Вила Коулас - Неос Мармарас

Лето 2024 > Грција > Ситонија (ll Крак) > Неос Мармарас > Вила Коулас - Неос Мармарас

Вила Коулас - Неос Мармарас

  ВИЛА KOULASНЕОС МАРМАРАС, ЛЕТО 2024

Ново во нашата понуда...ВилатаKoulas  во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија се наоѓа на извонредна локација-на само 100 метри од плажата „Paradisos“ која е лоцирана на почетокот од градот.

Од центарот на Неос Мармарас е оддалечена помалку од еден километар. Вилата располага со трокреветни студија кои се наоѓаат на првиот спрат и имаат големи тераси со поглед на улица кои се заштитени со тенди.

Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни (решо, мал фрижидер со мини комора и основни садови за готвење и јадење), купатила, телевизори и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената.

Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во студиото. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Студијата се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена.

Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата,

ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Пред вилата има простор каде можете да ги паркирате своите возила.

 

Вила “Koulas” – Неос Мармарас

Смена:

Ноќевања:

1/3 студио

20.05-30.05.2024

10

350€ (21.700)

30.05-09.06.2024

10

450€ (27.900)

09.06-19.06.2024

10

550€ (34.100)

19.06-29.06.2024

10

650€ (40.300)

29.06-09.07-2024

10

700€ (43.400)

09.07-19.07.2024

10

750€ (46.500)

19.07-29.07.2024

10

750€ (46.500)

29.07-08.08.2024

10

750€ (46.500)

08.08-18.08.2024

10

750€ (46.500)

18.08-28.08.2024

10

750€ (46.500)

28.08-07.09.2024

10

650€ (40.300)

07.09-17.09.2024

10

550€ (34.100)

17.09-27.09.2024

10

450€ (27.900)

27.09-01.10.2024

4

150€ (9.300)

 

 

- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз (последната смена е на 4 ноќевања)

- Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

- Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита-Никити-Неос Мармарас

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –50 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евраЦена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра.

Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.

Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство.

Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети.

Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

 

Слични Понуди

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest