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*) – панорамски разглед. Потоа имаме краток стоп пауза во Heritage village. Турата ја завршуваме во YAS ILAND со краток стоп во FERRARI WORLD. !!! НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони покриен глужд (да не е тесно), долги ракави,а за жените е обавезна марама.
    * напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување или затворање на влез на некои објекти заради посети од високи владини делегации
5
14.02/25
    Попладне тура ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN и GLOBAL VILLAGE/ 60 евра по лице (за минимум пријавени 8 лица) . Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Тука се останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модрен панаѓур на Дубаи со штандови од сите земји од светот. Трансфер до хотел (за да го земеме багаж) и го трансфер до аеродором.
6
15.02/25
    Полетување од Дубаи за Истанбул во 02:50 часот. Слетување во Истанбул во 06:45 часот и полетување за Скопје во 08:10 часот. Слетување во Скопје во 07:45 часот.

Цената покрива:

Организација и реализација на патувањето
Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)
4 ноќевања во избраниот хотел / тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
Трансфер аеродром Дубаи – хотел Дубаи – аеродром Дубаи

Цената Не покрива?

  • Влезна виза за Дубаи - 95ЕУР по лице (задолжително за сите лица)
  • Патничко здравствено осигурување
  • ДОПЛАТА ЗА ЕДНОРЕКЕВТНА СОБА ЗА ХОТЕЛ IBIS ONE CENTRAL * - 150 ЕУР (за цел период на престој од 4 ноќи)
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
  • Останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
  • Туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

Pin It on Pinterest