Сицилија 8ми Март

> Сицилија 8ми Март

Сицилија 8ми Март

              С  И  Ц  И  Л  И  Ј  А              


СИЦИЛИЈА e  oстров кој има типична медитеранска клима и е познат по своите катедрали, лозја, плажи и неверојатна архитектура.

Операта во Палермо и барокните цркви на УНЕСКО во Ното и Модика се светски познати сицилијански архитектонски знаменитости, заедно со грчките храмови на долината на храмовите лоцирани во Агриџенто...

Од 1860 година, Сицилија е официјален дел од Италија. Прво, островот беше споен со Кралството Сардинија, а подоцна Кралството Сардинија се спои со Кралството Италија.

Од 1946 година, Сицилија е автономен остров во рамките на Италија. 

       Термин 06.03-09.03.2025

  Редовна цена :  530 евра по лице / пакет аранжман                                                                                                                                                                          

ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.01.2025     489 ЕВРА ПО ЛИЦЕ  

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И

 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА КАМЕЛИЈА ТУРС – ТУРОПЕРАТОР 

 

o  Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена

на редоследот на активностите во програмата.

o  Цената на аранжманот е пресметана на минимум 20 лица

o  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или

да ја зголеми цената на аранжманот.

o  2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време

и место на тргнување или патниците

да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање

o  Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа  со нови пасоши и

уплата на аконтација која е неповратна

во случај на отказ од страна на патникот.

o  Аконтацијата се уплака: од 50% од цената. Цената е загарантирана само за целосна уплата.

Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација,

а остатокот е подлежен на промени.

o  Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

o  Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник;

или може во рок од 5 работни дена

по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.

o  Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена

(авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж,

локален водич,факултативите,сместување во објектот).

o  Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети:

Во случај на помал број патници (од предвидените 20 патници

 не се пријават тогаш се зголемува цената  за факултативите)

во зависност од тоа колку ќе се пријават цената на факултативите е подложна на промена на лице место

согласно политиката на локалната Агенција или локалниот водич.

o  Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите.

o  Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и

локалните објекти кои се предвидени за посета

во делот на факултативните екскурзии.

o  Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот

или да направи промена во редослед поради

(непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување,

непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

o  Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

(застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања,

каснење на патници, непочитување

на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата

o  Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со

Лиценца-А членка на СКТМ .членка на ЕТОА

o  Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка

и организација на патувањето со број на полиси

АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717)

и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции.

Побарајте патничко осигурување и договор за патување

Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

o  Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување,

а остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање 

 

 

Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

 

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден / 06.03.2025 Скопје - Софија - Катанија
    Состанок на групата на договореното место во 03:15 часот. Поаѓање за Софија во 03:30 часот. Полетување од Софија за Катанија во 13:45 и слетување во 14:35 часот во Катанија, пречек од страна на нашиот локален водич во Катанија. Се упатуваме кон хотелот, сместување во хотел и во договорено време разглед на градот со неговите културно историски знаменитости по договор со локалниот водич. Овој град под Етна, после бурната историја и земјотресот, обновен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Прошетката продолжува покрaj рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi… Слободно време за уживање и освежување со највкусниот сладолед и сицилијанскиот десерт – Гранита. Враќање во хотел во Катанија. Ноќевање.
2
2 Ден / 08.03.2025 Палермо
    Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Палермо со локален професионален водич. Разглед на градот и неговите културно историски знаменитости. Ќе можете да ја посетите Палатата на Норман, Новата Капија, Катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот,”Quattro Canti”, Црквата Марторана, театрите Политеама и Масимо. Враќање во Катанија. Слободни активности. Ноќевање.
3
3 Ден / 09.03.2025 Сирагуза - Eтна
    Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Сирагуза, со локален професионален водич. Разглед на градот, катедралата, Аполонов храм. По кратка пауза посета на Етна до 1980 метри, кратери Силвестер, каде што можете да уживате во убавините на оваа планина и каде што одалеку ќе може да го видите вулканот Етна. Враќање во Катанија во вечерните часови. Ноќевање.
4
4 Ден / 10.03.2025 Катанија- Taoрмина - Софија
    Појадок. По појадокот слободни активности или рано наутро опционално доколку дозволи времето заминување кон Таормина кадешто ќе можете да ја почувствувате убавината на Сицилија со прекрасен пејсаж и да се напиете сицилијанско кафе. Во договорено време заминување кон аеродромот. Полетување во 15:15 часот. Слетување во Софија 18:05 часот. Автобуски трансфер од Софија до Скопје.

Цената покрива:

Авионски превоз на наведената релација Софија- Катанија - Софија
Сместување во хотел B&B Hotel Catania City Center во Катанија 3 ВВ
Пречек од локален водич во Катанија
Организиран автобуски трансфер: Скопје - Софија – Скопје

Цената Не покрива?

  • • Вленици за културно-историски споменици
  • • Патничко осигурување
  • • Туристичка такса 2 еур (по ноќевање)
  • • Разглед на Палермо со локален водич 55 еур
  • • Разглед на Сирагуза и Етна до... 1980 метри надморска височина со локален водич 60 еур
  • • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
  • • Посета на Таормина 35 евра

Pin It on Pinterest